Genea Labоratorija - Генеа Лабораторија

Genea Labоratorija - Генеа Лабораторија ✔️ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА
✔️МОЛЕКУЛАРНА ЛАБОРATOРИЈА
✔️ЗАСТАПНИК НА CENTOGENE И SWISS STEM CELL

Како дијагностичка биохемиска лабораторија и партнер на Centogene Германија, со почетоци како дел од Поликлиника Ложанковски, Генеа лабораторија постои веќе 6та година работејќи во служба на обезбедување врвни здравствени услуги во областа на хематолошки, биохемиски, имунолошки и микробиолошки анализи, според врвни сертифицирани стандарди, протоколи и трендови од модерната медицина.

Нашиот главен

фокус е здравјето и благосостојбата на нашите пациенти, стремејќи се пациентите да добијат целосна и најдобра услуга на едно место, низ непосреден, професионален и персонализиран пристап.

Инвестираме во врвна опрема и искусен кадар, со цел максимална ефикасност и прецизност во анализите и систем на неколкукратна контрола, со персонализиран пристап и овозможување на максимално задоволство и безбедност.

Во рамки на партнерството со Centogene, лидер на пазарот во генетски испитувања, Генеа овозможува олеснет пристап до целосниот спектар на методи, тегнологии и анализи на човечката генетика.

Како дел од нашите услуги нудиме индивидуални и групни PCR тестирања, со опција за издавање на сертификати за патувања и други намени, водејќи се според светски стандарди и протоколи.

На располагање имаме и мобилен тим кој оперира низ територијата на Скопје и е на повик за спроведување на групни тестирања на барање на нашите клиенти.
Грижата за здравјето на нашите пациенти е на прво место. Кон поздрав свет преку иновативност и креирање на релации на доверба, сигурност и трајни вредности.

🔊Последни денови од априлските промоции !Грижата за здравјето бара навремена и прецизна дијагностика.Искористете ги спец...
28/04/2026

🔊Последни денови од априлските промоции !
Грижата за здравјето бара навремена и прецизна дијагностика.
Искористете ги специјалните промоции, достапни до крајот на месецот:

🤧 Имуно-алерго испитување (30 алергени х 3 различни панели) – 2.000 ден.по панел;
🌸 Испитување на Анти-Mullerian хормон (AMH) за проценка на оваријалните резерви – 3.200 ден.;
🩸 Пакет испитување на анемија (трансферин, феритин, TIBC и Б12) – 2.000 ден.

Овие испитувања овозможуваат навремена проценка и прецизна насока за понатамошна грижа за здравјето.
📞 Повеќе информации: 02 3220 505 | 078 26 22 20.

🤍 Со посветеност кон идните родители и визија за современа медицина, Генеа неодамна отвори ново поглавје во пренаталната...
24/04/2026

🤍 Со посветеност кон идните родители и визија за современа медицина, Генеа неодамна отвори ново поглавје во пренаталната дијагностика – во партнерство со Eurofins Pränatal Medizin, еден од водечките пренатални центри во Германија.
✨ За првпат на нашиот пазар, достапен е PraenaTest® – напреден, неинвазивен пренатален скрининг (NIPT) кој носи сигурност, доверба и мир уште од најраните моменти на бременоста. Ова е првиот европски NIPT тест, изграден врз највисоки германски стандарди и доверен од илјадници семејства ширум светот.

🔍 Зошто PraenaTest®?
– Над 99% точност, со анализа и стручно толкување во Германија
– Врвна дијагностика под брендот Eurofins Clinical Diagnostics
– Безбеден за мајката и бебето, без инвазивни процедури
– Комбинација од иновација, експертиза и бескомпромисен квалитет

✔️ Можност за плаќање на рати со 0% камата и без дополнителни трошоци
✔️ Брза и едноставна процедура.
📞 Повеќе информации и консултации: 02 322 05 05 | 075 337 224.
🌐 Повеќе на: genea.mk/centogene/praena/
Генеа – кога довербата и науката одат рака под рака.

🌸 Пролет = сонце, енергија… но и кивање?🤧Со доаѓањето на пролетта, телото често испраќа збунувачки сигнали – дали е наст...
20/04/2026

🌸 Пролет = сонце, енергија… но и кивање?
🤧Со доаѓањето на пролетта, телото често испраќа збунувачки сигнали – дали е настинка, вирус… или алергија?
Иако симптомите можат да изгледаат слично, разликата е клучна за правилен третман.

👉 Како да препознаете?
✔️ Кивање, чешање на очи и нос, воден секрет , осип→ алергија
✔️ Температура, болки во мускули, замор → вирусна или бактериска инфекција
Но, не секогаш е толку едноставно – токму затоа е важна точната дијагностика.

🔬 Во Генеа лабораторија ви препорачуваме навремена проверка доколку симптомите траат или се влошуваат:
• Крвна слика + CRP – за основна проценка
• Крвна слика + CRP + брис од нос и грло – за подетална анализа
• Имунолошко алерго-испитување на различни алергени (респираторен, педијатриски и нутритивен панел), во моментов на промоција.

💡 Што треба да знаете?
• Не започнувајте терапија на своја рака
• Антибиотици пред тестирање може да дадат неточни резултати
• Почекајте 2–3 дена од првите симптоми за лабораториски анализи
• Информирајте го лабораторискиот персонал за евентуална терапија.

🌿 Мал совет за пролетните денови:
Редовно проветрувајте, избегнувајте изложеност на полен во пик часови и внесувајте повеќе течности – телото ќе ви биде благодарно.
📍 Раната и точна дијагноза = побрзо олеснување и правилен третман.
📞 Повеќе информации и консултации: 02 3220 505 | 078 26 22 20

🌿 Што навистина ти кажува твоето тело за твојата плодност?Не е прашање на претпоставка – туку на прецизна дијагностика.🧬...
15/04/2026

🌿 Што навистина ти кажува твоето тело за твојата плодност?
Не е прашање на претпоставка – туку на прецизна дијагностика.
🧬 Anti-Müllerian хормонот (AMH) е еден од најпрецизните показатели за тоа колку „репродуктивно време“ има женското тело. Тој не го мери само моменталниот статус, туку дава реална слика за оваријалната резерва – бројот на преостанати јајце-клетки.

💡 Зошто AMH е важен?
✔️ Помага да се процени репродуктивниот потенцијал
✔️ Дава увид во индивидуалното темпо на намалување на плодноста
✔️ Се користи во планирање на бременост – природно или со IVF
✔️ Претставува корисен индикатор при сомнеж за полицистични јајници или приближување кон менопауза

⏱ Добрата вест?
AMH тестот не зависи од денот на циклусот и може да се направи во било кој момент – едноставно, брзо и информативно.
👩‍⚕️ Најсилната вредност на овој тест е во персонализираниот пристап – затоа што секое тело има своја приказна, свој ритам и свои репродуктивни можности.

📍 Во Генеа, испитувањето на AMH овој месец е достапно по промотивна цена од 3.200 ден.
📞 За повеќе информации и консултации:
078 26 22 20 | 02 3 220 505

Честит Велигден🐣Ви посакуваме топли празнични денови, исполнети со љубов и спокој во домот.Здравјето и среќата  нека бид...
12/04/2026

Честит Велигден🐣
Ви посакуваме топли празнични денови, исполнети со љубов и спокој во домот.
Здравјето и среќата нека бидат ваши постојани придружници🍀

Со почит, ваша Генеа!

📌Известување за работно време❗️За сите информации и консултации, нашиот тим е достапен на ☎️078 26 22 20 и 023 220 505. ...
11/04/2026

📌Известување за работно време❗️
За сите информации и консултации, нашиот тим е достапен на ☎️078 26 22 20 и 023 220 505.
Секогаш во служба на вашето здравје🍀

🌸 Со доаѓањето на пролетта започнува и сезоната на алергии!🤧 Ова е период кога многумина се соочуваат со непријатни симп...
06/04/2026

🌸 Со доаѓањето на пролетта започнува и сезоната на алергии!
🤧 Ова е период кога многумина се соочуваат со непријатни симптоми предизвикани од различни алергени во околината.

🧬 Алергиите претставуваат комплексен имунолошки одговор на организмот – сигнал дека телото реагира на супстанции со кои сме биле во контакт, како полен, прашина, храна или други надворешни фактори.

✔Токму затоа, точната и навремена дијагностика е од клучно значење.
✔Соодветната терапија, заедно со прилагодување на животниот стил и секојдневните навики, може значително да ги намали симптомите и да го подобри квалитетот на живот.

📖 Дознајте повеќе за тоа зошто се јавуваат алергиите, кои типови на алерготестови постојат и кога е најдобро време да се направат.
➡Во Генеа се изведуваат сите видови на имунолошки испитувања со најсовремени методологии и опрема, овозможувајќи брза, сигурна и прецизна дијагноза.
✅Во моментов се актуелни и промотивни цени за испитување по панел (респираторен, педијатриски и нутритивен) во износ од 2.000 денари.

👉 Прочитајте повеќе на https://genea.mk/што-се-алергии-2/

🌿АПРИЛСКИ ПРОМОЦИИ – Пролетта е време за нови почетоци и за грижа за вашето здравје🌿🤧 Алергии + пролет = навистина магич...
02/04/2026

🌿АПРИЛСКИ ПРОМОЦИИ – Пролетта е време за нови почетоци и за грижа за вашето здравје🌿

🤧 Алергии + пролет = навистина магична комбинација и предизвик
Алергијата може да се манифестира со обично солзење, кивање, чешање и осип на кожата, па сè до посериозни заболувања и компликации, како што се астма и други кожни, респираторни и гастроинтестинални заболувања.
Доколку се сомневате на можна алергиска реакција, направете имуно-алерго испитување на 30 различни алергени (респираторен, педијатриски и нутритивен):
✅Промотивна цена на секој панел поединечно: 2.000 ден.

🌸 Анти-Mullerian хормон (AMH) - еден од клучните параметри за проценка на оваријалните резерви и одредување на репродуктивниот потенцијал кај жената, како и за проценка на статусот на менопауза и скрининг за полицистични јајници.
Мерењето на AMH се препорачува и во процесите на вештачко оплодување, за одбирање на најсоодветна терапија.
✔Примерок од крв може да се земе во било кој период од денот, дури и ако пациентката прима хормонална терапија.
✅Испитувањето на AMH месецов е достапно по промотивна цена од 3.200 ден.

🩸Кога станува збор за утврдување на железо-дефицитарна анемија и точните нивоа на железо во организмот, феритинот како крвен протеин е главен параметар и индикатор.
Со проценка на нивоата на феритин, во комбинација со параметрите TIBC, трансферин и B12 во организмот, се дава прецизна слика и точни препораки за лечење.
✅Овој месец достапен е пакет за испитување на анемија, со вклучен трансферин, феритин, TIBC и Б12 по промотивна цена од 2.000 ден.

📞 Повеќе информации и консултации на: 023 220 505 или 078 26 22 20

📢Важно известување за сите наши пациенти, околу процедурата пред земање на примерок за спермограм анализа.✅Здравјето и б...
31/03/2026

📢Важно известување за сите наши пациенти, околу процедурата пред земање на примерок за спермограм анализа.
✅Здравјето и безбедноста се секогаш наш приоритет!

❗ Што ви кажува телото пред да се појави дијабетес?⚠️ Инсулинската резистенција често се развива тивко – без јасни симпт...
23/03/2026

❗ Што ви кажува телото пред да се појави дијабетес?
⚠️ Инсулинската резистенција често се развива тивко – без јасни симптоми, но со сериозни последици ако не се открие навреме.

✅ HOMA-IR индексот е едноставна, но многу прецизна лабораториска метода која го мери односот помеѓу гликозата и инсулинот наутро на гладно.
Овој параметар овозможува рано откривање на нарушен метаболизам, дури и кај лица кои се чувствуваат сосема здраво. Со висока точност, HOMA-IR може да укаже на ризик пред да се појават преддијабетес или дијабетес.

📌 Се препорачува кај:
• лица со зголемена телесна тежина, особено со маснотии во пределот на стомакот;
• лица со фамилијарна историја на дијабетес;
• жени со полицистични јајници (PCOS);
• лица со покачен шеќер или гранични вредности;
• лица со висок крвен притисок или нарушени масти во крвта;
• лица со замастен црн дроб;
• лица со хроничен замор, глад за благо или нагли падови на енергија.

📌 Особено е корисна:
• како скрининг кај навидум здрави лица;
• при планирање на бременост или во тек на бременост;
• кај лица изложени на хроничен стрес и недоволен сон;
• како контрола кај веќе дијагностицирана инсулинска резистенција.

⏰ Кога да се направи?
– наутро, на гладно
– како дел од редовен превентивен преглед
– кога има симптоми што упатуваат на хормонален или метаболен дисбаланс

💡 Инсулинската резистенција може да се контролира – со правилна исхрана, редовна физичка активност, квалитетен сон и намалување на стресот. Раното откривање значи поголема контрола и превенција.

➡️ Овој месец, анализата е достапна по промотивна цена од 900 ден.

Честит Бајрам на сите припадници на исламската вероисповед!Тимот на Генеа ви посакува радост, спокој и убави моменти со ...
20/03/2026

Честит Бајрам на сите припадници на исламската вероисповед!
Тимот на Генеа ви посакува радост, спокој и убави моменти со вашите најблиски, исполнети со благосостојба и заедништво🙏

🧬 Интолеранцијата на храна е состојба кога имунолошкиот систем создава одбранбена реакција во организмот при внес на одр...
16/03/2026

🧬 Интолеранцијата на храна е состојба кога имунолошкиот систем создава одбранбена реакција во организмот при внес на одредени намирници.
❗ Најчести симптоми се болки во абдоменот, грчеви, гадење, повраќање, гастритис, дијареа, но и други нетипични знаци како замор, главоболка, болки во зглобовите, осип на кожата и слично.
❗ Кај луѓето кои страдаат од интолеранција на храна, се попречува целосното варење на храната и доколку не се дијагностицираат и третираат навремено причинителите, истата може да води кон постепено труење на организмот и други полесни или потешки форми на воспаленија,
🧪 Затоа е неопходно да се направат низа тестови за да се добие вистинската дијагноза и навремена терапија.

✅Во Генеа Лабораторија е достапно имунолошко тестирање и панел за испитување на интолеранција на 108 типови на храна, по специјална промотивна цена за месец март од 7.700 ден.
💳 Можност за плаќање на рати, со 0% камата и трошоци.
💯 Лесна, брза и едноставна постапка, при самото доаѓање кај нас во лабораторија.
📞 Повеќе информации и консултации на 023 22 05 05 и 078 26 22 20.

Address

MK, Mito Hadzivasilev Jasmin Street 43
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 20:00
Tuesday 07:30 - 20:00
Wednesday 07:30 - 20:00
Thursday 07:30 - 20:00
Friday 07:30 - 20:00
Saturday 07:30 - 13:30

Telephone

+38978262220

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Genea Labоratorija - Генеа Лабораторија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Genea Labоratorija - Генеа Лабораторија:

Share

Category

За Нас

ЛАБОРАТОРИЈА ГЕНЕА е производ на долгогодишно искуство во лабораториската практика, потребите на пациентите и докторите, визијата да поставиме нов пример за стандардите на квалитет и доверба се со цел да ја донесеме лабораториската медицина поблиску до точната и навремена дијагностика. Довербата што ни ја даваат пациентите проткаена со нашата немилосрдна посветеност нѐ насочуваат континуирано да ги развиваме хематолошките, биохемиските и имунолошките анализи, но и да се развиеме во уште едно ново поле – молекуларното тестирање. Живееме во уникатно време каде иднината е денес, затоа и генетските тестирања ги доближуваме поблиску преку светски познатата генетска компанија CENTOGENE (www.centogene.com).