21/11/2025
Со .krug заедно со
и .mk.prenatal.education оваа недела го организиравме последниот за оваа година Бизнис нетворкинг за жени, мајки.
Од прв скромен настан со едвај 30, дојдовме до број кој уште ми звучи нереален.
Уште учиме и ние да го одиме овој пат- но сите три не сакаме да го одиме сами.
Затоа што...
Женското претприемништво е процес на градење култура што ја надминува личната амбиција и станува заедничко наследство.
Во тој процес, женската поддршка има исклучителна улога: таа создава мрежа на доверба, охрабрување и заедништво во која секоја од нас може да се издигне повисоко. Кога жените се поддржуваат, тие не градат само бизниси – туку создаваат средина што инспирира, отвора врати и ги зајакнува сите што доаѓаат по нив.
Со секоја идеја претворена во реалност и со секој успех споделен со другите, поставуваме нови стандарди за она што е возможно.
Така создаваме иднина каде новите генерации жени ќе растат со повеќе слобода, самодоверба и претприемачки дух.
Нашиот труд денес станува темел за нивната храброст утре.
Да продолжиме да си поддаваме рака една -на друга. 💫