23/04/2026
Кога оралната регија е пречувствителна на допир може да бидеме соочени со потешкотии во добивањето и поставувањето на гласовите доколку е неизбежна употреба на логопедски алатки, во нашиот случај за добивање на гласот Р. Кај С. се јавува гадење и нагон за повраќање кога ќе се допре јазикот или друг дел од усната празнина. Сега вежбите се насочени кон навикнување и намалување на осетливоста.