Лабораторија Дијагностика Фармахем

Лабораторија Дијагностика Фармахем 🔬 🧪 Приватна специјалистичка Лабораторија Дијагностика Фармахем.

Населба Ѓорче Петров
ул. „Борис Сарафов“ бр. 2/3, Скопје
тел.: 02/ 20 31 905

Населба Аеродром
бул. ,,Јане Сандански“ бр. 65, Скопје
тел.: 02/ 240 33 53

🌍 22 април – Ден на планетата ЗемјаОдржливоста започнува со идеи, но вистинската промена доаѓа кога тие идеи ќе се претв...
22/04/2026

🌍 22 април – Ден на планетата Земја

Одржливоста започнува со идеи, но вистинската промена доаѓа кога тие идеи ќе се претворат во конкретни проекти.

Со гордост споделуваме дека нашите колеги од Фармахем, Борче Коларски и Јана Златкова, се дел од програмата Young Energy Europe, организирана од Македонско-Германското стопанско здружение - МГСЗ (AHK Северна Македонија).

Борче и Јана како “Energy Scouts“ активно работат на сопствена проектна задача и заедно со учесници од други компании тие развиваат решенија насочени кон:
✔️ подобрување на енергетската ефикасност;
✔️ оптимизација на процесите;
✔️ поодржливо користење на ресурсите.

🎯 Целта? Конкретни идеи што можат да се применат во реална работна средина и да донесат вистинска вредност.

💚 Веруваме дека малите чекори водат до големи промени и дека секој придонес значи чекор поблиску до поодржлива иднина.

🌸 Сонце, прошетка, свеж воздух…Наместо да уживате во убавото време започнува кивање, чешање на очи и затнат нос.Пак наст...
17/04/2026

🌸 Сонце, прошетка, свеж воздух…Наместо да уживате во убавото време започнува кивање, чешање на очи и затнат нос.

Пак настинка? Или можеби некоја алергија?

Во пролетните месеци, многумина ги мешаат симптомите на настинка со алергија. А разликата е важна – затоа што решението е различно.🤧

Поленот, прашината и другите инхалаторни алергени можат да бидат причината што вашето тело „реагира“ секој пат кога ќе излезете надвор.

🔬 Дијагностика Фармахем ви овозможува 20% попуст на инхалаторниот панел до крај на месец мај и само со мала количина на крв може да добиете одговор за сензитивноста за 30 алергени.

🔗 На нашата веб страница може да прочитате што се вклучува инхалаторниот панел, а на телефонските броеви 02 2403353 за Аеродром и 02 2031905 за Ѓорче Петров можете да се консултирате со нашиот специјалист: https://bit.ly/3UF0cWw

Благодариме на сите што се обраќате до доктор Владимир Андовски, специјалист по медицинска биохемија!Секој месец споделу...
14/04/2026

Благодариме на сите што се обраќате до доктор Владимир Андовски, специјалист по медицинска биохемија!

Секој месец споделуваме некое прашање и одговорот од докторот – информација што може да биде од корист и за сите вас.

Продолжете и понатаму да ни пишувате во пораки или коментари, но и да се јавувате во нашите лаборатории, секогаш сме тука заедно со докторите специјалисти да ви помогнеме со стручни совети и објаснувања поврзани со лабораториските испитувања. 💙

🩺🌍 „Заедно за здравје. Поддржи ја науката.“Оваа година, СЗО (Светската здравствена организација) ја слави моќта на научн...
07/04/2026

🩺🌍 „Заедно за здравје. Поддржи ја науката.“

Оваа година, СЗО (Светската здравствена организација) ја слави моќта на научната соработка за заштита на здравјето на луѓето, животните, растенијата и планетата.

Благодарение на науката, денес можеме навреме да откриеме, превенираме и следиме многу здравствени состојби. Лабораториските анализи се дел од таа приказна, тие ни даваат точни податоци, сигурност и насоки кои следни чекори треба да се преземат.

Зошто да им верувате на научните докази?
🔬 Се базираат на истражувања и тестирања
📊 Се проверуваат и реплицираат
🎯 Се надградуваат со нови откритија
✅ Спасуваат животи и подобруваат здравје

✨ Затоа што кога стоиме зад науката, стоиме зад сопственото здравје!

Колку време помина од вашата последна лабораториска контрола?Дури и кога се чувствуваме добро, телото може тивко да испр...
27/03/2026

Колку време помина од вашата последна лабораториска контрола?

Дури и кога се чувствуваме добро, телото може тивко да испраќа сигнали. Многу состојби како нарушен шеќер, покачени масти или хормонален дисбаланс може да се откријат само преку лабораториски анализи.
✔️ Комплетна крвна слика
✔️ Гликемија
✔️ Липиден профил
✔️ Имунолошки статус

Лабораториско испитување еднаш годишно е минимум што можете да направите за вашето здравје.

✨ Превенцијата не започнува кога има проблем – туку пред тоа.

🏠Кога здравјето бара внимание, а времето или состојбата не дозволуваат посета во лабораторија – ние доаѓаме кај вас.Дија...
18/03/2026

🏠Кога здравјето бара внимание, а времето или состојбата не дозволуваат посета во лабораторија – ние доаѓаме кај вас.

Дијагностика Фармахем нуди услуга за домашна посета со земање материјал, брзо, безбедно и стручно, во удобноста на вашиот дом.

Оваа услуга е особено погодна за:
✔️ повозрасни лица
✔️ лица со намалена подвижност
✔️ хронично болни пациенти
✔️ родители со мали деца

💙 Истата професионалност, истите стандарди, истата сигурност, само без да излегувате од дома.

Благодариме на сите што се обраќате до доктор Владимир Андовски, специјалист по медицинска биохемија!Секој месец споделу...
11/03/2026

Благодариме на сите што се обраќате до доктор Владимир Андовски, специјалист по медицинска биохемија!

Секој месец споделуваме некое прашање и одговорот од докторот – информација што може да ви биде од корист и на сите вас.

Продолжете и понатаму да ни пишувате во пораки или коментари, но и да се јавувате во нашите лаборатории, секогаш сме тука заедно со докторите специјалисти да ви помогнеме со стручни совети и објаснувања поврзани со лабораториските испитувања. 💙

🌸 Март – месец посветен на жената и нејзиното здравје.Витаминот D и калциумот играат клучна улога во здравјето на коскит...
06/03/2026

🌸 Март – месец посветен на жената и нејзиното здравје.

Витаминот D и калциумот играат клучна улога во здравјето на коските, имунитетот, енергијата и хормоналниот баланс. Недостатокот може да се манифестира со замор, болки во коски и мускули, намален имунитет и чести инфекции.

💗 До крајот на месец март, во лабораториите на Дијагностика Фармахем, сите припаднички на понежниот пол можат да направат испитување со 20% попуст на:

🧪 Витамин D
🧪 Вкупен калциум

📖 Прочитајте повеќе за симптомите на недостаток на витамин D тука: https://bit.ly/3PxsBeJ

🔥🌍 Пожарите не го менуваат само пределот – тие влијаат и на нашето здравје.Пожарите се сè почести во регионот и носат се...
26/02/2026

🔥🌍 Пожарите не го менуваат само пределот – тие влијаат и на нашето здравје.

Пожарите се сè почести во регионот и носат сериозни последици по квалитетот на воздухот, здравјето на луѓето и безбедноста на заедниците. Изложеноста на чад и ситни честички може да предизвика респираторни и кардиоваскуларни проблеми, особено кај ранливите групи.

Во блог текстот на Програмата за управување со пожари на ниво на предел во Западен Балкан (LFMWB), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координирана од Фармахем, прочитајте повеќе за тоа како пожарите влијаат врз здравјето, кои се најчестите ризици и зошто е важно управувањето со пожарите да се гледа како прашање на јавно здравје, а не само на заштита на природата.

👉 Прочитајте го целиот текст тука:
https://lfmwb.net/2025/12/26/landscape-fires-and-health

Landscape Fire Management in the Western Balkans Embassy of Switzerland in North Macedonia

Landscape fires – including wildfires, landscape fires, forest fires, and grassland fires – are becoming more frequent, intense, and unpredictable as a result of climate change, unsustainable land-use practices, and human activities. While fire is a natural ecological process that helps some eco...

ОТВОРЕНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ФАРМАЦЕВТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ЛЕКОВИ И МЕДИЦИНСКИ СРЕДСТВАФармахем, една од водечките компании...
16/02/2026

ОТВОРЕНА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ФАРМАЦЕВТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ЛЕКОВИ И МЕДИЦИНСКИ СРЕДСТВА

Фармахем, една од водечките компании во областа на фармацијата, дијагностиката и лабораториската опрема во Македонија, го проширува својот тим.

🔹 Што може да очекуваш?
✔ Конкурентна плата
✔ Полно работно време (8–16 ч, пон–пет)
✔ Континуирана едукација и професионален развој
✔ Стабилна и професионална работна средина

🔹 Твоите задачи ќе вклучуваат:
• Регистрација и варијации на лекови
• Нотификација и документација за медицински средства и IVD
• Активности поврзани со фармако- и материовигиланца
• Комуникација со МАЛМЕД и релевантни институции
• Соработка со производители и принципали

📍 Локација: Скопје
📩 Аплицирај денес! https://tinyurl.com/476xnj3x

💞 Во малите секојдневни гестови, во вниманието и поддршката, љубовта ја покажува својата вистинска сила. Да се грижиш за...
14/02/2026

💞 Во малите секојдневни гестови, во вниманието и поддршката, љубовта ја покажува својата вистинска сила. Да се грижиш за некого значи да сакаш да биде добро – денес, утре и во сите денови што доаѓаат.

💗 Овој Валентајн, покрај убавите зборови и мали гестови, подарете нешто што има вистинска вредност – грижа за здравјето. Затоа одлучивме љубовта да ја споделиме и ние.

🎁 Подаруваме 3 пакети испитувања на основни лабораториски параметри, кои можете да ги искористите за себе или да ги подарите на саканата личност.

👉 Како да учествувате? Само оставете коментар со ваше име и презиме, а добитниците ќе бидат избрани по случаен избор на 20 февруари.

Address

4ti Juli 2/3
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Thursday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30
Saturday 08:00 - 13:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Лабораторија Дијагностика Фармахем posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Лабораторија Дијагностика Фармахем:

Share

Category