19/11/2025
Да замислиме една секојдневна ситуација.
Во последниве месеци, животот нѝ носи повеќе стрес од вообичаено.
Работата е напорна, обврските се трупаат,телото е постојано во напнатост — но некако се издржува.
Одеднаш, без очигледна причина,
се појавува стегање во градите, забрзано срце,
вртоглавица, тешко дишење.
Се појавува стравот:
„Што ако нешто не е во ред?“
Следуваат прегледи, испитувања, резултати — сè е во границите на нормалното.
Но симптомите не заминуваат,
а борбата со нив продолжува.
Борбата со симптомите го создава магичниот круг:
симптом → страв → нов симптом → уште поголем страв.
КАКО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ОД КРУГОТ?
Решението не е во борба со симптомите,
туку во слушање на пораката што ја носат.
Во Гешталт пристапот, симптомите на анксиозност не се гледаат како непријател,
туку како потисната енергија што не добила можност да се изрази.
Телото зборува таму каде што умот молчи.
Зад симптомите често се крие неизразен страв, замор, тага или гнев.
Кога ќе се застанеме за момент
и ќе го поставиме прашањето:
„Што ми е потребно сега?“ — понекогаш одговорот е едноставен:
одмор, поддршка, тишина, дозвола да не морам секогаш да бидам совршен/а.
Но процесот не завршува тука.
Интеграцијата на пораката значи
да ја искористиме оваа нова свесност во секојдневен избор.
- Да одбиеме нешто што не ни припаѓа.
- Да си дадеме дозвола за пауза.
- Да се движиме побавно.
- Да бидеме присутни со себе.
Со секој мал чекор на прифаќање,
телото добива сигнал дека е слушнато.
И тогаш симптомите полека го губат својот товар.
Не затоа што исчезнуваат,
туку затоа што конечно има место каде што можат да се одморат.
Прочитајте повеќе како симптомите на анксиозност можат да бидат порака за нашите потреби
https://www.gestaltmacedonia.com/post/anksioznosta-kako-poraka