Македонска асоцијација на психолози и психотерапевти

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Македонска асоцијација на психолози и психотерапевти

Македонска асоцијација на психолози и психотерапевти Македонската асоцијација на психолози и психотерапев?

СТРУМИЦА ТИ БЛАГОДАРИМЕ! Доаѓаме во сабота со уште поголема публика од Скопје! Се гледаме во хотел Сириус!
28/11/2024

СТРУМИЦА ТИ БЛАГОДАРИМЕ!

Доаѓаме во сабота со уште поголема публика од Скопје! Се гледаме во хотел Сириус!

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевти!Колку вредност носиш на работното ме...
21/05/2024

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевти!

Колку вредност носиш на работното место?
Не си платен според тоа колку многу работиш, платен си според тоа колку вредност носиш на времето што го работиш.

Дали си визионер?

Бидете визионери! Гледајте напред на долг рок и работата ќе ви донесе нови вештини и знаења кои може да ги генерирате во нови вредности и да бидете многу повеќе платени!

Дали работиш за знаење или работиш за пари?

Кога работиш за знаење, ти стекнуваш нова вредност и искуство кое ќе ти придонесе многу во иднина!

За пријава за конференцијата, на следниот линк

https://psy.mk/prva-konferencija/?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAaYpazQsdROU_mEEofw46SSljTcwgHiXS9nPEWgJ_ntzDdm__8l-ommn1Oc_aem_ASFoC_JudFesIr_5V2-JgRecnVt2-wgJ_fcVikeH6eeosa5R0kno8acifaYM3J3i92hhRz2NyOXbkIdKAFByBxWK

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевтиВрската со нарцистичен партнер е секо...
21/05/2024

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевти

Врската со нарцистичен партнер е секогаш многу интензивна и возбудлива на почетокот. Страста е пренагласена. Доживувате love-bombibg и имате чувство дека сте ја пронашле сродната душа.Но за кратко време тоа одеднаш се менува во сосема спротивен правец....

Се чувствувате шокирано и најчестото прашање што веднаш си го поставувате е ,,Што згрешив?" ,,Што не е во ред со мене?" Тие две се типични прашања кои се одговор на доживеаната траума и на ролеркостерот од емоции "врв до дно" .

Прашањето за личната вредност е сосема нормално кога сте биле во врска со нарцистичен партнер, бидејќи имате чувство дека љубовта што сте ја дале е предадена и изневерена. Доживувањето е дека вашата љубов не вредела, а сте ја дале искрено.
Но тоа не е вистина. Вистина е дека личноста немала капацитет за љубов и затоа не ја ниту препознава.

За пријава, на следниот линк

https://psy.mk/prva-konferencija/?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAaYpazQsdROU_mEEofw46SSljTcwgHiXS9nPEWgJ_ntzDdm__8l-ommn1Oc_aem_ASFoC_JudFesIr_5V2-JgRecnVt2-wgJ_fcVikeH6eeosa5R0kno8acifaYM3J3i92hhRz2NyOXbkIdKAFByBxWK

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевтиСправувањето со стресот на работно ме...
21/05/2024

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевти

Справувањето со стресот на работно место не е едноставен процес но постојат начини и стратегии кои би помогнале во тој процес.
- Организација на работните задачи и работниот простор
- Навремени паузи и одмори
- Вежби за релаксација
- Физичка активност
- Комуникација и поддршка од колегите и менаџментот
- Баланс меѓу работата и приватниот живот
- Советување или терапија
Справувањето со стравот на работно место не е едноставен процес но постојат начини и стратегии кои би помогнале во тој процес.
Околината, работната атмосфера, работните задачи од работното место, како и карактерот на вработениот се одлучувачки фактор. Не секоја стратегија функционира кај секого. Пронајдете ја вашата за вас и вашите вработени!

За пријава, на следниот линк

https://psy.mk/prva-konferencija/?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAaYpazQsdROU_mEEofw46SSljTcwgHiXS9nPEWgJ_ntzDdm__8l-ommn1Oc_aem_ASFoC_JudFesIr_5V2-JgRecnVt2-wgJ_fcVikeH6eeosa5R0kno8acifaYM3J3i92hhRz2NyOXbkIdKAFByBxWK

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевти Како стилот на врзување влијае на па...
19/05/2024

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевти

Како стилот на врзување влијае на партнерските релации?

Емоционален стил на врзување е односот кој е воспоставен помеѓу примарниот негувател (најчесто мајката) и детето.

Како стилот на врзување всушност влијае врз партнерските релации?

Првата воспоставена емоционална релација го обликува квалитетот и динамиката на партнерските релации во текот на животот.

Сигурното емоционално врзување носи хармонична партнерска релација исполнета со доверба, прифаќање, почитување и разбирање.

Анксиозност стил на врзување резултира со дисфункционални партнерски односи исполнети со сомнеж, страв, недоверба, непочитување на лични граници или дистанцирање од партнерот и емоционалните доживувања.

За пријава на конференцијата на следниот линк

https://psy.mk/prva-konferencija/?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAabEGzIKM5T2i6XqA0YxmoQJigayijdE-Y6coYIpI1f0zSb1wQhWGPOtV2U_aem_AXwmL7TzcB2jz7tOESJIKtr5X58J2CS4Sse3UC7zmsWnWLle_57GUduzQet58QzQ3gMoEbsU2rmaAs2DNDJRFzKh

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевтиДа се биде родител е предизвик, уште ...
18/05/2024

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевти

Да се биде родител е предизвик, уште поголем кога ќе се роди дете со посебни потреби. Во тој миг, сите фантазии исчезнуваат пред реалноста. Траума наместо радост, страв наместо среќа, неизвесност наместо надеж. Еквилибриумот на семејниот систем сериозно е разнишан. Обично, по првичниот шок, неверување и неизбежното прашање „зошто мене ми се случува“, семејството учи да живее со дете, поинакво од другите деца. Но, се случува стравовите, срамот, чувството на вина, дијагнозата „попреченост“ да ја стават во рамките на семејна тајна. А тајната го раздвојува семејството, формира дијади, скриени сојузи, прекинати релации. Го ограничува пристапот кон ресурсите неопходни за надминување на семејниот дисбаланс и враќање на еквилибриумот и хармонијата.
Примарна задача на семејство кое се соочува со ваков предизвик е оддржување на сопствената функционалност во рамките на поширокиот социјален контекст. Современите општествени промени ги менуваат сфаќањата за традиционалните семејни структури. Во низата отстапувања од концептот за нуклеарно семејство – заедница на родители и деца, функционалноста на овој социјален систем се согледува преку негата, социјализацијата и заштитата на вулнерабилните членови. Ревоспоставувањето на семејниот еквилибриум диктира реорганизација на семејните улоги и одговорности, реевалуација на ефективни комуникациски модели, очекувања и бихејвиорални обрасци, со цел оддржување на семејната функционалност и обезбедување адекватна поддршка на чувствителниот член, без нарушување на семејниот баланс. Отворената, недвосмислена и јасна комуникација нуди добра стартна позиција. Секој член на семејството мора да биде препознаен како легитимен и важен. Секоја единка мора да ја осознае сопствената улога во одржувањето на функционалноста на семејниот систем.
Од суштинско значење е когнитивното освестување на општествените структури, со прифаќање на различностите и градење широка мрежа на социјална поддршка. Затоа што семејството, како основна клетка на општеството, не смее да биде маргинализирано, ниту ставено во позиција само да се справува со предизвици кои ги наметнуваат специфичните потреби на нивните деца. А децата се деца. Без оглед дали одговараат на стандардите за типичен развој или се етикетирани како деца со посебни потреби. Општеството вложува напори. За жал, се чини дека решението на проблемот сè уште е далеку.

За пријава за конференцијата на следниот линк
https://psy.mk/prva-konferencija/?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAabrli4WHgPAu0X_bvTJdlZk7ERaxgtWrI3EnM__woWdGLbE-M7edhIf0kA_aem_AUxUVcPoNQ2UUqPwo0gUazZaX6uxDSuGPx2u9gWRY_WHi28nGlz0jnNw77LkmsMvgyWDeQ77LinLymD3afhHsrg8

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевти Аутизмот е  первазивно развојно нару...
18/05/2024

Запознајте ги предавачите на нашата прва конференција на психолози и психотерапевти

Аутизмот е первазивно развојно нарушување кое се карактеризира како дефицит во развојот на социјалните вештини, јазичните вештини, како и различни специфични облици на однесување.
Екранизам или псеудоаутизам е релативно нов поим со кој се означуваат негативните ефекти кои ги има технологијата врз севкупниот развојот на децата. Како што се гледа од самото име – псеудоаутизам - постои можност, особено на првото видување на децата и нивното однесување, овие две состојби да се измешаат. Добрата и навремената процена е од пресудно значење. Зголемување на свесноста на општата популација и на стручните лица за каратеристиките, разликите и сличностите на ове две состојби, оди во прилог на навремено откривање и адекватно третирање на секоја од нив.

За пријава за конференцијата види ТУКА:
https://psy.mk/prva-konferencija/?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAaaeTm10weeSIBWnhm1OfZwgQDC7ZMTmfFPA3mklyaNpWzHgWdLQMRv8CjQ_aem_AU_oPOLv1gE1ER2Pr4Qpn7D_2QjpWNpsQ-pGj_W9Lvt96DRihSjf5BeQewpQRieHVXmo0owDTPQq80i5CdxfYDE0

Се радуваме да ве поканиме на вториот роденден на Македонската асоцијација на психолози и психотерапевти, кој ќе се одрж...
26/04/2024

Се радуваме да ве поканиме на вториот роденден на Македонската асоцијација на психолози и психотерапевти, кој ќе се одржи со нашата ПРВА КОНФЕРЕНЦИЈА!

Датум: 21.05. 2024
Место: Public room

Сумата за учество на слушатели е симболична и изнесува 500 денари.

За повеќе информации види линк:

https://psy.mk/prva-konferencija/

Address

Razlovecko Vostanie
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Македонска асоцијација на психолози и психотерапевти posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Македонска асоцијација на психолози и психотерапевти:

Share

Category