Ajde da jademe

Ajde da jademe Исхрана за подобра дигестија, инсулинска резистентност и хипотироидизам
Балансиран и реален пристап без рестриктивни диети
Основач на „Ајде да јадеме“

05/03/2026

Леќа и протеини - што е мит, а што реалност?

Дали растителниот протеин е бескорисен?

Еве што вели науката:
• Киснењето и варењето ги прават растителните протеини подостапни
• Недостатокот на аминокиселини се надополнува со разновидна растителна исхрана
• Леќата и останатите легуминози можеби сами по себе не се замена за месо или јајца, ама нудат добар процент на растителни протеини, плус растителни влакна.

03/03/2026

Какви бои!!! Добиени се исклучиво од природни и квалитетни состојки 🤌

За чија пудингот измешав:
1 чаша млеко (може растително)
5 лажици чија семе
1 лажица путер од кикирики
Засладувач

Откако откисна пудингот, го редев како парфе:

ПРВ СЛОЈ чија пудинг
ВТОР СЛОЈ испасирани малини
ТРЕТ СЛОЈ парчиња банана
ЧЕТВРТИ СЛОЈ искршени кикирики

И после процесот го повторив уште еднаш.

Споделете со некој што е заљубен во чија пудинзи, како моите синови 😁

Не станав нутриционист затоа што имав совршена врска со храната. Напротив!Долго време и самиот бев во лавиринтот од конт...
02/03/2026

Не станав нутриционист затоа што имав совршена врска со храната. Напротив!

Долго време и самиот бев во лавиринтот од контрадикторни совети, чудотворни диети и постојан притисок дека здравата исхрана мора да биде најкомплицираното нешто на цел свет.

Искрено? Не само што бев збунет, туку и уморен од сопствениата битка со исхраната.

И затоа решив да студирам нутриционизам.

Сакав:
✅ Да си ги разјаснам работите прво себеси (со факти, а не со видеа од интернет)
✅ Да разберам како телото навистина функционира
✅ Да научам како да го поедноставам сето тоа знаење за да не мора никој друг да поминува низ истиот стрес.

Денес, мојата мисија на овој профил е едноставна: комплицираната наука и да ја претворам во едноставни и применливи информации✨

Која ви е најголемата дилема околу исхраната? Пишете ми во коментар и дилемата да ја решиме заедно! 👇

28/02/2026

Имам оброци што ми се постојано во ротација.

Кога ќе најдам комбинација што ми се допаѓа – само тоа го јадам!

Моите 3 критериуми се едноставни:
✅ Брзо спремање
✅ Нутритивно богато
✅ Вкусно (нормално!)

​Во последно време во ротација ми се леб со гумус, јајце и кашкавал, салата со црвен грав и Salakis козјо сирење, како и кремаст спан со President Павлака.

​Овие оброци се доказ дека здравата и квалитетна храна не мора да биде комплицирана.

​👇 Кој е вашиот оброк што би можеле да го јадете секој ден? Пишете ми во коментар!

26/02/2026

Во една од последните емисии направив две варијанти на компир манџа.

Едната беше оваа со киноа и павлака.

Еве ги состојките:
• Зеленчук: кромид, морков, целер и лук
• Маслиново масло
• Доматен сос и доматно пире
• Грашок
• Киноа
• Зачини: сол, црн бибер, црвен пипер, мешан сув зеленчук
• Додатоци: магдонос и павлака

Како најчесто си подготвувате грашок манџа?

Утре започнуваат Велигденските пости, а како нутриционист морам да ве предупредам дека постот не е само „леб и маргарин“...
22/02/2026

Утре започнуваат Велигденските пости, а како нутриционист морам да ве предупредам дека постот не е само „леб и маргарин“. Пред нас е совршен период за здрава исхрана со која ќе му го дадеме на организмот она што му треба!

За да ви го олеснам физичкиот дел, ви спремив список за купување со кој нема да се мислите кои намирници да ги изберете.

Листајте низ кароселот и видете кои се задолжителните намирници што треба да ги имате дома за време на постите.

• ЗАЧУВАЈТЕ ГО постот за следното пазарење во маркет
• СПОДЕЛЕТЕ со некој што почнува од утре!
• или ПРИЈАВЕТЕ СЕ за моите посни програми за да имате идеи за оброци!

#велигденски
#пости
#поснахрана

19/02/2026

Ако сакате да експериментирате, еве нешто за вас.

Лебот од леќа е добар за вашата дигестија поради содржината на растителни влакна и поради киснењето на леќата, плус содржи доволно протеини за да ве држи сити со часови.

Лебот е со низок гликемиски индекс, што значи погоден е и за лица со инсулинска резистенција.

Еве го составот:
300 g леќа
3 јајца
3 лажици јогурт
2 лажици масло или вода
Сол
2 лажички прашок за печиво

Додатоци: праз, млад кромид, спанаќ, семки, копар, сирење

Се пече на 180 степени, од 55 до 60 минути.

Зачувајте го рецептот за следниот пат кога ќе сакате нешто здраво и

Eдно јаболко на ден и доктор не ви е потребен! Или можеби не баш!Сите ги знаеме варијантите на оваа поговорка, ама ајде ...
18/02/2026

Eдно јаболко на ден и доктор не ви е потребен! Или можеби не баш!

Сите ги знаеме варијантите на оваа поговорка, ама ајде да го „намалиме впечатокот“. Проблемот со поговорката не е во јаболкото, туку во нашата желба и сфаќање за постоење на еден „магичен лек“ што ќе реши се (една намирница, еден макронутриент, најчесто протеин, еден магичен напиток).

Честопати мислиме дека една здрава намирница/еден оброк може да ја поправи генерално лошата исхрана. Тоа е исто како да додадете лук во масен бурек и да се убедувате дека оброкот станал здрав затоа што лукот е природен антибиотик. Спојлер: Не е точно.

Здравјето не е резултат на една намирница, туку на цел систем.

Вистината важи во двате правци:
- Ниту едно јаболко ќе ве спаси ако остатокот од денот го поминувате во лоши навики;
- Ниту еден т.н.лош оброк (пица, десерт или пастирмајлија) нема да ви ја сруши исхраната ако таа е генерално квалитетна и балансирана!!!

Наместо магични состојки, ајде да бараме конзистентност. Исхраната се гледа и се цени како целина, а не низ призмата на едно јаболко, низ внесот на еден макронутриент или една крофна.

Што мислите? Дали премногу се фокусираме на деталите, а ја изгубивме големата слика?

17/02/2026

Брз Q&A со жена м како репортер.

Одговорив на се: од омилени навики до мојот брз нутритивен оброк со павлака од која помага за искористување на витамините растворливи во масти, а калциумот ги врзува оксалатите од спанаќот.

Да, кажав и дека можам без социјални мрежи, ама не и без кафе ☕️

Што би избрале вие: 10 дена без кафе или без социјални мрежи?

14/02/2026

Љубовта навистина оди преку стомакот (барем за мене) 💞

Овие чоколадни бомбици се направени само од 3 состојки и се без додаден шеќер, богати се со влакна и растителни протеини, плус магнезиум, калиум и железо.

Совршени и брзи за кога ви се јаде нешто благо.

Состојки:
1 чаша варен наут (160 g)
1 чаша урми без семка (170 g)
1 чаша какао (80 g)

Може да се додаде рум, ванила и прстофат сол.
Се валаат во какао или во растопено чоколадо.

Во средината на бомбиците може да се стави вишна ичи лешник.

Испробајте некоја варијанта и кажете која најмногу ви се допаднала!

#здравдесерт #безшеќер

12/02/2026

Дали знаевте дека во 2026 година е поопасно да зборувате за подгреан ориз или за овес отколку за политика? 😅

Моите последни видеа предизвикаа „бура“ од негативни коментари, блокади и отследувања. Зошто? Затоа што науката не секогаш се вклопува во инстаграм трендовите.

Како единствен нутриционист во Македонија со 30.000 следбеници зад себе, имам избор:

- Да климам со глава на секој нов тренд (и да собирам лајкови) или

- Да стојам зад научните докази (и да бидам мета на напади).

Јас и покрај се, го бирам второто.

Што мислите вие, зошто станавме толку агресивни кога некој ќе ни ги побие ставовите за храната?

Пишете ми во коментар. 👇

🍎

11/02/2026

Зошто да правите обични ќофтиња, кога можете да направите ќофтиња од спанаќ и мисиркино месо? 🧆

Во минатата емисија составив такви ќофтиња и еве ги состојките:

1 чаша замрзнат спанаќ
500 g мисиркино месо
½ чаша сирење (или урда)

Зачини:
Лук во прав
Оригано
Сол
Црн пипер

Варен ориз со сок од лимон и мента 🍛

Направете ги ќофтињата и испратете ми фотка ако ви се допаѓаат.

Address

Hristo Tatarcev 47I
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 17:00
Tuesday 10:00 - 17:00
Wednesday 10:00 - 17:00
Thursday 10:00 - 17:00

Telephone

+38971211191

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ajde da jademe posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Ajde da jademe:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category