Alkaloid AD Skopje

„Алкалоид“ АД Скопје објавува оглас за: Помлад истражувач во одделот Истражување и развој фармација - Развој на технолог...
09/03/2026

„Алкалоид“ АД Скопје објавува оглас за: Помлад истражувач во одделот Истражување и развој фармација - Развој на технологија и процес

Аплицирајте на: bit.ly/4rh8K4j

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе #ЛуѓетоПредСе #Алкариера

Таа е тивка, но силна.Доследна и сигурна како жена што го гради својот став.Не е момент. Таа е присутност.Во одлуките, в...
08/03/2026

Таа е тивка, но силна.
Доследна и сигурна како жена што го гради својот став.
Не е момент. Таа е присутност.
Во одлуките, во стилот, во грижата за себе.

Повеќе од 40 години Sattwa постои со истата цел – да ѝ биде потпора на жената што стои сигурно со сиот свој сјај.

Некогаш. Денес.
Истрајноста останува.

Среќен Меѓународен ден на жената.

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

„Алкалоид“ АД Скопје со гордост се приклучува кон иницијативата TRASH FOR ART 2026, која ги поттикнува креативноста и од...
03/03/2026

„Алкалоид“ АД Скопје со гордост се приклучува кон иницијативата TRASH FOR ART 2026, која ги поттикнува креативноста и одговорниот однос спрема животната средина.

Веруваме дека одржливоста започнува со личен пример, а преку оваа иницијатива отпадот добива нова вредност како уметност што инспирира промени.

Затоа, „Алкалоид“ АД ќе додели специјална Награда за најдобра скулптура изработена од амбалажен отпад од производите на „Алкалоид“, за да ја поттикне повторната употреба и за да ја зголеми еколошката свест.

Ги охрабруваме учениците, студентите, институциите и сите креативци да се вклучат, да селектираат, да создаваат и да инспирираат позитивни промени во заедницата.
Конкурсот трае до 17 март.

СЕЛЕКТИРАЈ, КРЕИРАЈ, ИНСПИРИРАЈ!

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

Време е за првиот чекор кон кариерата што ја посакувате.Програмата за млади таленти – летно практикантство во „Алкалоид“...
02/03/2026

Време е за првиот чекор кон кариерата што ја посакувате.

Програмата за млади таленти – летно практикантство во „Алкалоид“ АД Скопје нуди практично искуство и учење од врвни професионалци во средина што ве инспирира, ве поддржува и ви дава простор да растете.

Започнете онаму каде што талентот се препознава и се развива.

Аплицирајте за Програмата за млади таленти – летно практикантство за 2026 година и направете чекор кон кариера што има јасна насока.

Aпликации за ученици од средни училишта - bit.ly/4u4oH0w
Aпликации за студенти од високообразовни институции - bit.ly/4rKwPl6

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година.АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека се...
27/02/2026

АЛКАЛОИД АД Скопје ќе исплати за 14,3 % поголема дивиденда во однос на минатата година.

АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.

Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 година во износ од 720,00 денари бруто односно 648,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето е поголема за 14,3%.

За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 1 милијарда денари.

Во согласност со предлог одлуката, исплатата на дивидендата ќе започне од 13.05.2026 година.

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

Благодарение на динамичниот развој на компанијата и јакнењето на нашето присуство на домашниот пазар и на странските паз...
26/02/2026

Благодарение на динамичниот развој на компанијата и јакнењето на нашето присуство на домашниот пазар и на странските пазари, изминатиот период реализиравме 51 ново вработување, зајакнувајќи ги тимовите со свежа експертиза и со нова енергија. Паралелно, преку Програмата за млади таленти 110 ученици и студенти добија можност да стекнат практично искуство и да ги надградат своите знаења во реална работна средина.

Посебен акцент ставаме врз развојот на идните професионалци – 843 студенти беа вклучени во различни развојни програми, при што активно учествуваа во проекти и процеси значајни за компанијата. Во насока на континуирано унапредување на компетенциите, реализиравме обуки со просек 105,7 часа од вработен, со што дополнително го зајакнавме капацитетот на нашите тимови.

Грижата за семејствата на вработените останува наш приоритет. Во рамките на проектот за бенефиции пристигнаа 812 пријави за поддршка на децата на нашите вработени. Истовремено, преку организирање спортски активности, како и активности за општествена одговорност, 530 учесници беа дел од Скопскиот маратон, промовирајќи здрави животни навики и тимски дух.

Нашата отвореност спрема јавноста и спрема младите генерации се потврдува и преку 235-темина посетители во нашите погони и лаборатории, кои имаа можност одблиску да се запознаат со нашите активности и со нашите стандарди.

И во наредниот период остануваме посветени на вложувањето во луѓето, знаењето и во заедницата затоа што наша најголема вредност се токму здравјето и човечкиот потенцијал.

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСѐ

АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6 милиони евра, 20% раст на консолидиран...
25/02/2026

АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6 милиони евра, 20% раст на консолидирана ЕБИТДА, инвестиции од 18 милиони евра и 29,2 милиони евра консолидирана нето добивка во периодот јануари – декември 2025 г.

Прочитајте повеќе bit.ly/4kXj6VN

#АлкалоидСкопје #ЗдрвјетоПредСе

Кога станува збор за вашето малечко, ништо не е препуштено на случајноста. Секоја облека што ја допира неговата кожа тре...
23/02/2026

Кога станува збор за вашето малечко, ништо не е препуштено на случајноста. Секоја облека што ја допира неговата кожа треба да обебеди нега и беспрекорна заштита секој ден.

Течниот детергент, омекнувачот и капсулите за перење на Becutan се дерматолошки тестирани и специјално формулирани токму за нежната чувствителна кожа на вашето малечко.

- Ефикасно перење без компромис.
- Мекост што се чувствува при секој допир.
- Свежина што трае.

И, пред сè, сигурност во која можете да верувате.

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

Алкалоид на форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“:Патот кон европските пазари го изградивме сами, чеко...
18/02/2026

Алкалоид на форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“:
Патот кон европските пазари го изградивме сами, чекор по чекор, со квалитет, стандарди и визија насочена надвор од границите.

Бизнис-клубот „Европа“, како советодавно тело на Стопанска комора на Северна Македонија Economic Chamber of North Macedonia, во Виница го организираше форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“. На панелот насловен „Единствениот пазар на ЕУ: колку е подготвена македонската економија?“ учествуваше и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

Прочитајте повеќе bit.ly/4aUTcOJ

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

Пудрата Becutan Sensitive со скроб е создадена токму за нежната кожа на вашето малечко.Формулата со оризов скроб и каоли...
18/02/2026

Пудрата Becutan Sensitive со скроб е создадена токму за нежната кожа на вашето малечко.

Формулата со оризов скроб и каолин внимателно го апсорбира вишокот влага, ја чисти кожата и ја остава мека, сува и пријатна на допир. Истовремено, таа помага во намалувањето на иритациите и црвенилото, токму она што и е потребно на чувствителната кожа.

Со екосертифицирани состојки, секое нанесување дава нега и заштита за најнежната детска кожа.

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе

„Алкалоид“ АД Скопје објавува оглас за:Техничар во Машинско одржување (2 извршители)Аплицирајте на: https://bit.ly/4rwdU...
17/02/2026

„Алкалоид“ АД Скопје објавува оглас за:

Техничар во Машинско одржување (2 извршители)

Аплицирајте на: https://bit.ly/4rwdUdN

#АлкалоидСкопје #ЗдравјетоПредСе #ЛуѓетоПредСе #Алкариера

Address

БУлица Александар Македонски бр. 12
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Alkaloid AD Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram