Lege Artis by Jordan Gjurcheski

Lege Artis by Jordan Gjurcheski Специјалистичка ординација по орална хирургија

🦷 Преобразба на една насмевка.Оваа промена која се гледа на сликите е само јагода на шлагот, задоволство за окото. Она ш...
13/08/2025

🦷 Преобразба на една насмевка.
Оваа промена која се гледа на сликите е само јагода на шлагот, задоволство за окото. Она што е вистинска суштината и вистинско задоволство на душата на стоматологот е преобразбата која се крие под оваа фасада. Преобразба на здравјето на сите ткива во устата. Преобразба на коската, забот и непцето.
🦷 Пред да се дојде до завршната фаза и поставување на забите, кај овој пациент претходеа бројни зафати за лекување на воспаление на непце, одново лекување на сите стари недолекувани заби и воспалителни процеси во коската околу забите и чистење и пополнување на сите расипани заби. После тоа, со мирна совест, можевме да поставиме вештачки заби и со поголема самодоверба, да посакаме долговечност на истите.
🦷 Кај овој пациент се изработени странични мостови изработени од метал-порцелан, додека предните заби се изработени од "безметален" материјал, циркониум оксид. Разликата во бојата и изгледот помеѓу двата материјали кај овој случај е скоро незабележителна.

🦷Довербата на пациентот е рамноправен играч во процесот на создавање на големи резултати. Ова е една ризична игра во кој...
02/08/2025

🦷Довербата на пациентот е рамноправен играч во процесот на создавање на големи резултати.
Ова е една ризична игра во која секој чекор на стоматологот, сестрата и забниот техничар е исклучително важен, но вербата која ни ја дава пациентот, навистина може да ја одреди насоката во која ќе се движи процесот и значително да влијае на резултатот.
🦷Овој пациент реши целата своја доверба да ја даде во наши раце. Сериозноста на почетната состојба бараше бавен и постепен пристап во решавање на проблемите.
🦷Третманот започна со вадење на неповратно оштетените заби и лекување на воспалителни процеси кои долго време создавале проблеми на пациентот.
Во втората фаза, поставени беа импланти на местата каде што недостасуваа заби и конечно, после неколку месеци, во третата фаза беа изработени протетските конструкции кои го дадоа завршиниот изглед на терапијата.
🦷Во овој случај изработивме странични порцелански мостови кои со зашрафување ги зацврстивме врз поставените импланти, а во предниот дел од вилиците, врз предните заби изработивме безметални мостови со кои комплетно го променивме естетскиот изглед на старите заби.
🦷Конечно, пациентот е во можност правилно да се храни, соодветно да ја џвака храната и задоволно да се смее.
На крај, топката повторно ја префрливме во негови раце. Овие протетски изработки бараат исклучителна внимателност, хигиена и одржување и со соодветна едукација, се надеваме дека долги години и без поголеми проблеми ќе бидат во служба на пациентот.

Address

Skopje

Telephone

+38970879439

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Lege Artis by Jordan Gjurcheski posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Lege Artis by Jordan Gjurcheski:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram