ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје

ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје Специјалистички интернистички прегледи за матични и приватни пациенти

Денес нашата директорка, прим. д-р Ленче Нелоска, присуствуваше на  поставување камен-темелник за доградбата на основнот...
17/04/2026

Денес нашата директорка, прим. д-р Ленче Нелоска, присуствуваше на поставување камен-темелник за доградбата на основното училиште „Страшо Пинџур“.

Со оваа значајна инвестиција се создаваат подобри услови за учениците и наставниот кадар во Општина Ѓ. Петров.

Денес, во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Скопје, реализиравме инспиративна работилница во рамки на проектот „Со р...
15/04/2026

Денес, во Домот за стари лица „Мајка Тереза“ во Скопје, реализиравме инспиративна работилница во рамки на проектот „Со рачни изработки до личен развој: Развој на меки вештини преку одржлива мода“ (CRAFT2GROW). ✨

🧶 Преку креативни активности со волница, корисниците на домот активно учествуваа во изработка на декоративни цветчиња и практични торбички, поттикнувајќи ја нивната креативност, фина моторика и чувство на лична вредност.

🌱 CRAFT2GROW е меѓународен проект кој има за цел да развие иновативна наставна програма и практични активности базирани на одржлива мода, преку кои возрасните учесници и едукаторите ќе ги унапредуваат своите меки вештини, ќе стекнуваат нови знаења и ќе придонесуваат кон поодржливи заедници.

🤝 Особен фокус на проектот е вклучувањето на постарите лица, како значајна целна група, со цел подобрување на нивната психофизичка благосостојба, социјална вклученост и активно учество во заедницата. Ваквите активности имаат докажано позитивно влијание врз менталното здравје, чувството на припадност и квалитетот на живот.

💚 Продолжуваме да создаваме можности за активно и достоинствено стареење – затоа што секој заслужува да биде вклучен, слушнат и вреднуван

15/04/2026
Убав празничен ден во Мајка Тереза ...Наутро бојадисавме јајца во црвена боја, служба и водосвет  со Отец Никола од Цркв...
10/04/2026

Убав празничен ден во Мајка Тереза ...Наутро бојадисавме јајца во црвена боја, служба и водосвет со Отец Никола од Црквата Св.Петар и Павле и на крај домаќини на студентите од Американ Колеџ отсек архитектура и дизајн кои се подготвуваат за својата проектна задача
Старски дом....

Нашата директорка прим. д-р Ленче Нелоска гостуваше на NEWSMAX Balkans!Во своето излагање, д-р Нелоска ја разјасни важна...
09/04/2026

Нашата директорка прим. д-р Ленче Нелоска гостуваше на NEWSMAX Balkans!
Во своето излагање, д-р Нелоска ја разјасни важната разлика помеѓу геријатриската болница и домовите за стари лица:
„Здраво дете оди во градинка, болно дете оди на педијатрија. Така е и кај старите лица – оние коишто се болни треба да одат во Геријатрија."
Ние сме болница – и секој ден се трудиме да излеземе во пресрет на нашите граѓани!

прим.д-р Ленче Нелоска - News Max Balkans

Денес прим. д-р Марика Ивановска доби Благодарница од Македонско Лекарско Друштво за нејзиното активно учество, посветен...
08/04/2026

Денес прим. д-р Марика Ивановска доби Благодарница од Македонско Лекарско Друштво за нејзиното активно учество, посветеност и голем придонес во остварувањето на целите и задачите на МЛД.
прим. д-р Марика, Вие сте пример за професионализам, човечност и вистинска љубов кон медицината!
Ви честитамe од се срце и Ви благодарамe што сте дел од нашиот тим!

Денес во нашата институција го одбележавме Светскиот ден на здравјето, ден посветен на значењето на здравјето и грижата ...
07/04/2026

Денес во нашата институција го одбележавме Светскиот ден на здравјето, ден посветен на значењето на здравјето и грижата за пациентите.

По тој повод, со особена чест и благодарност, доделивме признанија за континуирана, посветена и професионална работа на д-р Деспина Милошевска Еврушоска, Аида Медиќ и Николинче Стефаноска.

Нивната посветеност, хуманост и несебичен ангажман претставуваат вистински пример и инспирација за сите нас.

Честитки за добитниците и благодарност за нивниот значаен придонес! 💙

Денес во нашата институција имавме чест и задоволство да бидеме домаќини на студентите од Факултетот за здравствени наук...
07/04/2026

Денес во нашата институција имавме чест и задоволство да бидеме домаќини на студентите од Факултетот за здравствени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа.

Во рамки на посетата, не посетија студенти од насоките за медицински сестри, физиотерапевти и специјализанти, кои имаа можност да се запознаат со начинот на работа, организацијата и секојдневните активности во нашата установа.

Преку оваа средба се поттикна размена на знаења и искуства, со цел унапредување на практичната едукација и професионалниот развој на идните здравствени работници.

Им благодариме за посетата и покажаниот интерес, и се надеваме на понатамошна успешна соработка!

Велигденски Базар 2026 год во Мајка Тереза ....Ве очекуваме и денес ...Повелете
03/04/2026

Велигденски Базар 2026 год во Мајка Тереза ....
Ве очекуваме и денес ...
Повелете

Денес со почит и достоинство положивме цвеќе во чест на раѓањето на големиот македонски револуционер Ѓорче Петров.Негово...
02/04/2026

Денес со почит и достоинство положивме цвеќе во чест на раѓањето на големиот македонски револуционер Ѓорче Петров.

Неговото дело и визија остануваат вечен потсетник за борбата за слобода, правда и национално достоинство. Со неговата пожртвуваност и љубов кон татковината, Ѓорче Петров остави неизбришлива трага во македонската историја.

Нека неговиот лик и дело бидат инспирација за сегашните и идните генерации да ја негуваат слободата и да ја градат иднината со чест и одговорност.

Слава му!

Секоја благодарница за нас значи многу!Ни дава сила да продолжиме уште посветено да се грижиме за секој пациент.Ви благо...
01/04/2026

Секоја благодарница за нас значи многу!
Ни дава сила да продолжиме уште посветено да се грижиме за секој пациент.

Ви благодариме за убавите зборови и довербата!

Address

Борис Сарафов бр. 129, Скопје
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје:

Share