ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија - Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија - Скопје

ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија - Скопје ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија - Скопје/
University Clinic of Psychiatry - Skopje

Во рамки на психо-социотераписките активности на Универзитетска клиника за психијатрија, готвењето не е само кулинарска ...
06/02/2026

Во рамки на психо-социотераписките активности на Универзитетска клиника за психијатрија, готвењето не е само кулинарска вештина, туку терапевтска алатка - начин пациентите активно да учествуваат, да се поврзат и да направат нешто значајно за себе и за останатите. Овојпат, пациентите од дневната болница ни подготвија превкусен колач со вишни!

Станува збор за редовна групна активност на клиниката - го одбираме рецептот, ги купуваме потребните намирници, а потоа нашите пациенти, заедно со тимот од дневната болница, подготвуваат вкусен оброк.

Зошто е важно пациентите да учествуваат во групни активности, како што е во случајов готвењето?

Кога се готви во група, храната станува средство за комуникација. Се делат улоги, се соработува, се разговара, што ја намалува изолацијата и го зголемува чувството на припадност, но и го поттикнува грижливиот однос кон себе и кон останатите. Докажано е и дека готвењето ја намалува анксиозноста и напнатоста, бидејќи вклучува повторливи, структуирани движења кои имаат смирувачки ефект врз нервниот систем.

Им благодариме на пациентите од дневната болница за вкусниот десерт! За нас, грижата за нивното ментално здравје значи создавање простор каде што заедно се гради поддршка и доверба.

05/02/2026
По повод Светскиот ден на борба против ракот, ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија ја нагласува важноста од псих...
04/02/2026

По повод Светскиот ден на борба против ракот, ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија ја нагласува важноста од психолошка и психијатриска поддршка како составен дел од грижата за онколошките пациенти.

Потсетуваме дека ракот не ја погодува само физичката состојба на човекот, туку дијагнозата, третманот и неизвесноста оставаат траги и врз менталното здравје, и кај пациентите и кај нивните семејства.

Во таа насока, ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија е секогаш достапна да обезбеди стручна помош за сите психолошки предизвици кај онколошките пациенти.

Грижата за менталното здравје не е луксуз, туку неопходен дел од целокупниот процес на лекување. Поддршката, разбирањето и навремената стручна помош можат значително да го подобрат квалитетот на животот и капацитетот за справување со болеста.

Нашите психијатри и психолози секогаш се достапни за поддршка, бидејќи никој не треба да остане сам во борбата што ја води!

Нашиот „четириножен колега“ Роџер денеска се покажа како добар и културен гостин во утринската програма на МРТ :)Д-р Мар...
22/01/2026

Нашиот „четириножен колега“ Роџер денеска се покажа како добар и културен гостин во утринската програма на МРТ :)

Д-р Марко Наумовски и д-р Стефанија Митровска од нашата клиника, заедно со новинарката и активистка за заштита на животните, Мери Јордановска говореа за бенефитите од имплементацијата на Animal Assisted Activities (активности поддржани од животни) на ЈЗУ Универзитетската клиника за психијатрија и за позитивните исходи што веќе ги гледаме во практика.

Нашите специјализанти ја раскажаа приказната за Роџер и за неговите активности на клиниката, говореа за светските искуства на оваа тема, со посебен акцент на бенефитите што ги носат активностите поддржани од животни –емоционална поддршка и подобрување на општата психосоцијална благосостојба на пациентите.

Благодарност до МРТ и до Ване Маркоски за поканата и за можноста да говориме на теми со кои се испраќа порака дека менталното здравје заслужува внимание и современи решенија.

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

15/01/2026

Ова е Роџер, најновиот член од нашиот тим на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија. Станува збор за 2,5 годишен „чоколаден“ лабрадор кој го вдомивме неодамна и кој за исклучително кратко време се прилагоди на персоналот и на пациентите – нашиот четириножен „колега“ е обожаван едноставно од сите!

Причините за вдомувањето на Роџер, според директорката на клиниката, проф. д-р Славица Арсова е имплементацијата на Animal Assisted Activities (активности поддржани од животни) - структурирани, но неформализирани активности во кои учествуваат одбрани животни (најчесто кучиња) со цел да обезбедат емоционална поддршка, чувство на смиреност, социјална интеракција и подобрување на општата психосоцијална благосостојба на пациентите.

„Присуството на куче во терапискиот процес создава чувство на сигурност, прифаќање и доверба, што овозможува полесно воспоставување контакт, подобра емоционална регулација и поголема мотивација за вклучување во терапијата. Активностите на Роџер на клиниката вклучуваат средби со пациенти, индивидуално или во рамки на групи, секогаш под придружба и надзор на лица од нашиот стручен тим и се разбира, со согласност од пациентите. Со овој потег, сакаме да го поттикнеме и вдомувањето кучиња, како хуман и одговорен начин да им се даде втора шанса на напуштените животни и да се намали бројот на бездомни животни“, вели проф. д-р Арсова.

За Роџер е обезбеден бокс и куќичка пред влезот на клиниката, тој е под редовна ветеринарна контрола, има уреден здравствен и вакцинален статус и за него се грижат членовите на персоналот, а под надзор и мониторинг постепено се вклучуваат и пациентите, со нивна согласност.

Активностите на Роџер започнуваат во 8 часот наутро во дневната болница, тој нема контакт во деловите од установата каде што има храна или лекови, a неколку пати дневно има долги прошетки со вработените или со пациентите - доброволци од дневната болница.

Лабрадорот е една од најчесто користените раси при активностите поддржани од животни, бидејќи неговите природни карактеристики совршено одговараат на барањата на тераписката средина.

„Лабрадорите се познати по својата смиреност, трпеливост и предвидливо однесување и имаат висока емпатија и социјална интелигенција. Оваа раса интуитивно реагира на човечки емоции, односно препознава тага, страв или анксиозност и природно нуди утеха преку контакт и присуство, без наметнување“, додава директорката на Клиниката за психијатрија.

Дополнително, лабрадорите брзо учат, лесно следат команди и имаат исклучително висока толеранција на физички контакт - прифаќаат допири, галење и близина без да покажат вознемиреност.

Сите овие карактеристики ги има и нашиот Роџер, кој ни донесе многу позитивна енергија на клиниката!

01/01/2026
Нашите идни млади надежни колеги од MMSA Skopje - Macedonian Medical Student's Association (Македонска медицинска студен...
31/12/2025

Нашите идни млади надежни колеги од MMSA Skopje - Macedonian Medical Student's Association (Македонска медицинска студентска асоцијација) на чело со претседателот Христијан Хаџи Ангелковски им приредија вистинско изненадување на нашите најмлади пациенти на Клиниката за психијатрија - им поделија пакетчиња со најискрени желби за подобро здравје, убава и успешна 2026 година и денови полни со насмевки!

Клиниката за психијатрија упатува искрена благодарност до ММСА поради нивниот континуиран ангажман за подигање на свесноста за важноста на менталното здравје, со посебен акцент на младата популација.

Токму ваквата енергија и посветеност на младите ни дава надеж за иднина во која менталното здравје ќе биде третирано со внимание и почит.

26/12/2025

Не постои поголемо задоволство од моментот кога ќе видите насмевки, надеж и искрена радост на лицата на пациентите. Еден таков ден имавме вчера на Клиниката за психијатрија, каде празничната атмосфера ја исполни музиката, емоцијата и човечката блискост.

Со својата енергија и музика, бендот Funk Shui внесе топлина и радост меѓу нашите пациенти. Неизмерна благодарност до Лука Ѓорѓиевски за целата новогодишна магија, до нашата Стефи за нејзините прекрасни стихови и до целиот сплотен тим на Клиниката на чело со проф. д-р Славица Арсова.

Овие моменти нè потсетуваат дека грижата за менталното здравје започнува со емпатија, внимание и човечка топлина - вредности кои продолжуваме да ги негуваме секој ден.

20/03/2025

Во текот на денешниот ден, стручна помош од Клиниката за психијатрија ќе биде достапна на психијатриското одделение при ЈЗУ Општа Болница Кочани.

19/03/2025

Во координација со Министерството за здравство и ЈЗУ Општа Болница Кочани, Клиниката за психијатрија формира мобилен тим од 10 психијатри и 4 психолози во овозможување стручна помош за лицата погодени од трагичниот настан во Кочани.

16/03/2025

Клиниката овозможува телефонска линија за психолошка поддршка на засегнатите од трагичниот настан во Кочани

☎️ 078 378 754

16/03/2025

Длабока тага и сочувство до семејствата на загинатите деца. Клиниката за психијатрија е отворена за психолошка помош на сите засегнати

Address

Belgradska Bb
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија - Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија - Скопје:

Share