Laser Med

Laser Med Центар за физикална и кинезитерапија

ДОКОЛКУ САКАТЕ НЕШТО РАЗЛИЧНО - ВРЕМЕ Е ДА СТЕКНЕТЕ НОВА ВЕШТИНА - ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖАТермини за одржување на обуката: ...
26/09/2023

ДОКОЛКУ САКАТЕ НЕШТО РАЗЛИЧНО - ВРЕМЕ Е ДА СТЕКНЕТЕ НОВА ВЕШТИНА - ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА
Термини за одржување на обуката:
1. 07-08.10.2023
2. 28-29.10.2023
3. 04-05.11.2023
Место за одржување на обуката:
Ласер Mед
Ул. "Методија Шаторов –Шарло" 15/1-10
1000 Скопје
Информации, прашања и пријавување на:
Тел: 070 / 338-754, 02/ 2466-021
E-mail: contact@lasermed.com.mk
Програма за обука за масажа
⬇⬇⬇
Програмата за почетниците на обуката по масажа, се состои од:
- Историски развој и увод во масажа
- Поделба и видови на масажа
- Индикации и контраиндикации
- Биолошко дејство
- Коскено-мускулен систем
- Масажни зафати и подзафати
- Прием на клиент
- Средства за масажа
- Припрема на масерот.
Обуката трае 16 часови по цена oд 21,700 ден (350€).
Во цената влегуваат:
-Скрипта
-Материјал за работа
Теоретскиот дел се 4 часа, а практичниот се 12 часа. Еден час трае 45 мин.
Учесниците на обуката ќе бидат обучени сами да ја спроведат основната масажа.
ДОБИВАТЕ:
1.Стручна обука со лиценциран физиотерапевт со долгогодишно искуство
2. Теоретска и практична настава во модерно опремени простории
3. Скрипта со наставниот материјал
4. Сертификат
Подробно објаснување за курсот
Теоретска настава
Теоретските часови вклучуваат 4 часови предавања каде што се опфатени следниве теми:
• Историја на масажа
• Запознавање со анатомија и физиологија на мускулите
• Видови на масажи
• Простор и работни површини за масажи
• Производи за масажа
• Подготовка на терапевт-масер за изведување на масажи
• Факти за масажа
• Индикации и контраиндикации за масажа
Практична настава
Во прилог на стекнатото теоретско знаење и некое претходно знаење за масажа, вештината на идните масери се стекнува со прикажување на точни начини за изведување на техниките на движењата, со објаснување за секој сегмент на телото и тоа:
• почетната позиција на телото на масерот;
• почетната положба на рацете и прстите;
• насока на движењата за масажа;
• ритам на изведување на движењата;
• интензитетот на движењето на масажата;
• пасивни движења во сите сегменти на телото.
Техниките за масажа се прикажани од позиција на грбот и абдоменот. На крајот на нашиот курс за масажа, останува на секој масер да комбинира што ќе примени од стекнатото знаење за време на масажата.
Масер претставува личност која со помош на рацете или со некои специјални уреди влијае на напнатоста на мускулите на телото. Тој со помош на масажните зафати ги релаксира мускулите, ја намалува болката и ја подобрува фунционалноста на одредени делови од телото. Тој, внимава и на изгледот на кожата, при што применува разни начини за нега на кожата, детоксикација, отстранување и спречување на целулит. Целта на третманот е масерот преку масажата да се влијае на подобрување на циркулацијата на крвта, да се намалат проблемите во одредени делови од телото и секако да се подобри расположението на вашиот клиент.
Масерот треба да има чувство за ритам и чувство со кое би ги координирал своите движења и ќе обезбеди олеснување со соодветен притисок врз одредени делови од телото, така што прецизноста е многу неопходна. Исто така, една од основните работи е трпеливоста и можноста да се слушаат и разбираат потребите на клиентот, а издржливоста и силата секако се пожелни.
Масажите можат да се поделат на неколку типа: спортска масажа, козметичка масажа, терапевтска масажа и релаксациона масажа. Тие може да се изведуваат во бањи, болници, козметички салони, спа центри....

Пешачењето - физичка активност која ќе ви го чува Вашето здравје.     #бенефититенасекојдневнотопешачење  #пешачетезадаб...
18/09/2023

Пешачењето - физичка активност која ќе ви го чува Вашето здравје.

#бенефититенасекојдневнотопешачење #пешачетезадабидетездрави

18/09/2023

ФИЗИОТЕРАПЕВТ - Кариера

Центар за Физикална и Кинезитерапија ЛАСЕР МЕД - Скопје,
вработува ФИЗИОТЕРАПЕВТ со или без работно искуство.

Заинтересираните кандидати своето CV можат да го испратат на e-mail: laser_med@yahoo.com

web: lasermed.com.mk
070/333 235

#вработување #физиотерапевт #кариера #физиотерапевтскитехничар

Центар за физикална и кинезитерапија

ЦЕРВИКОБРАХИЈАЛЕН СИНДРОМ – многу чест здравствен проблем кај современиот човек 👉Цервикобрахијалниот синдром  претставув...
14/09/2023

ЦЕРВИКОБРАХИЈАЛЕН СИНДРОМ – многу чест здравствен проблем кај современиот човек

👉Цервикобрахијалниот синдром претставува група на симптоми кои се манифестираат со болка и вкочанетост во вратот, рамениот појас, главоболка, болка долж едната или двете раце и трнење во рацете. Познато е и како цервикобрахиалгија поради што има компресија на брахијалниот плексус (група) нерви кои излегуваат од цервикалниот 'рбет, се протегаат до рамото, по должината на раката и завршуваат во рака.
Повеќе информации можете да прочитате на нашата веб страна, на следниот линк:
https://lasermed.com.mk/2023/09/05/%d1%86%d0%b5%d1%80%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%85%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d0%b8%d0%bd%d0%b4%d1%80%d0%be%d0%bc-%d0%bc%d0%bd%d0%be%d0%b3%d1%83-%d1%87%d0%b5
#брахијаленсиндром #вратнаспондилоза #физикалнатерапија #болкивовратотираката

ЦЕРВИКОБРАХИЈАЛЕН СИНДРОМ – многу чест здравствен проблем кај современиот човек Што претставува Цервикобрахијален сидром ? Цервикобрахијалниот синдром претста....

“8-ми Септември - Светскиот ден на физикалната терапија“  Оваа година Светскиот ден на физикалната терапија е посветен н...
08/09/2023

“8-ми Септември - Светскиот ден на физикалната терапија“

Оваа година Светскиот ден на физикалната терапија е посветен на Артритисот, со повеќе акцент на некои форми како што е ревматоиден артритис, аксијален спондилоартритис, јувенилен идиопатски артритис.
Доколку имате ваков проблем важно е навремено да се јавите кај Физиотерапевт кој ќе ја процени вашата состојба и вашите способности според кои ќе го одреди потребниот третман и активност.

#светскиденнафизикалнататерапија #деннафизиотерапевтите

ИСКОРИСТЕТЕ ГО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД И СТЕКНЕТЕ СЕ СО НОВА ВЕШТИНА - ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖАТермини за одржување на обуката: 1. 02...
09/08/2023

ИСКОРИСТЕТЕ ГО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД И СТЕКНЕТЕ СЕ СО НОВА ВЕШТИНА - ПРОФЕСИОНАЛНА МАСАЖА
Термини за одржување на обуката:
1. 02-03.09.2023
2. 07-08.10.2023
Место за одржување на обуката:
Ласер Mед
Ул. "Методија Шаторов –Шарло" 15/1-10
1000 Скопје
Информации, прашања и пријавување на:
Тел: 070 / 338-754, 02/ 2466-021
E-mail: contact@lasermed.com.mk
Програма за обука за масажа
⬇⬇⬇
Програмата за почетниците на обуката по масажа, се состои од:
- Историски развој и увод во масажа
- Поделба и видови на масажа
- Индикации и контраиндикации
- Биолошко дејство
- Коскено-мускулен систем
- Масажни зафати и подзафати
- Прием на клиент
- Средства за масажа
- Припрема на масерот.
Обуката трае 16 часови по цена oд 21,700 ден (350€).
Во цената влегуваат:
-Скрипта
-Материјал за работа
Теоретскиот дел се 4 часа, а практичниот се 12 часа. Еден час трае 45 мин.
Учесниците на обуката ќе бидат обучени сами да ја спроведат основната масажа.
ДОБИВАТЕ:
1.Стручна обука со лиценциран физиотерапевт со долгогодишно искуство
2. Теоретска и практична настава во модерно опремени простории
3. Скрипта со наставниот материјал
4. Сертификат
Подробно објаснување за курсот
Теоретска настава
Теоретските часови вклучуваат 4 часови предавања каде што се опфатени следниве теми:
• Историја на масажа
• Запознавање со анатомија и физиологија на мускулите
• Видови на масажи
• Простор и работни површини за масажи
• Производи за масажа
• Подготовка на терапевт-масер за изведување на масажи
• Факти за масажа
• Индикации и контраиндикации за масажа
Практична настава
Во прилог на стекнатото теоретско знаење и некое претходно знаење за масажа, вештината на идните масери се стекнува со прикажување на точни начини за изведување на техниките на движењата, со објаснување за секој сегмент на телото и тоа:
• почетната позиција на телото на масерот;
• почетната положба на рацете и прстите;
• насока на движењата за масажа;
• ритам на изведување на движењата;
• интензитетот на движењето на масажата;
• пасивни движења во сите сегменти на телото.
Техниките за масажа се прикажани од позиција на грбот и абдоменот. На крајот на нашиот курс за масажа, останува на секој масер да комбинира што ќе примени од стекнатото знаење за време на масажата.
Масер претставува личност која со помош на рацете или со некои специјални уреди влијае на напнатоста на мускулите на телото. Тој со помош на масажните зафати ги релаксира мускулите, ја намалува болката и ја подобрува фунционалноста на одредени делови од телото. Тој, внимава и на изгледот на кожата, при што применува разни начини за нега на кожата, детоксикација, отстранување и спречување на целулит. Целта на третманот е масерот преку масажата да се влијае на подобрување на циркулацијата на крвта, да се намалат проблемите во одредени делови од телото и секако да се подобри расположението на вашиот клиент.
Масерот треба да има чувство за ритам и чувство со кое би ги координирал своите движења и ќе обезбеди олеснување со соодветен притисок врз одредени делови од телото, така што прецизноста е многу неопходна. Исто така, една од основните работи е трпеливоста и можноста да се слушаат и разбираат потребите на клиентот, а издржливоста и силата секако се пожелни.
Масажите можат да се поделат на неколку типа: спортска масажа, козметичка масажа, терапевтска масажа и релаксациона масажа. Тие може да се изведуваат во бањи, болници, козметички салони, спа центри....

08/08/2023
СПИНАЛНА ЦЕРВИКАЛНА ДЕКОМПРЕСИЈА
31/07/2023

СПИНАЛНА ЦЕРВИКАЛНА ДЕКОМПРЕСИЈА

https://lasermed.com.mk/2023/07/26/%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%b0%d0%b6%d0%b0-%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%bf%d0%be-%d0%be%d1%...
26/07/2023

https://lasermed.com.mk/2023/07/26/%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%b0%d0%b6%d0%b0-%d0%ba%d1%83%d1%80%d1%81-%d0%bf%d0%be-%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b0%d1%81%d0%b0%d0%b6%d0%b0-3/

Нашата Установа во склоп на имплементација на Обуки од областа физикална терапија и медицинска рехабилитација во период од 22-23.07 2023 година, успешно го реализираше Курсот по Основи на Масажата.

Честитки до учесниците и им посакуваме успешна работа.

ВЕНДУЗИ ТЕРАПИЈА во борба против ЦЕЛУЛИТОТДобриот изглед, создава чувство на пријатност, самодоверба и радост!Вендузи ил...
19/07/2023

ВЕНДУЗИ ТЕРАПИЈА во борба против ЦЕЛУЛИТОТ

Добриот изглед, создава чувство на пријатност, самодоверба и радост!

Вендузи или Cupping терапија, претставува миофасциална декомпресија или вакум терапија, чие дејство се должи на намалување на притисокот на поткожното ткиво.
Една од најдобрите терапии во третман на длабоко ткивно делување.
Се смета дека може да делуваат и до 10см. длабочина на ткивото под кожата.
Комбинацијата на техниката со вакум масажа, доведува до намалување или целосно исчезнување на масните депоа-целулитот, подобрување на циркулацијата, стимулација на создавање на колагенот и со самото тоа го подобрува квалитетот на ткивото и кожата.

Особено важно е дека третманот со вендузи ги изведува стручно лице со адекватно високо медицинско образование.

Повелете во Laser Med.
Јавете се на 02/2466-021 или на 070/338-754.

Ве очекуваме!

https://lasermed.com.mk/

#вендузи

💥Метатарзалгија 👉Метатарзалгија претставува појава на болка во предниот дел на стапалото, особено помеѓу втората, третат...
29/06/2023

💥Метатарзалгија

👉Метатарзалгија претставува појава на болка во предниот дел на стапалото, особено помеѓу втората, третата и четвртата метатарзална коска на стапалото. Болката е остра, продорна, со чувство на жарење, се зголемува при долго стоење или одење особено на цврста подлога.
Главни причинители за појавата на метатарзалгијата се: носењето на тесни и неадекватни обувки кои го деформираат стапалото, зголемената телесна тежина која допринесува поголем притисок на стапалото и стапало со висок свод, напорни спортови кои го зголемуваат притисокот во предниот дел на стапалото....
Метатарзалгијата најчесто се јавува кај повозраните, но и кај луѓе со средна возраст, особено кај лица на кои работата им е со долго стоење.

👉Како да препознаете дека го имате овој проблем?
- При одење имате болка во предниот дел на табаните
- Имате чувство како да газите на “перниче“

Во однос на третманот прво треба да се обезбедат меки ортопедски влошки, комотни обувки и физикална терапија.
👉Доколку имате таков проблем јавете се, тимот на “Ласер Мед“ Ве очекува да ви помогне!

#физикалнатерапијазаметатарзалгија #терапијазаболностапало #ласеротерапијазаболностапало

✨КОКСАРТРОЗА- артроза на колк👉КОКСАРТРОЗА или артроза на колкот претставува дегенеративна промена на зглобната површина ...
26/06/2023

✨КОКСАРТРОЗА- артроза на колк

👉КОКСАРТРОЗА или артроза на колкот претставува дегенеративна промена на зглобната површина на колкот и главата на бутната коска, која доведува до стеснување на зглобниот простор и нарушување на функционалноста на колкот. Се манифестира со силна болка во препонската регија на колкот и рефлексија на болката кон натколеницата до коленото.
Почетни симптоми се:
- болка при искачување или спуштање по скали со скратување на чекорот,
- дискомфорт при клекнување со отежнато исправување од клекната положба.
Во понапредната фаза нагласени се ограничувањата на движењата во колкот и значајно е накривнувањето при од по рамна подлога.
Промените се иреверзибилни. `Рскавицата како ткиво кое нема крвни садови се исхранува само од синовијалната течност во зглобот. Поради тоа навреме почнатиот физикален третман потпомага во исхраната на `рскавицата, а со тоа влијае во подобрувањето на подвижноста во зглобот, спречува појава на контрактура или вкочанетост на колкот и овозможува нормално функционирање во секојдневните активности.
Во понапреднатата фаза каде веќе има ограничувања на движењата и дегенеративните промени во зглобот се доста напреднати, се прави хируршка интервенција и ендопротетска замена на зглобот, односно “ендопротеза на колк“.
За да ги спречите напредните промени, превенирајте со навремена рехабилитација. Тимот на Ласер Мед е тука за вас. Јавете се на 02/2466- 021 и закажате на време.

#артрозанаколк #болкивоколкот

Address

Улица Методија Шаторов/Шарло 15/1/10

151-10

Opening Hours

Monday 10:00 - 20:00
Tuesday 12:00 - 20:00
Wednesday 12:00 - 20:00
Thursday 12:00 - 20:00
Friday 12:00 - 20:00
Saturday 09:00 - 14:00

Telephone

+38922466021

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Laser Med posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Laser Med:

  • Want your practice to be the top-listed Clinic?

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram