13/10/2025
Кои се разликите меѓу CIN1, CIN2 и CIN3, и каква е поврзаноста со ХПВ вирусот и карциномот на грлото на матката.
---
🔬 Што е ЦИН (CIN)?
ЦИН е скратеница за цервикална интраепителијална неоплазија — состојба при која се јавуваат абнормални (диспластични) клетки на површината на грлото на матката.
Врз основа на тоа колку длабоко се зафатени слоевите на слузницата, се разликуваат три степени:
CIN 1: зафатена е приближно 1/3 од дебелината на слузницата.
CIN 2: атипичните клетки зафаќаат до половина од слузницата.
CIN 3: промените зафаќаат две третини или повеќе од дебелината на слузницата.
Важно ❗️
Овие промени не се карцином, туку предкарциномски состојби кои, ако не се следат и третираат, можат со тек на време да преминат во карцином на грлото на матката.
---
🧬 Која е причината за ЦИН?
Главната причина е инфекцијата со ХПВ (хуман папилома вирус).
Постојат над 100 типови на ХПВ – некои се нискоризични (предизвикуваат кондиломи и ЦИН1), а други високоризични (типови 16, 18, 31, 33 итн.) кои се поврзани со потешки промени — CIN 2, CIN 3, па дури и карцином.
Инфекцијата со ХПВ е многу честа — скоро секоја сексуално активна личност ќе дојде во контакт со вирусот барем еднаш во животот.
Во повеќето случаи, имуниот систем сам го елиминира вирусот, но ако инфекцијата перзистира, може да доведе до диспластични промени на клетките, односно до ЦИН.
---
Што покажува ПАП тестот:
Нормалниот резултат ќе биде означен како NILM или бенигни клеточни промени.
Диспластичните промени можат да бидат од лесен степен и тие тогаш ќе бидат означени како CIN1 или LSIL.
Може да има диспластични промени од поголем степен, во тој случај на ПАП тестот ќе биде означено HSIL или CIN2 - диспластични промени од среден или CIN3 - диспластични промени од тежок степен.
• Доколку со ПАП тестот се утврдат диспластични промени од поголем степен (HSIL) како што се ЦИН2 или ЦИНЗ, тогаш гинекологот треба да изврши биопсија и ендоцервикална киретажа.
🩺 Клучна порака:
✅ Редовен ПАП тест и ХПВ тестирање се најважните чекори
✅Навремена дијагноза и контрола спречуваат развој на карцином.
✅ Грижата за здравјето започнува со превенција.