ZAN MITREV

ZAN MITREV Sustainable healthcare with improved values for the patients Болница

Ова е едно мало, но навистина силно девојче. 🩷Само една недела по раѓањето, за првпат беше откриено дека има сериозни ср...
30/04/2026

Ова е едно мало, но навистина силно девојче. 🩷

Само една недела по раѓањето, за првпат беше откриено дека има сериозни срцеви дефекти, отвори меѓу преткоморите (ASD) и меѓу коморите (VSD). Дијагноза што секогаш носи грижа и неизвесност.

Вентрикуларниот септален дефект (VSD) е најчестата вродена срцева мана и сочинува околу 20% од сите вакви состојби. Кога дефектите се поголеми, срцето не може да функционира ефикасно. Белите дробови добиваат премногу крв, а и срцето и белите дробови работат под зголемен напор.

Кај ова мало девојче, симптомите постепено стануваа сè поизразени. Во текот на првите три месеци дома, дишењето беше забрзано и отежнато, често се потеше, брзо се заморуваше и тешко напредуваше во тежина.

Затоа беше донесена одлука за кардиохируршки третман.

Операцијата помина успешно. Следеше брзо опоравување, а по кратка хоспитализација замина дома.

Денес, таа е мирно, насмеано и активно бебе. Дише лесно, не се заморува и расте како што треба.

Приказна што потсетува дека навремената дијагноза и вистинскиот третман прават огромна разлика. 🩷

Кога размислувате за проширување на семејството, прашањата и дилемите се сосема нормални.Нашата Доц. д-р Ирена Андонова,...
29/04/2026

Кога размислувате за проширување на семејството, прашањата и дилемите се сосема нормални.

Нашата Доц. д-р Ирена Андонова, специјалист по гинекологија и акушерство при Центарот за мајка и бебе, споделува клучни чекори за ваша целосна поддршка во овој важен период:
✅ Подготовката е првиот чекор
Одлуката за бебе започнува пред зачнувањето. Се препорачува суплементација со фолна киселина и основна проценка на репродуктивното здравје преку хормонални анализи и ехо-преглед.
✅ Следење на бременоста Редовните контроли се клучни низ сите фази. Најважни се три скрининзи:
• Прв триместар – генетска проценка (PRISCA или NIPT).
• 18–20 недела – морфолошки ултразвук.
• 32-ра недела – проценка на растот и постелката.

✅ Породување и грижа за новороденчето
Се планира породувањето (начин, анестезија и присуство на партнер) за мајката да се чувствува мирно и сигурно. По раѓањето, бебето е под грижа на врвен педијатриски и неонатален тим.

„Нашата мисија е вашето репродуктивно здравје – да ве поддржиме во секој чекор, од планирање на семејството до првите прегледи на бебето, за секоја мајка да се чувствува смирено, сигурно и згрижено.“ – Доц. д-р Ирена Андонова.

#жанмитрев #жанмитревцентарзамајкаибебе #КлиникаЖанМитрев #бременост #породување #акушерство

28/04/2026

Колку пати сте отишле на стоматолог, но да направите рентген снимка ве испратиле на друга локација?

Во Жан Митрев Центарот за стоматологија, сè се случува под еден покрив – од првиот преглед до финалната насмевка!

Радиолошката дијагностика е достапна кај нас и обезбедува прецизна анализа за кариес, корени, ортодонтски третмани, нееруптирани заби, инфекции, цисти, тумори и планирање на импланти, со цел максимална безбедност и предвидливост на интервенциите.

Со рентген панорама и 3D компјутерската томографија ги гледаме сите детали во коската, нервите и синусите за сигурно и прецизно планирање на третманите.

#жанмитрев #жанмитревцентарзастоматологија #КлиникаЖанМитрев #стоматологија

Царски рез со царски третман!Во Центарот за мајка и бебе при Клиниката Жан Митрев, вашето породување е внимателно планир...
27/04/2026

Царски рез со царски третман!

Во Центарот за мајка и бебе при Клиниката Жан Митрев, вашето породување е внимателно планиран процес каде безбедноста и комфорот се на прво место.
Нашиот пакет за царски рез од 150.000 денари, нуди:

✅ Целосна транспарентност – без никакви скриени трошоци.
✅ Флексибилност – можност за плаќање на рати.
✅ Соработка со приватни здравствени осигурувања.
✅ Вклучени бесплатни акушерски прегледи по 36-та и многу други бенефиции..

Со депозит од само 12.000 денари, добивате и бесплатни микробиолошки генитални брисеви и комплетни предпородилни анализи.

Дозволете ни да се погрижиме за вашата сигурност додека вие уживате во првите моменти со вашето бебе.

#жанмитрев #жанмитревцентарзамајкаибебе #КлиникаЖанМитрев #бременост #породување #акушерство #породувањесоцарскирез

Со особено задоволство ги пречекавме учениците од Медицинското училиште СОУ „Јане Сандански“ – Штип, млади луѓе кои веќе...
27/04/2026

Со особено задоволство ги пречекавме учениците од Медицинското училиште СОУ „Јане Сандански“ – Штип, млади луѓе кои веќе го прават својот прв чекор кон професиите во здравството.

Преку посета на различни оддели во клиниката, тие имаа можност одблиску да се запознаат со болничката средина, тимската работа и посветеноста што стои зад секојдневната грижа за пациентите.

Ваквите средби овозможуваат знаењето стекнато во училница да се поврзе со реалната клиничка пракса, а за нас претставува чест да ги поддржиме и инспирираме идните генерации здравствени професионалци.

БЕСПЛАТЕН ИНТЕРАКТИВЕН ВЕБИНАР!Како вашите навики во исхраната влијаат на телесната тежина, здравјето и квалитетот на жи...
25/04/2026

БЕСПЛАТЕН ИНТЕРАКТИВЕН ВЕБИНАР!

Како вашите навики во исхраната влијаат на телесната тежина, здравјето и квалитетот на живот?
На 30 април во 11:00 часот, Татјана Павлова - Нутриционист, ќе зборува на тема „Импактот на исхраната врз појавата на дебелина и обезитет“.

Доколку се приклучите на нашиот БЕСПЛАТЕН ВЕБИНАР ќе дознаете повеќе за:
👉 Дебелината како болест и нејзиното влијание врз здравјето
👉 Како исхраната придонесува за појава на обезитет
👉 Улогата на преработена храна, шеќери и калориски вишок
👉 Влијанието на метаболизмот и хормоналниот баланс
👉 Поврзаноста на дебелината со кардиоваскуларни, хормонски и психолошки состојби
👉 Разликата помеѓу здраво слабеење и рестриктивни диети
👉 Најчестите грешки во исхраната што доведуваат до зголемување на тежината
👉 Практични препораки за балансирана исхрана и долгорочно одржување на тежината

Регистрирајте се на следниот линк: https://webinar.zmc.mk/register-webinar-obesity

24/04/2026

❤Успешно оперирано новороденче со ретка и тешка вродена срцева маана👶

Во Клиника Жан Митрев успешно беше изведена итна животоспасувачка операција кај новороденче старо само неколку дена, транспортирано од Косово со наш специјализиран неонатален транспорт, во инкубатор и на механичка вентилација, поради сериозна и ретка вродена срцева маана.

Станува збор за d-TGA (транспозиција на големите артерии), комплексна срцева аномалија при која аортата и белодробната артерија се поставени на погрешни позиции уште во текот на феталниот развој. Поради тоа, циркулацијата се одвивала со мешана артериска и венска крв, со недоволна оксигенација на органите и изразена цијаноза, состојба позната како синдром на „сино бебе“.

По приемот во тешка состојба, бебето најпрво беше стабилизирано, по што беше изведена ургентна операција на отворено срце од нашиот кардиохируршки тим предводен од д-р Жан Митрев.

Со успешната корекција и реконструкција на двете големи артерии, уште за време на самата операција беше видлива драматична промена: срцето од темносина боја ја доби својата природна црвена боја, а кожата на новороденчето здрава розова пребоеност, јасен знак за воспоставена нормална циркулација.

Следеше брзо постоперативно закрепнување. Само неколку дена подоцна, бебето дише самостојно, се храни и секој ден е сè поактивно.
Иако дијагнозата звучи застрашувачки, важно е да се знае дека оваа состојба успешно се лекува со навремена интервенција и високо специјализирана грижа. Овој случај е уште една потврда за експертизата и посветеноста на нашиот тим и за можностите на современата детска кардиохирургија.

💪На малиот борец му посакуваме здрав раст, правилен развој и живот без ограничувања. ❤🍀

Доаѓањето на пролетта често носи пад на енергијата кај трудниците. Нашите доктори објаснуваат дека ова не е случајност –...
24/04/2026

Доаѓањето на пролетта често носи пад на енергијата кај трудниците. Нашите доктори објаснуваат дека ова не е случајност – вашето тело во овој период поминува низ двоен процес на адаптација.

Тимот на Центарот за мајка и бебе „Жан Митрев“ ве советува како полесно да ја пребродите оваа фаза. Прочитајте во постот погоре ☝️

#жанмитрев #жанмитревцентарзамајкаибебе #КлиникаЖанМитрев #бременост #породување #акушерство

23/04/2026

Повеќе од породување – целосен систем на поддршка.

Во Центарот за мајка и бебе, веруваме дека секое раѓање е уникатна и посебна приказна. Токму затоа, создадовме концепт кој не е само медицинска процедура, туку интегративен пристап — сеопфатен систем на медицинска грижа, едукација и поддршка кој започнува пред породувањето и продолжува во сигурноста на вашиот дом.

Погледнете го видеото за да ги откриете сите детали и бенефиции што ги нудиме за вас и вашето новороденче! ☝️

#жанмитрев #жанмитревцентарзамајкаибебе #КлиникаЖанМитрев #бременост #породување #акушерство

Клиника Жан Митрев на Отворениот и кариерен ден 2026 на УГДОтворениот и кариерен ден 2026 на УГД уште еднаш покажа колку...
23/04/2026

Клиника Жан Митрев на Отворениот и кариерен ден 2026 на УГД

Отворениот и кариерен ден 2026 на УГД уште еднаш покажа колку е важно поврзувањето помеѓу младите, академскиот и бизнис секторот. Настанот обедини илјадници студенти и средношколци, како и над 50 компании, создавајќи простор за директна комуникација и нови можности.

Клиника Жан Митрев беше дел од овој значаен настан со свој штанд кој привлече огромно внимание и посетеност. Голем број студенти покажаа сериозен интерес, поставувајќи прашања поврзани со можностите за пракса и идно вработување, што уште еднаш ја потврдува атрактивноста на здравствениот сектор и довербата во нашата работа.

Особено ни беше драго што нашиот штанд го посетија и поранешни пациенти, кои споделија позитивни искуства и убави зборови, давајќи дополнителна вредност на целиот настан.

Продолжуваме да инвестираме во младите и да градиме иднина заедно ❤🍀

Најдобрата интервенција е онаа што сте ја спречиле на време! 🛡️Kариесот и воспалените непца се најчестите непријатели на...
22/04/2026

Најдобрата интервенција е онаа што сте ја спречиле на време! 🛡️

Kариесот и воспалените непца се најчестите непријатели на вашата насмевка, но добрата вест е дека тие можат целосно да се превенират. Иако домашната хигиена е клучна, професионалното чистење на забите е есенцијалниот чекор што прави разлика.

Со редовна профилакса се отстрануваат наслагите што четката не може да ги достигне, се штити здравјето на непцата и навреме се откриваат најмалите промени.

Зошто е значајно редовното професионално чистење на забите за оралното здравје. Прочитајте во постот 👆

Вашата насмевка заслужува континуирана грижа и превенција. Не чекајте проблем – делувајте навреме.

#жанмитрев #жанмитревцентарзастоматологија #КлиникаЖанМитрев #стоматологија

Многу идни мајки сонуваат за природно породување, но се плашат од болката. Во Центарот за мајка и бебе „Жан Митрев“, го ...
20/04/2026

Многу идни мајки сонуваат за природно породување, но се плашат од болката.

Во Центарот за мајка и бебе „Жан Митрев“, го менуваме тоа искуство. Со примена на најсовремени методи за безболно спонтано породување, ви овозможуваме да бидете целосно присутни во моментот кога вашето бебе доаѓа на свет – без непотребен стрес и болка.

Нашиот пакет за безболно спонтано породување е создаден да ви понуди многу повеќе од само медицинска грижа:
👉 4 бесплатни педијатриски прегледи на вашето бебе во првиот месец, вклучувајќи скринингзи и вакцинација.
👉 Бесплатни акушерски прегледи по 36 недела.
👉 Бесплатен контролен гинеколошки преглед за родилката.
👉 Комплетна лабораториска подготовка пред породување...
И многу други бенефиции за родилката и бебето по породувањето.

✅ Сите поволности од пакетот се достапни со претходен депозит од 12.000 денари, со кој дополнително добивате и бесплатни микробиолошки генитални брисеви и предпородилни анализи.

#жанмитрев #жанмитревцентарзамајкаибебе #КлиникаЖанМитрев #бременост #породување #бебе #мајкаибебе

Address

Bledski Dogovor 8
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ZAN MITREV posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ZAN MITREV:

Share

Category