07/11/2025
💭 Дали знаеше дека начинот на кој се будиш наутро и првите мисли кои доаѓаат во твојата глава во првите моменти по будењето имаат моќ да го дефинираат квалитетот на твојот ден?
Во психологијата овон феномен се истражува уште од 1994 година ,а последните истражувања укажуваат дека ако првите мисли се самокритични, катастрофични или преплавени со грижи, тие ја зголемуваат активноста во амигдалата и хипоталамусот, што води кон повисок кортизол и хроничен стрес.
Според Thomsen et al. (2011), луѓето кои имаат навика на утринско премислување (rumination) при будење имаат понизок дневен афект, потешкотии во концентрацијата и поголема веројатност да проценат дека денот бил „лош“.
Овој ефект се објаснува преку когнитивна пристрасност: кога умот наутро бара опасности, тој има тенденција да ги „види“ и низ остатокот од денот. 🧩
#менталноздравје #психотерапија #психологија #личенразвој #СебеЉубов #СебеСложувалка #грижазасебеси