Biotek Laboratorija

Biotek Laboratorija БИОТЕК Лабораторија - прва специјалистичка лабораторија со најсовремена технологија.

БИOTEK лабораторијата претставува прва специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени технолошки апарати од најголемите светски производители на медицинска опрема.
📍Центар
📍Кисела Вода
📍Буњаковец
📍Ѓорче Петров

🔴 Маркери за анемија 🔴▪️Комплетна крвна слика: број на еритроцити, хемоглобин, хематокрит и еритроцитарни индекси (MCV,M...
21/02/2026

🔴 Маркери за анемија 🔴

▪️Комплетна крвна слика: број на еритроцити, хемоглобин, хематокрит и еритроцитарни индекси (MCV,MCH,MCHC,RDW).
▪️Железо - составен дел на хемоглобинот кoj го врзува кислородот и го пренесува до сите клетки.
Мануелна диференцијална крвна слика – микроскопско анализирање на формата и големината на еритроцитите, со цел да се направи диференцијација меѓу различни типови анемија.
▪️Ретикулоцити во периферна крв - проценка на способноста на коскената срж да произведува еритроцити.
▪️Феритин - најдобар параметар за откривање на резервите на железо во организмот.
▪️Трансферин- гликопротеин кој го транспортира железото низ крвта и го доставува до клетките за употреба. Промена во неговата концентрација укажува на промени во метаболизмот на железо.
▪️UIBC/TIBC- Незаситен и вкупен капацитет за врзување на железо од страна на трансферинот, се користат за индиректна проценка на трансферин, при дијагноза на анемија.
▪️Сатурација на трансферин - параметар што ни укажува на концентрацијата на транспортно железо.
▪️Витамин Б 12, Фолна киселина – значајни во еритропоезата, важни за диференцијација на мегалобластна анемија.
▪️Антитела кон париетални клетки на желудник, антитела кон IF (intrinsic factor) – за дијагноза на пернициозна анемија.

📞 Закажи термин: 13090
📍 Биотек Капиштец | Ѓорче Петров | Аеродром | Кисела Вода | Центар

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

🔴 Анализа на камен во бубрег 🔴Каменот во бубрег е чест проблем кој предизвикува болки во долниот дел на грбот, често мок...
18/02/2026

🔴 Анализа на камен во бубрег 🔴

Каменот во бубрег е чест проблем кој предизвикува болки во долниот дел на грбот, често мокрење и крв во урината. Главни причинители се дехидратацијата и прекумерното внесување сол.
Анализата на каменот од уринарниот тракт опфаќа опис на физичките особини на бубрежниот камен, анализа на неговиот хемиски состав како и препорака за хигиено - диететски режим, кој е од големо значење за спречување на повторното појавување на бубрежните камчиња, кое е многу често.
Примерок: Бубрежно камче или камче од останатите делови на уринарниот тракт, кое е хирушки отстрането или спонтано измокрено.

📞 Закажи термин: 13090
📍 Биотек Капиштец | Ѓорче Петров | Аеродром | Кисела Вода | Центар

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

❤️ Љубовта започнува со грижа за здравјето ❤️Денот на вљубените нè потсетува колку се важни вниманието, блискоста и гри...
14/02/2026

❤️ Љубовта започнува со грижа за здравјето ❤️ Денот на вљубените нè потсетува колку се важни вниманието, блискоста и грижата – не само кон оние што ги сакаме, туку и кон себе. Вистинската љубов се покажува преку одговорни одлуки и мали чекори кои носат сигурност и мир.
Превентивните лабораториски анализи се едноставен, но значаен начин да покажете грижа за здравјето и благосостојбата. Со навремена проверка, добивате јасна слика и можност за подобра грижа денес и во иднина.

Овој Valentine’s Day, подарете нешто што трае – здравје, сигурност и внимание.
🤍 Нашиот тим е тука за вас, со професионалност и посветеност.

📞 Закажи термин: 13090
📍 Биотек Капиштец | Ѓорче Петров | Аеродром | Кисела Вода | Центар

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

Се ближи Денот на вљубените, ден посветен на љубовта, грижата и вниманието кон оние што ги сакаме – но и кон самите себе...
12/02/2026

Се ближи Денот на вљубените, ден посветен на љубовта, грижата и вниманието кон оние што ги сакаме – но и кон самите себе. ❤️
Овој Valentine’s Day, потсетете се дека вистинската љубов започнува од срцето. Грижата за кардиоваскуларното здравје е најубавиот подарок што можете да си го дадете.

❤️ Со редовни кардиоваскуларни лабораториски анализи правите важен чекор кон навремена превенција и сигурна иднина.
Редовните кардиоваскуларни лабораториски анализи овозможуваат навремено откривање на ризик фактори и помагаат во зачувување на здрав и активен живот.

📍 Биотек Капиштец | Ѓорче Петров | Аеродром | Кисела Вода | Центар

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

🔴 Сексуално преносливи болести 🔴БИОТЕК лабораторија ја нуди најсовремената Real Time – Multiplex PCR метода, со која ист...
09/02/2026

🔴 Сексуално преносливи болести 🔴
БИОТЕК лабораторија ја нуди најсовремената Real Time – Multiplex PCR метода, со која истовремено можат да се детектираат најчестите патогени на сексуално преносливи болести.

✔️ STD 9 - Молекуларна детекција на 9 сексуално преносливи микроорганизми (Chlamydia trachomatis, Neisseria gonorrhoeae, Mycoplasma genitalium, Trichomonas vaginalis, Gardnerella vaginalis, Ureaplasma urealyticum/parvum, Herpes simplex 1/2)

Примерок - брис од уретра/ејакулат/прв млаз прва утринска урина

📞 Закажи термин: 13090
📍 Биотек Капиштец | Ѓорче Петров | Аеродром | Кисела Вода | Центар

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.

#БиотекЛабораторија #грижазасебе

🔴 АЛЕРГО – НАНО – ПАНЕЛ (295 алергени + Вкупен IgE) 🔴Најнова генерација на молекуларна алерголошка дијагностикаМолекулар...
04/02/2026

🔴 АЛЕРГО – НАНО – ПАНЕЛ (295 алергени + Вкупен IgE) 🔴
Најнова генерација на молекуларна алерголошка дијагностика
Молекуларната алергологија е најнапредна форма на алергиско тестирање, базирана на нанотехнологија и персонализирана медицина.

Алерго – Нано – Панел е единствениот тест од ваков тип во светот – сега достапен и кај нас!
Овозможува истовремена детекција на 295 алергени за прецизна дијагностика.
⭐ Карактеристики:
🔺 Еден примерок венска крв
🔺 295 алергени → 117 екстракти + 178 молекули
🔺 Вклучен CCD-инхибитор (помалку лажно позитивни резултати)
🔺 Семиквантитативни резултати + визуелен алерго-профил
🔺 Резултати за само 24 часа

Кога се препорачува?
• Полисензибилизирани пациенти
• Потребна висока прецизност по компоненти
• Неубедливи претходни алерго-тестови
• Сомнеж за вкрстена реактивност (полен–храна)
• Атопичен дерматитис или необјаснета анафилакса
• Планирање специфична имунотерапија

📞 Закажете навреме и откријте го точниот алерген: 13090
📍 Биотек Капиштец | Ѓорче Петров | Аеродром | Кисела Вода | Центар

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

🔴 Витаминско-минерален статус: основа за енергија, имунитет и секојдневна виталност 🔴Витамините и минералите имаат клучн...
02/02/2026

🔴 Витаминско-минерален статус: основа за енергија, имунитет и секојдневна виталност 🔴
Витамините и минералите имаат клучна улога во правилното функционирање на организмот. Нивниот баланс директно влијае врз нивото на енергија, јакнењето на имунолошкиот систем и одржувањето на секојдневната физичка и ментална виталност.
Недостатокот на одредени витамини и минерали често се манифестира со замор, намалена концентрација, чести инфекции, промени во расположението или општо чувство на исцрпеност.
Со соодветни лабораториски анализи може навреме да се утврди постоење на дефицити и да се добие јасна насока за понатамошна грижа и суплементација.
Редовната проверка на витаминско-минералниот статус е важен дел од превентивната здравствена грижа. Навремената анализа значи подобра енергија, посилен имунитет и поголема рамнотежа во секојдневието.

📞 Закажи термин: 13090
📍 Биотек Капиштец | Ѓорче Петров | Аеродром | Кисела Вода | Центар

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

🔴 Молекуларен бактериски гастроинтестинален панел – BacScreen AEI 2 🔴 Нова DNA анализа во Биотек Лабораторија💥 Промотивн...
28/01/2026

🔴 Молекуларен бактериски гастроинтестинален панел – BacScreen AEI 2 🔴
Нова DNA анализа во Биотек Лабораторија
💥 Промотивна цена: 2.500 денари

Современа пакет анализа за брза и прецизна идентификација на најчестите бактериски причинители на гастроинтестинални инфекции, без потреба од долготрајни микробиолошки култури.
Панелот опфаќа: Campylobacter coli/jejuni, Shigella/EIEC, Salmonella spp. и Yersinia enterocolitica.
Анализата е особено препорачлива при акутна дијареа, стомачни болки и грчеви, мачнина, повраќање, покачена температура, како и по консумирање сомнителна храна или по патување, кога симптомите се слични, а причинителот непознат.
Со оваа анализа се овозможува точна дијагноза и правилен избор на терапија, со што се избегнува непотребна употреба на антибиотици.

📞 Закажи термин: 13090
📍 Биотек Капиштец | Ѓорче Петров | Аеродром | Кисела Вода | Центар

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

🔴 Молекуларен комбиниран вирусен и бактериски респираторен панел – Respiratory 24 Pathogen 🔴Нова DNA анализа во Биотек Л...
24/01/2026

🔴 Молекуларен комбиниран вирусен и бактериски респираторен панел – Respiratory 24 Pathogen 🔴
Нова DNA анализа во Биотек Лабораторија
Промотивна цена 2.500 ден

🦠 Вклучува детекција на 24 патогени:
✅ 16 вируси – најчестите причинители на АВРИ
• SARS CoV-2,
• Human coronavirus OC43,
• Human coronavirus HKU1,
• Human coronavirus 229E,
• Human coronavirus NL63,
• Human parainfluenza virus type 1,
• Human parainfluenza virus type 2,
• Human parainfluenza virus type 3,
• Human parainfluenza virus type 4
• Influenza A virus,
• Influenza B virus,
• Human bocavirus,
• Human adenovirus,
• Human metapneumovirus,
• Human rhinovirus,
• Human respiratory syncytial virus
✅ 8 бактерии, од кои:
4 атипични:
• Chlamydophila pneumoniae
• Mycoplasma pneumoniae
• Legionella pneumophila
• Bordetella pertussis
4 типични бактерии:
• Moraxella catarrhalis
• Streptococcus pneumoniae
• Streptococcus pyogenes
• Haemophilus influenzae

⚡ Висока прецизност
⚡ Брзи резултати
⚡ Поддршка за правилна терапија

📞 Закажи термин: 13090
📍 Биотек Капиштец | Ѓорче Петров | Аеродром | Кисела Вода | Центар

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

🔴 Молекуларен респираторен бактериски панел – BacScreen Pneumo 🔴Нова DNA анализа во Биотек ЛабораторијаПромотивна цена 2...
22/01/2026

🔴 Молекуларен респираторен бактериски панел – BacScreen Pneumo 🔴
Нова DNA анализа во Биотек Лабораторија
Промотивна цена 2.200 ден

Современа и сигурна молекуларна метода за прецизна идентификација на бактериски причинители на респираторни инфекции.
🦠 Детекција на 11 бактериски родови и видови (1 род + 10 видови):
• Chlamydophila pneumoniae
• Mycoplasma pneumoniae
• Moraxella catarrhalis
• Klebsiella pneumoniae
• Streptococcus pneumoniae
• Haemophilus influenzae
• Staphylococcus aureus
• Legionella pneumophila
• Acinetobacter spp.
• Escherichia coli
• Pseudomonas aeruginosa
✅ Висока прецизност
✅ Брза и точна дијагностика
✅ Поддршка за правилен избор на терапија

📞 Закажи термин: 13090
📍 Биотек Капиштец | Ѓорче Петров | Аеродром | Кисела Вода | Центар

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

🔴 Вирусна или бактеријална инфекција? 🔴 личните симптоми како покачена температура, болки во грло, кашлица, замор или гл...
21/01/2026

🔴 Вирусна или бактеријална инфекција? 🔴
личните симптоми како покачена температура, болки во грло, кашлица, замор или главоболка често создаваат дилема дали станува збор за вирусна или бактеријална инфекција. Иако на прв поглед изгледаат исто, правилната разлика е клучна за соодветен третман.
Лабораториските анализи овозможуваат прецизна проценка на состојбата на организмот. Параметри како крвна слика, CRP и други воспалителни маркери помагаат да се утврди природата на инфекцијата и да се избегне непотребна употреба на антибиотици.

• AVRI – молекуларен респираторен панел за истовремена детекција на 16 вирусни причинители одеднаш. • Bacscreen - молекуларен респираторен панел за истовремена детекција на 26 бактериски причинители одеднаш, меѓу кои и атипичните бактерии како – Legionella pneumonia, Mycoplasma pneumonia I Chlamidya pneumoniae

Респираторен пакет за детекција и генотипизација нa 16 вирусни и 25 бактериски (AVRI + BacScreen) 👉 5.500мкд

📞 Закажи термин: 13090 📍 Биотек Капиштец | Ѓорче Петров | Аеродром | Кисела Вода | Центар

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

Почитувани пациенти,За претстојниот празник БИОТЕК лабораторија ќе работи со својата дежурна лабораторија Ѓорче Петров о...
18/01/2026

Почитувани пациенти,

За претстојниот празник БИОТЕК лабораторија ќе работи со својата дежурна лабораторија Ѓорче Петров од 08ч до 14ч.
📞13090

БИОТЕК лабораторија - иновација, наука и квалитет на кој може да му верувате.
#БиотекЛабораторија #грижазасебе

Address

Vasil Gjorgov 12
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:30 - 20:00
Tuesday 07:30 - 21:00
Wednesday 07:30 - 20:00
Thursday 07:30 - 21:00
Friday 07:30 - 21:00
Saturday 08:00 - 15:00
Sunday 08:00 - 15:00

Telephone

+38978394829

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Biotek Laboratorija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Biotek Laboratorija:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category