Advanced Medical Instruments – AMI е италијанска компанија која во своето работење вгради знаење и искуство од областа на електро – медицинската технологија благодарение на тимот на научници од Италија и ширум светот кои се здружија во оваа компанија за да можа своето знаење да го преточат во уреди кои ќе им помагаат на луѓето во решавањето на естетските и медицински проблеми.
Уредите кои ги пр
оизведува AMI произлегуваат од најновите научни достигнувања и сè меѓу најквалитетните естетски и медицински уреди кои се моментално достапни во светот.
За да бидат сигурни дека ќе ги задоволат сите барања на пазарот и клиентите, стручност и постојаност, Advanced Medical Instruments имплементираше Состав на контрола и осигурување на квалитетот според UNI EN ISO 9001:2008 и UNI EN ISO 13845:2004 стандардите.
Сите уреди се резултат на инвестиција во истражување и развој на нови, неинванзивни технологии тестирани на престижните италијански и европски универзитети. Уредите и сите нивни делови доаѓаат од нивните производни погони сместени во Италија.
На големата палета на естетски уреди кои се моментално присутни на пазарот, AMI се истакнува со својот квалитет и компетенција кои ги препознаа и прифатија корисници ширум светот.