3DLoom

3DLoom Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from 3DLoom, Medical and health, Ivan Agovski 13/2/24, Skopje.

Специјализирана компанија за 3D печатење на медицински помагала кои ја подобруваат грижата за пациентите и образованието од областа на медицината.

Нашата напредна технологија создава персонализирани ортози, прецизни хируршки водичи и детално 3D печатење

Горди на нашата најнова соработка со д-р Биљана Цветановска Илиевски Biljana Cvetanovska   - комплексна корективна остео...
16/01/2026

Горди на нашата најнова соработка со д-р Биљана Цветановска Илиевски Biljana Cvetanovska - комплексна корективна остеотомија кај пациентка со лошо зарасната скршеница на дистален радиус.

✅ Предизвикот: Лошо зарасната скршеница која бараше прецизна корективна остеотомија со компресија на крвните садови за да се спречи крварење.

✅ Нашето решение: Персонализиран 3D-печатен хируршки водич - инструмент дизајниран врз основа на уникатната анатомија на пациентката.

✅ Резултатот:

- Операција завршена за само 80 минути
- Без потреба од повеќекратни паузи за да се овозможи васкуларизација на ткивото
- Процедурата заврши безбедно во оптималниот временски рок
- Пациентката се опоравува без дополнителни предизвици

Ново интервју со нашиот соосновач д-р. Stefan Arsenkov за fakulteti.mk Прочитајте го истото во целост тука 👇
23/10/2025

Ново интервју со нашиот соосновач д-р. Stefan Arsenkov за fakulteti.mk

Прочитајте го истото во целост тука 👇

Со примената на 3Д-моделите во здравството се доближуваме до најразвиените земји во светот, вели доктор Стефан Арсенков, специјалист по абдоминална хирургија во Ун...

27-ми годишен конгрес на Европското здружение на хирурзи во Бари.Од 5 до 8 октомври, во Бари, Италија, се одржува 27-мио...
06/10/2025

27-ми годишен конгрес на Европското здружение на хирурзи во Бари.

Од 5 до 8 октомври, во Бари, Италија, се одржува 27-миот годишен состанок и конгрес на Европското здружение на хирурзи.

Нашиот основач, д-р Стефан Арсенков, беше поканет од страна на организаторите да зборува на овој престижен настан.

За време на неговата презентација, д-р Арсенков говореше за критичната важност на интегрирањето на 3Д моделите во рутинските протоколи за третман на комплексни хируршки случаи, истакнувајќи ги значителните клинички бенефити што истите ги нудат и за хирурзите и за пациентите.

Посебна благодарност до проф. д-р Андреј Николовски.

Ни претставува чест и задоволство што бевме дел од тимот што работеше на овој комплексен случај 👇
21/09/2025

Ни претставува чест и задоволство што бевме дел од тимот што работеше на овој комплексен случај 👇

Летнo уживање, без ограничувања! ☀️🏖️9-годишниот Ј. си го скрши зглобот на раката само неколку дена пред семејно патувањ...
04/07/2025

Летнo уживање, без ограничувања! ☀️🏖️

9-годишниот Ј. си го скрши зглобот на раката само неколку дена пред семејно патување на море.

Но, она што можеше да биде разочарувачка пречка, се претвори во доказ за можностите на модерната технологија!

Нашиот тим за брзо време дизајнираше и изработи 3Д печатена и водоотпорна ортоза која ќе му овозможи на Ј. слободно да ужива во морето додека неговиот зглоб безбедно заздравува.

Зошто? Бидејќи секое дете заслужува максимално да ужива во летниот распуст!

Интервју со нашиот коосновач Стефан Смиљаноски за Унијата на млади претприемачи – Phoenix Rising . 🙌Во него, Стефан спод...
11/06/2025

Интервју со нашиот коосновач Стефан Смиљаноски за Унијата на млади претприемачи – Phoenix Rising . 🙌

Во него, Стефан споделува повеќе за своето претприемачко патување во рамки на нашата компанија, како и за тоа како членството во Унијата доведе до нашата соработка со Digital Den Hub.

Прочитајте го целото интервју тука 👇

Стефан е еден од оние членови кои сакаат да се дружат, да учат и да разменуваат идеи. Затоа успехот е неминовен, а ние сме посебно горди што може да помогнеме во тој п....

🚨 Major Milestone Update! 🚨Минатиот месец, со помош на овој 3D-печатен проѕирен модел на црн дроб, успешно беше испланир...
05/06/2025

🚨 Major Milestone Update! 🚨

Минатиот месец, со помош на овој 3D-печатен проѕирен модел на црн дроб, успешно беше испланирана и изведена операција за отстранување на дел од црниот дроб кај 39-годишна пациентка со голем бениген тумор на црниот дроб. 🎯

По речиси две години развој, создадовме волку јасен и детално анатомски прецизен модел кој ги прикажува сите важни внатрешни структури — крвни садови, позиција на туморот и нивната меѓусебна поставеност. Ваква прегледност не е можна за време на самата операција.

💡 Зошто е ова важно:

✅ Подобро планирање пред операција
✅ Побезбедна и попрецизна хируршка интервенција
✅ Можност да се прифатат сложени случаи кои претходно беа упатувани во други центри или воопшто не се земаа предвид

Овој модел не само што помогна — туку целосно ја смени стратегијата на хирурзите за пристап кон случајот.

👉 Да, знаеме дека има уште многу работа пред нас — но се движиме напред, и неверојатно сме горди на тоа.

Ова е голем исчекор, не само за нас како компанија, туку и за иднината на персонализираната хирургија. Одиме понатаму! 💪🩺

Нашиот ко-основач Стефан Смиљаноски е во Вашингтон, САД, каде што ќе нè претставува на престижниот SelectUSA Investment ...
11/05/2025

Нашиот ко-основач Стефан Смиљаноски е во Вашингтон, САД, каде што ќе нè претставува на престижниот SelectUSA Investment Summit 2025 ✨

Горди сме што имаме можност да ја претставиме нашата работа и да покажеме како персонализираните 3D-печатени анатомски модели ја менуваат предоперативната подготовка нудејќи повеќе прецизност, персонализација и сигурност за хирурзите и пациентите низ целиот свет. 🌍

Овој самит е огромен исчекор за 3DLoom бидејќи на истиот имаме можност да се претставиме на американскиот пазар, но и да се поврзуваме со глобални иноватори и инвеститори кои веруваат во иднината на персонализираната медицина.

📍Следете нè за да ги видите најинтересните моменти од Вашингтон!

Ни претставува особена чест да сме дел од овој текст на Bloomberg Adria MKD на тема користењето на вештачката интелигенц...
27/03/2025

Ни претставува особена чест да сме дел од овој текст на Bloomberg Adria MKD на тема користењето на вештачката интелигенција во полето на медицината. 🦾🥼🩺

Текстот во целост може да го прочитате тука 👇

Вештачката интелигенција со години е присутна во медицината, каде што се користи за автоматизирање на дијагностиката и за подобрување на третманот.

Голема благодарност до Radio Slobodna Evropa na Makedonski за можноста да ја споделиме нашата приказна на нивниот подкас...
07/03/2025

Голема благодарност до Radio Slobodna Evropa na Makedonski за можноста да ја споделиме нашата приказна на нивниот подкаст „Зошто?' 🙌

📢 Доктор Стефан Арсенков е единствениот македонски хирург и еден од неколкумина во светот кој оперирал со помош на очила за виртуелна реалност. Со помош на новите технологии тој создава и 3Д модели како реплика на органите на пациентите, за да се подготви пред операција. Праксата, вели, јасно ја покажува ефикасноста на ваквиот пристап, а за ова се заинтересирани и колегите од странство.
📢 Подкастот е на линкот https://tinyurl.com/5n86dcfn
📢 Новинарка: Емилија Бунтеска Нацоска https://tinyurl.com/5fyynjue
📢 #поткастзошто #подкаст #ЗОШТО #хирург #медицина

За време на викендот, нашиот ко-основач д-р. Стефан Арсенков имаше можност да говори на Next Generation Surgery конгресо...
03/03/2025

За време на викендот, нашиот ко-основач д-р. Стефан Арсенков имаше можност да говори на Next Generation Surgery конгресот во Тирана, Албанија, каде што ја претстави нашата иновативна примена на анатомски-прецизните 3Д испечатени модели за предоперативна подготовка, која досега е верификувана на повеќе од 40 успешно изведени операции.

Дополнително, на конгресот имавме чест да слушнеме и одлично предавање од проф. д-р. Горан Димитров од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство - Скопје, на кое тој ги сподели своите сознанија за примената на ласерска терапија во третманот на цервикалната интраепителијална неоплазија.

На симпозиумот присуствуваше и д-р. Башким Исмаили од Гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Скопје, кој беше модератор на една од сесиите.

Голема благодарност до сите што придонесоа за овој инспиративен настан и до Shoqata Shqiptare e Endoskopisë Gjinekologjike -SSEG за одличната организација. 🔬💡👩‍⚕️





Address

Ivan Agovski 13/2/24
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when 3DLoom posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram