Kensho.mk

Kensho.mk Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Kensho.mk, Yoga studio, Nikola Rusinski 21, Skopje.

Mindfulness experience, balance your life, balance your mind, breath, be active, practice with us Yoga, Pilates, Total body fitness, enjoy in Jumeiho therapy and a lot of more experiences ��

“New Year Recap” со Нике /  🫶Иако крајот на годината е и период на празниците (и храна 😝), искрено, ова е еден од најдоб...
27/12/2025

“New Year Recap” со Нике / 🫶

Иако крајот на годината е и период на празниците (и храна 😝), искрено, ова е еден од најдобрите периоди за јога. Телото бара движење, умот бара мир, а јогата секогаш е тука. Затоа не застанувајте – keep doing it.

Оваа година за мене беше навистина интересна. Година на учење, слушање на телото, паѓање и станување, тишина и многу здив. Јогата уште еднаш ме потсети дека ништо не треба да се форсира, се си доаѓа кога ќе се диши…

А следната година?
Јас дефинитивно ќе продолжам да ви велам:
„вдиши…издиши…“
„вдиши…издиши…“
„вдиши…издиши…“ 😄
(500 пати ма час )
Бидејќи, според мене, здивот е најважниот дел од праксата. Без здив нема движење, нема фокус, нема присуство.

Благодарна сум за сите вас, за секоја пракса, за секој момент на свесност што го споделивме заедно. Се гледаме на простирката, со повеќе здив, помалку брзање повеќе насмевки. 🙏

24/12/2025

Драги наши вежбачи, на 2 јануари, во Кеншо, со Доротеа, ве покануваме да бидете дел од заеднички отворен час на 108 поздрави на сонцето, каде што заедно ќе ја започнеме Новата Година со една нова прочистена енергија.

📢 Местата се ограничени (веќе дел се пополнети).
💌 Пријави се во порака.
❕Учеството може да биде со физичко присуство во Кеншо
или онлајн 👉 Пријави се!

👇
108 Поздрави на Сонцето се традиционален јогиски ритуал што се практикува при нови почетоци и периоди на трансформација. Бројот 108 симболизира целост и поврзаност, а самата практика претставува медитација во движење.
Преку свесен здив и повторувачко движење, се создава внатрешна топлина, се чисти умот и се зајакнува врската помеѓу телото, здивот и намерата. Овој ритуал носи сила, издржливост и фокус, но и простор за ослободување од старото и отворање кон новото.

Се гледаме на простирки /
2 Јануари / 10:00 🙏🤍

“New Year Recap” со Доротеа /   2025 ја заокружуваме заедно.Со многу повторувања, со денови кога телото беше лесно и со ...
23/12/2025

“New Year Recap” со Доротеа /

2025 ја заокружуваме заедно.
Со многу повторувања, со денови кога телото беше лесно и со денови кога бараше повеќе трпение. Низ истиот ритам, истите асани, истиот здив, но секој со своја лична приказна.

За мене, аштанга јога е систем што нè учи да останеме присутни во процесот. Преку дисциплината и уџаи здивот, постепено градевме стабилност, фокус и поголемо разбирање за сопственото тело. Не како перформанс, туку како искуство што се продлабочува со време.

Оваа година растевме заедно. Во концентрацијата, во трпението, во свесноста. Напредокот не беше секогаш видлив однадвор, но беше почувствуван одвнатре и токму тоа е највредното.

Во 2026 продолжуваме со иста посветеност, но со уште повеќе доверба во процесот. Без брзање, без споредување. Со отворен ум и почит кон сопствениот ритам.

Ви благодарам што ја делите оваа пракса со мене.
Продолжуваме љубопитно со нашата аштанга јога пракса и во 2026.
🤍

20/12/2025

За сите оние кои сакаат да постигнат сериозни резултати, вежбај функционален пилатес со која е тука да те мотивира, да ти даде енергија и да го напрви твојот тренинг најдобар досега🤸‍♂️
⏱️🗓️ Вто и чет / 18:00
📍Кеншо-Водно
💌 Пријави се!

Петок, утрово се инспириравме од еден непосреден разговор и наша заедничка пракса со нашата учителка  со која  што разго...
19/12/2025

Петок, утрово се инспириравме од еден непосреден разговор и наша заедничка пракса со нашата учителка со која што разговаравме за употреба на јога дриловите како дел од нашата јога пракса.
Дали јога дриловите, односно повторувањата, носат поголем напредок во физичката асана?

Ние сметаме, да! Затоа што тие создаваат невромускулна свесност и подобра моторна контрола.
Преку структурирано повторување, телото учи како правилно да активира одредени мускулни групи, без компензации.
Чекор по чекор, од положба во положба, повторувањето не е механичко, туку средство за подлабока телесна интелигенција и побезбедна, пофункционална асана.

Што сметате вие? Напишете винкоментар, споделете 💌

“New Year Recap” со Елена 👇“Оваа година за мене беше потсетник колку длабоко јогата може да го промени животот кај сите....
17/12/2025

“New Year Recap” со Елена 👇

“Оваа година за мене беше потсетник колку длабоко јогата може да го промени животот кај сите.
Преку праксата повторно видов колку таа може да помигне, практикантите да се освестат за своето дишење, движење и да се конеткираат со себе.

Фокусот кај сите стана појасен, умот помирен, а погледот кон животот поширок и поразбирлив.
Најмногу од сè, чувствувам благодарност.

Со влезот во Новата Година, мојата намера останува иста:
да продолжам да ја споделувам јогата со искреност и посветеност,
за секој што ќе застане на простирка да може да го почувствува она највредното поврзаност, присутност и внатрешен мир”.

Затоа продолжуваме со ист ртиам на нашите просторки секој вторник и четврток од 07:45 / Кеншо К3
🫶🧘‍♀️

Подготвени за неделата што следи ✨Кон крајот на годината, кај сите дисциплината за вежбање малку попушта , повеќе настан...
14/12/2025

Подготвени за неделата што следи ✨

Кон крајот на годината, кај сите дисциплината за вежбање малку попушта , повеќе настани, прослави, патувања, промени во ритамот. И тоа е сосема во ред.

Но секогаш можеш покрај себе да понесеш еден јога “мат” (простирка).
Наутро, дури и кратко, да ја направиш својата рутина.
Да се поврзеш со здивот, да го раздвижиш телото и да си дадеш простор за себе.

Не се работи за совршенство, туку за континуитет.
Да најдеш баланс и да не направиш голема пауза поради празниците.
Мал чекор, свесно движење, за кои телото и умот ќе ти бидат благодарни. 🧘‍♀️

12/12/2025

Често на почеток практикантите прашуваат: „Што се јога банди? Како да ги почувствувам? Што се случува со нив?“
Теоретски можеме да објасниме, но вистинското разбирање доаѓа со редовна пракса. Постепено, свесно, со дисциплина и тогаш сами ги препознавате сите слоеви.

Бандите носат физичка сила, но нивната суштина е подлабока:
да ја освестиме и разбудиме внатрешната животна енергија што сите ја носиме во себе. ✨

08/12/2025

Со денес повторно бевме активни на јога простотката. Претходно физички активна, но после кратка пауза сака да се врати со нешто што ќе ѝ помогне да ја почувствува силата, стабилноста & бакансот истовремено.

Секој од нас има асани што на почеток изгледаат едноставни, а всушност не се и бараат фокус, здив и трпение. И токму низ тие мали чекори се гради целата пракса.

Затоа е важно да те води некој што ќе ти го објасни велиот процес & ќе те охрабри да напредуваш без брзање и без притисок.

👉 Повери ги нашите распореди:
📍Кеншо Водно
📍Кеншо К3
📩 Резеевирјжај си место 🤍
🔗 Link in bio: http:/kensho.mk

30/11/2025

Да го заокружиме ноември со благодарност, за тоа што го правиме за себе, за сите мали моменти, добрите намери, грижата, присутноста на јога простирките. 🧘‍♀️
Декември нека ни донесе малку повеќе јасност, мир и сила таму каде што ни треба за да ја заокружиме и оваа година како што треба ✨

Address

Nikola Rusinski 21
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Kensho.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category