31/03/2026
Тестостерон терапија и фертилитет – внимателно ⚠️
Во последно време, сè
повеќе мажи се одлучуваат за тестостерон терапија – поради замор, намалена енергија, либидо или подобрување на физичкиот изглед.
Но, она што ретко се знае е дека егзогениот тестостерон може директно да влијае врз фертилитетот.
📉 Кога телото добива тестостерон „однадвор“, мозокот испраќа сигнал дека нема потреба од сопствено производство.
➡️ Ова доведува до намалување на природниот тестостерон
➡️ И уште поважно – се намалува или дури запира продукцијата на сперматозоиди.
❗ Кај некои мажи, оваа состојба може да биде привремена, но кај други – закрепнувањето може да трае со месеци, па и години.
👉 Затоа, ако планирате потомство:
НЕ започнувајте терапија на своја рака,
консултирајте се со стручно лице (ендокринолог/уролог),
направете хормонален и спермален статус пред било каква интервенција.
💡 Во многу случаи, постојат алтернативни пристапи кои го стимулираат сопственото производство на тестостерон, без да го нарушат фертилитетот.
✨ Фертилитетот не е само бројка – тоа е одраз на целокупното метаболно и хормонално здравје.
Доколку ти или некој твој близок се соочува со ваков проблем, зачувај или сподели го постот.
А за закажување на термин пиши ми во порака.
Се што се почнува на време - раѓа плод.
-
-
-
#хормони #навики #здравје