22/04/2026
ЗВУЧНА КУПКА 🎵🪗🎶🎼🪇📀
Постои место ( АРМАДЕА 😁) каде што зборовите не допираат… каде што мислите се растопуваат како магла и останува само вибрацијата на присуството.
Звучната купка не е само нешто што се слуша. Таа е нешто што те пронаоѓа.
Во мигот кога телото ќе легне и ќе се предаде, садовите почнуваат да зборуваат на јазик што не сме го заборавиле, тивок и сеприсутен, јазикот на клетките, на водата во нас, на тишината што памети.
Секој тон е бран што поминува низ тебе,
ги допира местата каде што збор не стигнува, ги отвора вратите што долго биле затворени, нежно, без напор, без намера.
И нешто во тебе почнува да се подредува…
како да се враќаш во првобитен ред, во природен склад што одсекогаш бил таму.
Петер Хесс садовите создаваат точно определен звук и со тоа тие создаваат безконечен,, магичен простор.
Простор во кој можеш да се растопиш,
да се исцелиш, да се сетиш.
Таму каде што нема „треба“ и нема „мора“
само дишење и бран и меко присуство.
Тогаш телото се опушта и се ослободува од тежини што не се негови, умот се смирува и тивко се повлекува, енергијата се усогласува во својот природен тек,
внатрешниот простор се отвора и почнува да свети.
Ова е сеќавање.
Сеќавање на тишината од која си создаден/а.
Сеќавање на звукот што те држи жив/а.
Сеќавање на домот во себе.
И кога ќе заминеш…можеби ништо надвор нема да се промени, но ти ќе бидеш поинаква/ов.
Помек/а. Поприсутен!/на.
Повеќе ТИ.
Своето знаење и вештини со нас ги споделува Снежана.
Датум: 24.4
Место: Рузвелтова 22
Време: 18 ч.
Учество: 1200 ден.
Пријавување: 070204998 или порака✨