Центар за психотерапија и развој на чoвечките потенцијали "Психолариум"

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Центар за психотерапија и развој на чoвечките потенцијали "Психолариум"

Центар за психотерапија и развој на чoвечките потенцијали "Психолариум" Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Центар за психотерапија и развој на чoвечките потенцијали "Психолариум", Medical and health, Skopje.

Психотерапијата може да придонесе луѓето да станат позадоволни со себе,
да живеат поквалитетно и поздраво, спремни за соочување со животните
тешкотии, за подобро разбирање со околината и за остварување на близина.
При тоа се потикнува развој на проактивен однос према животот
и прифаќање на сопствената одговорност за негување на личниот раст и развој.

Ирена Жунгулова - 075 310 562
Александра Ги

левска - 078 383 123
Билјана Пешова - 070 369 479
Сузана Арсовска Митрeвска - 075 271 814
Мирјана Петрович - 075 374 525

17/12/2025
Заедно со Психолариум, а со поддршка на Француска амбасада, спроведуваме студија за подобро да ги разбереме искуствата, ...
18/11/2025

Заедно со Психолариум, а со поддршка на Француска амбасада, спроведуваме студија за подобро да ги разбереме искуствата, потребите и предизвиците на мајките прворотки во периодот после породување. Навистина цениме доколку издвоите 10тина минути за оваа кратка анкета и ни помогнете во тоа.

Дел од учесничките ќе може да влезат во следната фаза од истражувањето. Доколку сакате да бидете дел од таа фаза, внесете ги Вашите лични податоци на крајот од прашалникот, а истражувачкиот тим ќе Ве контактира со можност да бидете вклучени во работилници за психолошка поддршка на мајки во овој период.

Линк до прашалникот: https://reactorsurvey.reactor.org.mk/index.php/584521?lang=mk

На Светскиот ден на ментално здравје потенцираме дека менталното здравје на мајките е прашање на системска грижа и поддр...
10/10/2025

На Светскиот ден на ментално здравје потенцираме дека менталното здравје на мајките е прашање на системска грижа и поддршка.

На почетокот од 2026 година, започнуваме пилот група за поддршка на мајки водена од стручни психотерапевти како безбедно место за споделување искуства и градење на заедница на солидарност и заемна помош 💚

Оваа група е дел од проектот "Кој се грижи за женското ментално здравје во перинаталниот период?", финансиран од Француското Министерство за Европа и надворешни работи.

Следете нè за повеќе детали!

Билјана А. Пешова ќе придонесе кон "Денови на инклузијата" со своја работилница наменета за родители на деца со потешкот...
04/06/2025

Билјана А. Пешова ќе придонесе кон "Денови на инклузијата" со своја работилница наменета за родители на деца со потешкотии во развојот.

НАЈАВА НА РАБОТИЛНИЦА

Факултетот за образовни науки Ве поканува на работилница за психолошка поддршка под наслов „Грижата за себе како предуслов за адекватна родителска грижа“.

📅 Датум: 11 јуни 2025 година
🕚 Време: 11:00 - 13:00 часот
🏛 Локација: Тренинг центар, Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип
👤 Предавач: м-р Билјана Пешова, психолог и гешталт терапевт - Центар за психотерапија и развој на човечките потенцијали „Психолариум“
🎯 Работилницата е наменета за: родители на деца со посебни образовни потреби

Бројот на учесници е ограничен на 15.
При изборот ќе се земат предвид првите пријавени учесници.
Во случај на поголем број пријави, останатите пријавени ќе бидат евидентирани и може да бидат контактирани доколку некој од пријавените, поради оправдани причини, не може да присуствува.
Линк за пријавување на родители: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeoUOj-Gw8GrXgoo6UlpL2JCvuDnrvavKMXwDJ_nq6yzzR7pQ/viewform?usp=pp_url

21/05/2025
Тимот на Психолариум нуди бесплатна психолошка поддршка и кризна интервенција за сите засегнати од несреќата во дискотек...
16/03/2025

Тимот на Психолариум нуди бесплатна психолошка поддршка и кризна интервенција за сите засегнати од несреќата во дискотеката во Кочани.

Телефони за контакт:

Виница:
Сузана Арсовска Митревска - 075271814

Скопје:
Билјана Пешова - 070369479
Ана Бојчевска Митревска - 077931718
Ненад Сечков - 070268209

⬇️⬇️⬇️
14/02/2025

⬇️⬇️⬇️

Мајчинството често се идеализира, но реалноста може да биде многу покомплицирана. Транзицијата во мајчинство доаѓа со ем...
14/02/2025

Мајчинството често се идеализира, но реалноста може да биде многу покомплицирана. Транзицијата во мајчинство доаѓа со емоционални и психолошки предизвици за кои многу мајки не се подготвени.

Ако се чувствуваш преплавено, не си сама. Психолошката поддршка може да биде од огромна помош при справувањето со сите предизвици на мајчинството.

Постпородилниот гнев е многу повеќе од она што го гледаме на површината — испади на лутина, огорченост, нетрпеливост. По...
12/02/2025

Постпородилниот гнев е многу повеќе од она што го гледаме на површината — испади на лутина, огорченост, нетрпеливост. Позади овие реакции многу често се кријат посериозни предизвици: депресивни или анксиозсни состојби, прегореност, осаменост и други незадоволени потреби за коишто многу ретко се зборува во раниот постпартум период. 🌊💙

Анксиозноста често носи со себе убедување дека нешто не е во ред со нас. Но, важно е да се потсетиме дека како луѓе кори...
10/02/2025

Анксиозноста често носи со себе убедување дека нешто не е во ред со нас. Но, важно е да се потсетиме дека како луѓе користиме различни механизми за справување со реалноста, која понекогаш може да биде тешка. Некои одбранбени механизми од минатото можат несвесно да се пренесат во сегашноста, иако можеби веќе не ни се потребни.

🌱 Непријатните емоции се природни.
🌱Ти не си твоите механизми за справување.
🌱Секогаш имаш избор – можеш да одбереш нов начин што ќе ти служи денес.

Во текот на ноември 2024 година, Билјана Пешова и Ирена Жунгулова во име на Психолариум успешно го завршија првиот циклу...
17/01/2025

Во текот на ноември 2024 година, Билјана Пешова и Ирена Жунгулова во име на Психолариум успешно го завршија првиот циклус од 4 работилници кои за цел имаа да го истражат, откријат и спознаат односот со себе, другите и светот токму преку истражување, откривање и спознавање на односот кон храната.

Овие работилници беа насочени кон освестување на основните психолошки потреби, психолошката глад, индивидуалниот начин на хранење преку истражување на личната вклученост во различните фази од процесот на исхрана, истражување на семејниот однос кон храната, како и менталниот метаболизам и когнитивните и емоционалните процеси кои лежат во неговата основа.

Датумите за новиот циклус работилници за свесно јадење ќе бидат најавени наскоро!

На психотерапија се соочуваме со самите себе и ги запознаваме одново нашите уверувања, ставови, емоции и сето она што е ...
16/01/2025

На психотерапија се соочуваме со самите себе и ги запознаваме одново нашите уверувања, ставови, емоции и сето она што е дел од нашата личност.

Во Гешталт терапија се верува дека се она што доаѓа од средината (интроекти) може да ни помага но и да ни создава пречки во живеењето, во зависност од развојниот период во кој се наоѓаме но и поширокиот контекст. Средината упатува на пораки, идеи, начини на однесување и правила кои во текот на растењето стануваат наши делови, инкорпорирани во нашите мисли, чувства, однесувања. Интроектираните делови се провлекуваат и во очекувањата што ги имаме од себе. Честопати овие очекувања потекнуваат (или потекнувале во минатото) од средината, нашите блиски луѓе и поширокото окружување.

Овие делови не можат свесно да се обработат доколку личноста не стапи во контакт со нивната функција, со цел да разбере како овие пораки и помагаат/одмагаат во секојневниот живот. Кога ќе се соочиме со овие очекувања на терапија, честопати може да почувствуваме силно чувство на загуба и збунетост, токму заради фактот што тие биле водилки во нашиот живот, принципи според кои сме направиле и донеле одредени животни одлуки.

Психотерапијата помага подобро да се разбереме себе и нуди можност да ги запознаеме и прифатиме сите наши делови, нашата целокупна личност.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Центар за психотерапија и развој на чoвечките потенцијали "Психолариум" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Центар за психотерапија и развој на чoвечките потенцијали "Психолариум":

Share