Acibadem Sistina Hospital

Acibadem Sistina Hospital Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Acibadem Sistina Hospital, Hospital, Скупи, Skopje.

Започнуваме со ново едукативно предавање наменето за сите што планираат бременост и сакаат подобро да се информираат за ...
18/11/2025

Започнуваме со ново едукативно предавање наменето за сите што планираат бременост и сакаат подобро да се информираат за чекорите што водат до остварување на желбата за потомство.
На предавањето ќе имате можност да дознаете кои современи методи и совети можат да ви помогнат полесно да забремените, како и за факторите што влијаат врз плодноста и успешното зачнување.
Нашите искусни стручњаци ќе ви ги објаснат сите фази од процесот – од планирањето и подготовката на организмот, до медицинските опции што стојат на располагање и притоа ќе одговорат на сите ваши прашања, дилеми и нејаснотии.

Теми што ќе се обработат на предавањето:
🔹Плодност: Заедничка мисија на двата партнера
🔹Како се одвива процесот на забременување
🔹Предуслови за успешна бременост
🔹Како до успешна ИВФ од прв обид
🔹Можни причини за неплодност
🔹Совети за полесно забременување
🔹Суплементи и исхрана за двата партнера
🔹Кои прегледи и анализи може да помогнат
🔹Процедури на потпомогнато оплодување (ИВФ, ИЦСИ, инсеминација)
🔹Замрзнување на јајце-клетки
🔹Донорски програми
🔹Кога да побарате стручна помош
🔹Прашања и одговори.
Повелете, информирајте се и направете го првиот чекор кон исполнување на вашата најголема желба – да станете родители.
Регистрирајте го вашето присуство на callcenter@acibademsistina.mk или на телефонскиот број 02 30 99 500.

💜По  точно една година, Симона, мајката на малата хероина Николија, која се роди предвреме во нашата болница, со порака ...
17/11/2025

💜По точно една година, Симона, мајката на малата хероина Николија, која се роди предвреме во нашата болница, со порака ги охрабрува сите родители на прематурни дечиња да не се плашат, да бидат храбри и да им веруваат на суперхероите во бели мантили.
Прочитајте повеќе⬇️

По точно една година, Симона, мајката на малата хероина Николија, која се роди предвреме во нашата болница, со ...

17/11/2025

Светски ден на предвремено родени

17/11/2025
👶 По повод Светскиот ден на предвремено родените, „Аџибадем Систина“ организираше емотивна средба на предвремено роденит...
17/11/2025

👶 По повод Светскиот ден на предвремено родените, „Аџибадем Систина“ организираше емотивна средба на предвремено родените деца, нивните семејства и тимот на Одделот за неонатална интензивна нега, одбележувајќи 15 години посветена работа, успешни приказни и најсовремена грижа за најмалите пациенти.
Ден исполнет со силни емоции, детски насмевки, силни прегратки и солзи радосници. Ден кога предвремено родените дечиња, нивните родители, докторите и медицинските сестри повторно се обединија во заедничко славење на животот. 🧑‍⚕️ Предвремено родените дечиња заедно со тимот што се грижел за нив од првиот ден поминаа низ порта од балони во боите на предвремено родените – симбол на заедничката борба, надеж и победа уште од првите мигови по раѓањето. Многумина од овие малечки херои денес се веќе тинејџери, на исто толку години колку што функционира и оваа неонатална интензивна нега во „Аџибадем Систина“. Прочитајте повеќе ⬇️

По повод Светскиот ден на предвремено родените, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ организираше емотивна сре...

📍 Светски ден на предвреме родените деца и 15 години јубилеј на Единицата за неонатална интензивна нега 📺 „Медицинско ка...
17/11/2025

📍 Светски ден на предвреме родените деца и 15 години јубилеј на Единицата за неонатална интензивна нега
📺 „Медицинско катче“, Слободен печат
📅 18.11.2025
⏰ 10:00 часот

🔹Грижете се за своето здравје и искористете ја специјалната промотивна понуда!🔹Само во месец ноември достапни се гинекол...
16/11/2025

🔹Грижете се за своето здравје и искористете ја специјалната промотивна понуда!
🔹Само во месец ноември достапни се гинеколошки и уролошки прегледи по специјална цена од 4.000 денари за пакет.
📱Закажете термин на 02 30 99 500 и направете чекор повеќе за вашето здравје!

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ денес беше успешно реализирана комплексна симулациска вежба која опфати евакуац...
15/11/2025

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ денес беше успешно реализирана комплексна симулациска вежба која опфати евакуација и згрижување на пациенти, повредени лица, посетители и персонал во услови на земјотрес и пожар. Во рамките на вежбата беа демонстрирани постапки за прва медицинска помош и противпожарна заштита, со цел да се тестира реалната подготвеност на болницата во вонредни ситуации.
Благодарение на редовните обуки и тренинзи, персоналот на „Аџибадем Систина“ реагираше брзо, координирано и професионално, што уште еднаш ја потврди високата подготвеност и способност за справување со вакви кризни состојби.

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ денес беше успешно реализирана комплексна симулациска вежба која...

📍Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го проширува својот тим. Сите заинтересирани кандидати може да пополнат online ап...
14/11/2025

📍Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го проширува својот тим. Сите заинтересирани кандидати може да пополнат online апликација за вработување на овој линк 👇или истата да ја испратат на hr@acibademsistina.mk

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Клиничка Болница l...

Редовната контрола на шеќерот, здравата исхрана и дневната физичка активност се клучни за превенција и подобро управувањ...
14/11/2025

Редовната контрола на шеќерот, здравата исхрана и дневната физичка активност се клучни за превенција и подобро управување со дијабетесот.
Оваа здравствена состојба носи предизвици, но со вистински чекори можеме да направиме огромна разлика.

📍Нови превентивни пакети за детална проценка на целокупното здравје📺 Емисија „Добро утро, секое утро“, Алфа ТВ📅 14.11.20...
13/11/2025

📍Нови превентивни пакети за детална проценка на целокупното здравје
📺 Емисија „Добро утро, секое утро“, Алфа ТВ
📅 14.11.2025
⏲️ 7:30 часот

Интраоперативниот невромониторинг е високо специјализирана метода која бара современа апаратура и обучен тим од невролоз...
13/11/2025

Интраоперативниот невромониторинг е високо специјализирана метода која бара современа апаратура и обучен тим од невролози што ги следат функциите на нервното ткиво.
Во таа насока, тимот невролози и медицински сестри од Одделот за неврологија учествуваа на обука водена од холандски експерти, посветена на напредни техники на интраоперативен невромониторинг.

Континуираното усовршување на медицинскиот персонал е еден од главните приоритети на Клиничката болница „Аџибадем С...

Address

Скупи
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Acibadem Sistina Hospital posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Acibadem Sistina Hospital:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category