Неокортекс Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Неокортекс Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

Неокортекс Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација НЕОКОРТЕКС - Центар за Психотерапија, Психодијагностика, Тренинг и Едукација

Основач на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација во Скопје, е М-р Ивана Хаџиванова Психолог, Гешталт психотерапевт и Супервизор.
Во центарот предводи високо професионален тим од стручни лица, чија мисија е превенција, третман и грижа за менталното здравје кај деца, адолесценти и возрасни.

За повеќе, видете ја нашата веб страна www.neocortex.mk
и нашиот инст

аграм профил

Страницата е со цел постирање на содржина која би можела да помогне на јавноста во насока на поголема грижа и свесност за своето ментално здравје. Содржините кои се објавуваат се од психо-едукативен карактер, и не заменуваат директна посета, контакт и третман од стручно лице.

Емоционалната присутност и достапност не е само да си физички тука, туку да бидеш свесно вклучен во односот.Тоа значи: –...
29/04/2026

Емоционалната присутност и достапност не е само да си физички тука, туку да бидеш свесно вклучен во односот.

Тоа значи:
– да слушаш со внимание, не само да чекаш да одговориш
– да препознаеш и именуваш што чувствува другиот
– да одговориш соодветно, не автоматски
– да останеш во контакт и кога има непријатни емоции
– да не оттурнуваш, минимизираш или игнорираш
– да бидеш достапен за емоционална размена, не само за практични теми

Во партнерството, ова гради доверба и сигурност. Во родителството, создава чувство на прифатеност и емоционална стабилност кај детето.

📌 Кога ова недостасува, односот може да функционира, но без вистинска поврзаност.

Тогаш, и покрај физичката блискост, се појавува чувство на дистанца и осаменост.

👉 испрати 💬 | лајкни ❤️ | сподели 🔁
#неокортекс #психотерапија #психолог #работанасебе #менталноздравј

Благодарност која ја примам на мое име,но му припаѓа на целиот тим на Неокортекс.По пожарот во Кочани, работевме интензи...
22/04/2026

Благодарност која ја примам на мое име,
но му припаѓа на целиот тим на Неокортекс.

По пожарот во Кочани, работевме интензивно со преживеаните и нивните семејства – долго, тивко и посветено, од срце. Бевме тука и за оние кои ги загубија најмилите.

Хуманоста не се зборува – се живее.
Горди сме што тоа е препознаено.
Продолжуваме со истата посветеност, секогаш кога е најпотребно.🤍

🙏

Медитацијата не значи „да нема мисли“. Туку да развиеш способност да ги забележиш мислите, чувствата и реакциите без вед...
21/04/2026

Медитацијата не значи „да нема мисли“. Туку да развиеш способност да ги забележиш мислите, чувствата и реакциите без веднаш да ги следиш.

📌 Со практиката се зајакнува една едноставна, но клучна вештина: да препознаеш кога вниманието ти одлута и свесно да го вратиш.

👉 Со други зборови: умот ќе „бега“ — тоа е природно. Разликата е во тоа дали ќе останеш во автоматска реакција или ќе избереш како ќе одговориш.

👉 испрати 💬 | лајкни ❤️ | сподели 🔁
#неокортекс #психотерапија #психолог #работанасебе #менталноздравје

Во многу односи, разликата во вложување не е само прашање на намера, туку и на динамика што се развива со време.Кога едн...
20/04/2026

Во многу односи, разликата во вложување не е само прашање на намера, туку и на динамика што се развива со време.

Кога едниот партнер почесто презема, другиот природно може да се повлече од дел од одговорностите.
📌 Односот е партнерство — и одговорноста не треба да ја носи само едниот.

Затоа, наместо да се вложува уште повеќе, покорисно е да се создаде јасност, договор и взаемност.

Мали, свесни промени во комуникацијата и однесувањето
можат да донесат поголема рамнотежа и задоволство.

👉 испрати 💬 | лајкни ❤️ | сподели 🔁
#неокортекс
#психотерапија
#психолог
#работанасебе
#менталноздравје

Поделбата на домашните одговорности е една од најчестите теми во партнерските конфликти, затоа што зад неа често стои пр...
17/04/2026

Поделбата на домашните одговорности е една од најчестите теми во партнерските конфликти, затоа што зад неа често стои прашање на баланс и взаемност.

Балансот не се гради со критика, туку со јасна и мирна комуникација.

📌 Клучно:
– зборувај од свое искуство („јас“ пораки)
– именувај што ти треба
– оставај простор и другиот да се вклучи

Малите промени во начинот на кој зборуваме често ја менуваат целата динамика.

👉 испрати 💬 | лајкни ❤️ | сподели 🔁
#неокортекс
#психотерапија
#психолог
#работанасебе
#менталноздравје

Честит Велигден!Нека овој празник ви донесе радост, мир и многу убави моменти со најблиските.Со почит,Неокортекс.
12/04/2026

Честит Велигден!
Нека овој празник ви донесе радост, мир и многу убави моменти со најблиските.

Со почит,
Неокортекс.

Сигурно сте почувствувале некогаш дека нерешените задачи ви го одржуваат умот во состојба на зголемена активација. Мозок...
10/04/2026

Сигурно сте почувствувале некогаш дека нерешените задачи ви го одржуваат умот во состојба на зголемена активација.

Мозокот природно тежнее кон затворање на „отворени циклуси“.

Кога му даваме структура на умот, му даваме дозвола да се смири.

испрати 💬 лајкни ❤️ сподели 🔁

#неокортекс #психотерапија #психолог #работанасебе #внатрешнаработа менталноздравје

Ова се реченици што често се појавуваат на почетокот на психотерапијата.Не секогаш има јасна причина или „голем проблем“...
08/04/2026

Ова се реченици што често се појавуваат на почетокот на психотерапијата.

Не секогаш има јасна причина или „голем проблем“.
Понекогаш станува збор за чувство дека
нешто повеќе не е во баланс.

👉 Првиот чекор не е решение.

Туку јасно препознавање и именување
на тоа што се случува.

Кога мислите се изговараат гласно,
стануваат поразбирливи и полесни за обработка.

Психотерапијата е процес што помага:
– да се создаде јасност
– да се разберат сопствените реакции
– да се најдат пофункционални начини на справување

Важно е да чувствуваме мир, среќа и задоволство во животот.❤️

испрати 💬 лајкни ❤️ сподели 🔁
#неокортекс
#психотерапија
#психолог
#работанасебе

🧠Реализиравме успешен тим билдинг со над 100 учесници – структура, енергија и вистинска промена!!!🏆Големи групи ≠ само з...
28/03/2026

🧠Реализиравме успешен тим билдинг со над 100 учесници – структура, енергија и вистинска промена!!!🏆
Големи групи ≠ само забава.
Големи групи бараат структура, водство и психолошка експертиза.💪🏻
На овој тим билдинг настан, реализиран во Солун, Грција, забавно работевме на:
– подобрување на комуникацијата
– градење доверба и кохезија
– психолошка безбедност во тимот
– поврзување меѓу различни оддели
– активација на тимски потенцијал
Со над 100 учесници, различни профили и динамики, фокусот беше на реално искуство, не само активност!
Креативни физички и ментални забавни предизвици, и вкусен фокача предизвик👌

👉 Ваквите процеси не се импровизација.
Зад нив стои тим од психолози и психотерапевти
со искуство во работа со големи групи и организации.
Работиме со компании во земјата и регионот,
реализирајќи програми и надвор од Македонија.

📩 Доколку сакате тим билдинг што носи забава, но и реална вредност–контактирајте нè.

#неокортекс
#тимбилдинг
#корпоративнапсихологија
#тимскаработа
#организацискиразвој

Нека Рамазан Ви донесе спокој во срцето, благослов во домот и убави моменти со најблиските.Честит Рамазан Бајрам.Со почи...
20/03/2026

Нека Рамазан Ви донесе спокој во срцето, благослов во домот и убави моменти со најблиските.

Честит Рамазан Бајрам.

Со почит,
Неокортекс

И најсилните луѓе понекогаш бараат поддршка.Понекогаш не ни треба решение веднаш — ни треба простор каде можеме да разми...
17/03/2026

И најсилните луѓе понекогаш бараат поддршка.
Понекогаш не ни треба решение веднаш — ни треба простор каде можеме да размислиме, почувствуваме и разбереме.

Во нашиот центар работи стручен и искусен тим од психолози и психотерапевти, обучени за работа со различни психолошки состојби. Нашиот пристап се темели на научно валидирани методи, професионална етика и индивидуализиран пристап кон секој клиент.

Ако размислуваш да започнеш процес — можеш да ни пишеш за информации или термин.

📩 Контакт во порака
#психотерапија #психолог #менталноздравје #самосвест #психолошкаподдршка личенразвој неокортекс

Многу луѓе веруваат дека стабилните врски се оние без конфликти. Но, психолошките истражувања на партнерски динамики пок...
12/03/2026

Многу луѓе веруваат дека стабилните врски се оние без конфликти. Но, психолошките истражувања на партнерски динамики покажуваат нешто друго: стабилноста не зависи од тоа дали има расправии, туку од способноста на партнерите повторно да воспостават контакт по нив.

Во психологијата ова се нарекува repair attempt — обид за повторно поврзување после тензија. Тоа може да биде извинување, допир, хумор или искрен разговор.

Не е важно дали конфликт ќе се случи.
Важно е дали ќе има пат назад еден кон друг.

👉 зачувај ако ти беше корисно
#односи #партнерство #врски #психологија #комуникација менталноздравје неокортекс

Address

BUlica Jane Sandanski 11/1-25, Аerodrom
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 10:00 - 18:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Неокортекс Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Неокортекс Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација:

Share

Category

Неокортекс -Центар за Психотерапија, Психодијагностика, Тренинг и Едукација

М-р Ивана Хаџиванова, Психолог, Гешталт психотерапевт и Супервизор

е основач на НЕОКОРТЕКС-Центар за Психотерапија, Психодијагностика, Тренинг и Едукација во Скопје - 2017та година. Во центарот, предводи високо професионален стручен тим на обучени психолози/психотерапевти кои нудат сеопфатни психолошки услуги за сите возрасни категории, со цел превенција и третман на менталното здравје, како и личен раст и развој на клиентите, поголема свесност, автентично и среќно живеење со искористување на своите личносни потенцијали.

Психотерапевт Ивана Хаџиванова, високото образование го завршува на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, на катедрата за Психологија. Постдипломските студии ги завршува со огромен успех на државниот универзитет на правниот факултет Јустинијан Први, смер Казнено право и Криминологија при што се стекнува со научниот степен-Магистер. Изработува теза под наслов „Форензичко психолошка експертиза на сторители на кривично дело - Убиство’’, под менторство на Проф. Др. Методија Каневчев. По интензивна пет годишна едукација во првиот и европски акредитираниот Институт за Гешталт Психотерапија - Советувалиште за хумана соработка под менторство на Спец. по медицинска психологија Психолог, Гешталт психотерапевт, Супервизор и Тренер Билјана Копрова, се здобива со сертификат и звање Гешталт Психотерапевт.

Психолог Хаџиванова го започнува своето работно искуство на Универзитетската клиника за Психијатрија-Клинички Центар Мајка Тереза (2008-2012), каде стекнува значајно професионално искуство во областа на психијатријата и медицинската психологија. Од 2011-2014 е Психолог/Психотерапевт и предавач во ЛУЛКА Здружение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца во Скопје.