16/04/2026
💢Оценувањето на учениците како процес и резултат💢
На овој вебинар ќе се разгледаат современите пристапи кон оценувањето, со цел унапредување на наставната практика и појасно разбирање на напредокот на учениците.
Ќе бидат обработени следните клучни содржини:
●Формативното оценување- кое не е само проверка на знаењето – тоа е континуирана поддршка за учење и развој;
●Сумативно оценување – завршно вреднување на постигнувањата на ученикот на крај од одреден период за нивниот напредок и неговата улога во образовниот процес;
●Описно оценување -квалитативен начин на изразување на постигнувањата, кој дава детална повратна информација за знаењата, вештините, ставовите и напредокот на ученикот, со акцент на индивидуалниот развој;
●Нумеричко оценување – квантитативно изразување на успехот преку оценки, кое овозможува споредливост и јасна скала на постигнувања;
●Ученичко портфолио – алатка за систематско следење на развојот, постигнувањата и индивидуалниот напредок на ученикот
●Психолошкото влијание на оценувањето во развојот на учениците.
Вебинарот ќе го водат:
👉 д-р Сузана Никодиновска Банчотовска, редовен професор на Педагочки факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје, каде предава Дидактика и изборни предмети. Сенатор е во Универзитетскиот Сенат на УКИМ. Има објавено неколку стручни книги и над седумдесетина статии во стручни списанија. Учествува на конгреси и симпозиуми и член е во меѓународни и домашни научно- истражувачки проекти. Рецензент е на учебникарска и прирачна литература. Има реализирано неколку студиски престои во странство. Вклучена е во организација и реализација на работилниции обуки од областа на воспитанието и образованието и е акредитиран обучувач
👉 м- р Валентина Ангеловска- Ќиевска, педагог со 33 годишно искуство и Гешталт терапевт. Организатор на работилници и индивидуални психотерапии со деца и возрасни. Еден од основачите на МОДИ ЦЕНТАР . Говорник и автор на bidi_roditel инстаграм профилот.
📢❗Следува Сертификат за учество на вебинарот! 3 бода
Ден: 23.04.2026/ Microsoft Teams
Час: 18.00 - 21.00
Цена: 1200ден
Жиро сметка - Халк Банка: 270 072 737 540 140
Тел 070/611333 Валентина
Линк за пријава во био