Bilna Apteka

Bilna Apteka Чаевите кои ги има во Билна аптека се исклучиво составени од растенија кои современата медицина ги потврдува како лековити.

Употребата на растенијата како неисцрпен извор за лекување и за негување на здравјето на луѓето има долга традиција на овие простори бидејќи Македонија е исклучително богата со високо квалитетни растенија и со лековити билки. Билна аптека преку својата широка палета чаеви ја продолжува оваа традиција и во текот на своето работење практикува да ги запознава своите пациенти со сите новитети кои произлегуваат од неа. Важно е да се напомене дека интересот на пациентите за користењето на растителните билки, односно чаевите, во функција на нивното здравје не опаѓа и покрај фактот за развојот и моќта на фармако-хемиската индустрија, која секоја година произведува сè поголем број нови лекови со познат хемиски состав и со постојано физиолошко дејство. Илјадници стручни раце да се соберат во која било од најсовремените лаборатории во светот не можат да го синтетизираат она што може една растителна клетка во природата.

Чаевите со кои располага Билна аптека, било да се монолитни било да се комбинирани, се во изворна форма, дејствуваат со сите активни компоненти од својот состав и се составени од растенија кои современата научна медицина ги потврди како лековити. Предноста на нашите чаеви е и во тоа што потекнуваат од ова поднебје, од природен екосистем и го носат во себе квалитетот на сонцето, почвата и на влагата. Токму поради тоа, тие во својот квалитет се ненадминливи и единствени, а од друга страна се едноставни за употреба во домашни услови, не предизвикуваат несакани ефекти и сè уште се едни од најпознатите, најевтините и најлесно достапните лековити суровини. Постојат повеќе докази за нивниот придонес во зачувување на здравјето. Чаевите содржат полифеноли, пигменти и етерични масла кои го намалуваат штетното влијание на пероксидите во организмот. Популарно се вели дека тие се чувари на здравјето и „ловци“ на слободните радикали. Тие го обезбедуваат организмот со потребните микроелементи, минерали, со потребната количина вода, која лесно продира во меѓуклеточниот простор и воедно, брзо и ефикасно го чисти организмот од насобраните токсини. Тоа е важно да се нагласи за сите, особено за децата и за постарите лица кај кои потребата за овие материи е нешто поголема. Најчеста асоцијација за чај е закрепнувачки топол напиток, здравје, опуштање или природна стимулација, затоа што употребен навечер, чајот опушта од напорниот работен ден, смирува, го олеснува варењето на храната и обезбедува подобар и помирен сон, а наутро буди, го освежува духот и мислата, ја поддржува креативноста и ја поттикнува волјата. Токму поради тоа, секој од нас во својата домашна аптека треба да има барем десетина лековити растенија или чаеви, како на пр.: камилица, мајчина душица, коприва, бозел, јаглика, кантарион, босилек, ајдучка трева, коишто во секое време ќе ни бидат на располагање за да се решат едноставни здравствени проблеми.

Пациентите, кои во сè поголем број се заинтересирани за природниот начин на лекување, во нашата Билна аптека можат да добијат комплетен асортиман чаеви, како и исцрпни стручни информации за нивната примена. Многубројните чаеви кои ќе ги најдете во аптеката, како и помошните лековити средства, сочинуваат една од најбогатите палети, чија композиција е идеална, а во медицинската практика тие се потврдени со нивната 30-годишна традиција како темел на лекувањето. Вработените во аптеката секогаш се подготвени и расположени да Ви предложат комбинации од повеќе чаеви или еднокомпонентни билки, како и готови производи за точно определена индикација и болест, да Ви го објаснат начинот на подготовка на чајот, како и начинот на негово користење. Честопати, посетителите во Билната аптека по сопсвтвено барање добиваат информации и за собирање на лековитите билки, за условите и за начинот на нивно сушење, како и информации за подготовка во домашни услови на некои кремови, облоги или друг вид препарати од билки. Поради наведеното, аптеката претставува не само продажен туку и едукативен и консултативен центар, единствен од овој вид во Македонија.

Денес го славиме денот на жената - ден посветен на сите храбри жени, нивната сила, љубов и инспирација што ја носат секо...
08/03/2026

Денес го славиме денот на жената - ден посветен на сите храбри жени, нивната сила, љубов и инспирација што ја носат секој ден.
Среќен 8 Март 🌸!
Тимот на Билна Аптека

Алакалакс микс е она што ќе го надополни природниот баланс на твојот систем!Кога сакаш рамнотежа и поддршка на нормалнот...
05/03/2026

Алакалакс микс е она што ќе го надополни природниот баланс на твојот систем!

Кога сакаш рамнотежа и поддршка на нормалното функционирање на дигестивниот систем, Алакалакс микс е тука.

Шолја топол чај од шипка со хибискус и омилените колачиња се совршен изговор за пауза.Која е твојата пауза денес ☺️?
28/02/2026

Шолја топол чај од шипка со хибискус и омилените колачиња се совршен изговор за пауза.
Која е твојата пауза денес ☺️?

Коњско опавче, природен извор за рамнотежа во твоето тело! Билка со долга традиција, ценета по својот состав и секојднев...
26/02/2026

Коњско опавче, природен извор за рамнотежа во твоето тело!

Билка со долга традиција, ценета по својот состав и секојдневна примена.
Коњското опавче е познато како природен сојузник за оние што сакаат
поддршка во секојдневниот здрав живот.

Едноставен избор за секој ден!Сет чаеви нане или камилица по промотивна цена од 106 денари. Мал ритуал за мир и свежина,...
24/02/2026

Едноставен избор за секој ден!
Сет чаеви нане или камилица по промотивна цена од 106 денари. Мал ритуал за мир и свежина, пронајди го во Билна Аптека.

Февруари е месец на нежна грижа🩵! За купени Becutan производи во вредност од 700 денари добивате подарок брендиран ранец...
20/02/2026

Февруари е месец на нежна грижа🩵!
За купени Becutan производи во вредност од 700 денари добивате подарок брендиран ранец или Becutan бањарка🎁!
Посети не и искористи ги продажните акции додека траат.

Топлина во шолја и подарок за уживање🎁!Избери Good Nature сет со зимски чај или Енерго Ц или Имуно Zn чај и добиј шолја ...
18/02/2026

Топлина во шолја и подарок за уживање🎁!
Избери Good Nature сет со зимски чај или Енерго Ц или Имуно Zn чај и добиј шолја на подарок.
Февруарски акции во Билна Аптека што го прават секој момент поубав.

Нежна грижа за најмалите🩵!Becutan Aqua влажните марамчиња сега на продажна акција во Билна Аптека! Избери го твоето паку...
17/02/2026

Нежна грижа за најмалите🩵!

Becutan Aqua влажните марамчиња сега на продажна акција во Билна Аптека! Избери го твоето пакување и обезбеди секојдневна свежина и заштита за бебешката кожа.

Со Becutan Sensitive Mild Baby Shampoo секое капење станува момент на чиста радост и грижа💙. Овој шампон е развиен специ...
14/02/2026

Со Becutan Sensitive Mild Baby Shampoo секое капење станува момент на чиста радост и грижа💙. Овој шампон е развиен специјално за најчувствителната кожа и косичка на бебињата со no-tears формула која не иритира очиња и не предизвикува солзење, што значи повеќе насмевки и помалку грижи за вас.

Уживај во моментот со чаша зелен чај со нане!Без компликации, без вишок зборови, само добар чај.
12/02/2026

Уживај во моментот со чаша зелен чај со нане!
Без компликации, без вишок зборови, само добар чај.

Откриј го благодетот на природата со ленено семе! Семе богато со влакна, есенцијални масни киселини и растителни нутриен...
11/02/2026

Откриј го благодетот на природата со ленено семе!

Семе богато со влакна, есенцијални масни киселини и растителни нутриенти!

Како ти помага?
✨ Поддржува здрава дигестија
✨ Го намалува нивото на холестерол
✨ Богат извор на омега-3 и растителни влакна
✨ Супер додаток за твојот оброк или смуди

Само додади 1-2 лажици во твоето смуди или овесна каша за дополнителен здрав бран на енергија!

Ким, малото семе со голема арома! Овие мали семиња не само што носат интензивна и благородна арома, туку се и традициона...
07/02/2026

Ким, малото семе со голема арома!
Овие мали семиња не само што носат интензивна и благородна арома, туку се и традиционален додаток во лебови, печива, чорби и салати.

Откриј ја магијата на кимот, затоа што вистинскиот вкус се крие во деталите.

Address

11 Oktomvri 46
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:00 - 20:00
Tuesday 07:00 - 20:00
Wednesday 07:00 - 20:00
Thursday 07:00 - 20:00
Friday 07:00 - 20:00
Saturday 07:00 - 14:00

Telephone

+38923237975

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bilna Apteka posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram