Slp.Bojan - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Slp.Bojan - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

Slp.Bojan - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

ДАЛИ МОЕТО ДЕТЕ ИМА ПЕЛТЕЧЕЊЕ?⁉️🗣️ Што е пелтечење?Пелтечењето претставува нарушување на ритамот и темпото на говорот, к...
24/03/2026

ДАЛИ МОЕТО ДЕТЕ ИМА ПЕЛТЕЧЕЊЕ?⁉️

🗣️ Што е пелтечење?

Пелтечењето претставува нарушување на ритамот и темпото на говорот, кое се манифестира со повторување, продолжување или прекинување на некој глас, и покрај тоа што лицето точно знае што и како сака да каже. Ова говорно нарушување е претставено со нарушена флуентност на говорот, прекината со грчеви, затреперување или абнормалност во фонацијата и дишењето, која може да биде провоцирана или засилена на психолошка основа.

⚠️ Некои знаци кои укажуваат на тоа дека детето пелтечи:

- Повторување на гласови или слогови (пр. "м-м-мама", "ка-ка-кажи"...)
-Продолжување на гласови (пр. "кккккуче")
- Прекини (блокади) во говорот, со потешкотии во започнувањето на зборот
- Напор и грчеви при зборување
- Пратечки движења (трепкање со очи, гримаси, отворање уста...)
- Избегнување зборување во одредени ситуации
- Видлива фрустрација или страв при комуникација

🫟 КОГА Е ВРЕМЕ ЗА СТРУЧНА ПОМОШ?

- Кога пелтечењето трае повеќе од една недела
- Кога пелтечењето се губи и повторно се јавува
- Кога симптомите се влошуваат со тек на време
- Кога се јвуваат блокади и видлив напор при говор
- Кога детето покажува фрустрација, страв или избегнува зборување
- Кога има пратечки движења (гримаси, трепкање со очи, отворање уста...)

👉 Раното препознавање и раниот третман се клучни за успешна интервенција!

☎️ Закажете го вашиот термин на 075 350 374.

Ваш,
SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

ДАЛИ МОЕТО ДЕТЕ ИМА РАЗВОЈНО НАРУШУВАЊЕ? ⁉️🧠 Што се развојни нарушувања? Развојни нарушувања се хронични состојби кои се...
23/03/2026

ДАЛИ МОЕТО ДЕТЕ ИМА РАЗВОЈНО НАРУШУВАЊЕ? ⁉️

🧠 Што се развојни нарушувања?
Развојни нарушувања се хронични состојби кои се појавуваат во раното детство и влијаат на физичкиот развој, учењето, говорно-јазичниот развој или однесувањето. Некои од нив се:

🔹Аутистичен спектар на нарушувања
🔹Интелектуална попреченост
🔹Развојна дисфазија
🔹АДХД
🔹Специфични тешкотии во учењето

⚠️ Некои знаци кои укажуваат на тоа дека на детето му е потребна стручна помош:
🔹Отсуство на говор и разбирање, аграматичен говор, тешкотии во изразување
🔹Слаб контакт со очи, отуство на вртење при повикување по име, отсуство на желба за контакт со околината
🔹Повторувачки движења, вознемиреност, отуство на игра или чуден начин на игра
🔹Потешкотии со хранење, преосетливост на звуци, преосетливост на промени
🔹Потешкотии во учење, лоша моторна координација, тешка адаптибилност

👉 Кога е време за стручна помош?
🔹Првиот сомнеж кој се јавува кај родителот на детето претставува првиот аларм дека нешто не е во ред со развојот на неговото дете.
🔹Стручниот преглед го потврдува или отфрла сомнежот на родителот за развојот на неговото дете.
🔹Раната дијагностика, раната интервенција и раниот третман имаат клучна улога во третманот на развојните нарушувања.

🗣️ Закажете го вашиот термин денес!

☎️ Закажете го вашиот термин на 075 350 374.

Ваш,
SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

📺 Прилог на телевизија Алфа на тема "Се поголем број деца имаат говорно-јазични нарушувања" со нашиот м-р спец. Бојан Бо...
18/03/2026

📺 Прилог на телевизија Алфа на тема "Се поголем број деца имаат говорно-јазични нарушувања" со нашиот м-р спец. Бојан Богдановски.

☎️ Закажете го вашиот термин на 075 350 374.

АлфаТвУтринска

🗣️ Нашиот м-р спец. Бојан Богдановски дел од кампањата за Ретки болести."Само оној кој се соочил со дијагноза на ретка б...
09/03/2026

🗣️ Нашиот м-р спец. Бојан Богдановски дел од кампањата за Ретки болести.

"Само оној кој се соочил со дијагноза на ретка болест знае што точно тоа значи - долг и трновит пат, со постојана војна, голема претпазливост и ризик, исполнет со повеќе падови, отколку издигнувања.

За лицата со ретки болести само поддршката составена од убави зборови не е доволна. Како стручни лица, да создадеме услови и третман кои значително ќе помогнат во третирањето на самата болест, а како нивни семејства, пријатели и сограѓани, да пружиме целосно и вистинско прифаќање, разбирање, поддршка и топла прегратка."

м-р спец. Бојан Богдановски
клинички логопед - специјалист
СЕР - интелектуална попреченост и аутизам

🧠 Нашиот м-р спец. Бојан Богдановски и нашиот сензорен терапевт Андреа Левковска Младеновски пишуваат за "Вестибуларен с...
05/03/2026

🧠 Нашиот м-р спец. Бојан Богдановски и нашиот сензорен терапевт Андреа Левковска Младеновски пишуваат за "Вестибуларен систем и потешкотии" - една од најчестите потешкотии кај развојните нарушувања.

☎️ Закажете го вашиот термин на 075 350 374.

Ваш,
SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

Вестибуларен систем и потешкотии March 5, 2026 / Новости Секое дете го доживува светот преку своите сетила. Мозокот постојано прима информации од телото и околината, врш....

Во нашиот центар нудиме третман на потешкотиите во хранењето 🍽️👉 Потешкотиите во хранењето кај децата претставуваат чест...
03/03/2026

Во нашиот центар нудиме третман на потешкотиите во хранењето 🍽️

👉 Потешкотиите во хранењето кај децата претставуваат чест, но често недоволно препознаен проблем во раното детство. Иако родителите најчесто ги доживуваат овие потешкотии како “фаза“ или како проблем поврзан исклучиво со хранењето. Растројствата на хранењето кај деца се дефинираат како перзистентни потешкотии во внесот на храна кои не одговараат за неговата возраст. Тоа не е повремено пребирање, туку постојан проблем, кој најчесто се манифестира како:

🔹одбивање на храна

🔹изразена селективност на намирници

🔹прифаќање само на одредена текстура

🔹гадење, давење или повраќање

🔹пролонгирано јадење и фрустрација.

⚠️ Сензорно растројство на хранењето

Сензорното растројство на хранењето кај децата е една од најчестите форми на нарушување во хранењето, кај кои проблемот не е во желбата за јадење, туку во начинот на кој тие ја перцепираат и чувствуваат храната, при што детето има нарушена обработка на сензорните карактеристики на храната – текстура, мирис, вкус, боја или температура. Сензорната преосетливост на хранењето резултира со ограничен внес на храна што доведува до недоволна орална стимулација и негативно влијание врз логомоторниот и говорниот развој.

👉 Потешкотиите во хранењето најчесто се појавуваат при воведување на нови текстури и се почести кај деца со:

🔹аутистичен спектар на нарушувања

🔹рецептивен вид на развојна дисфазија

🔹интелектуална попреченост

🔹церебрална парализа

🔹предвремено родени деца

🔹сензорна интегративна дисфункција

🔹психијатриски растројства

🔹друго

🗣️ Во нашиот центар секојдневно работиме со деца кај кои потешкотиите во хранењето се директно поврзани со нарушен логомоторен и говорен развој. Преку индивидуални логопедски третмани, насочени кон развој на орално-моторните вештини, сензорната интеграција и постепено воведување на различни текстури на храна, постигнуваме значително подобрување и во исхраната и во говорната продукција. Нашиот пристап е усогласен со современите научни препораки и докажани практики.

☎️ Закажете го вашиот термин на 075 350 374.

Ваш,
SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

Нашата Тамара Матеска пишува за "Кохлеарен имплант и рехабилитација"🦻🗣️Во нашиот центар секојдневно работиме со лица со ...
25/02/2026

Нашата Тамара Матеска пишува за "Кохлеарен имплант и рехабилитација"🦻

🗣️Во нашиот центар секојдневно работиме со лица со оштетувања на слухот и лица со кохлеарен имплант. Преку индивидуални логопедски третмани, насочени кон подобра аудитивна перцепција и дискриминација, и говорно-јазичен развој, постигнуваме значително подобрување кај лицата со оштетувања на слухот. Нашиот пристап е усогласен со современите научни препораки и докажани практики.

☎️ Закажете го вашиот термин на 075 350 374.

Ваш,
SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

Кохлеарен имплант и рехабилитација February 24, 2026 / Новости Слухот е сложен биолошки процес преку кој акустичните бранови од околината се примаат, преработуваат и инте....

Во нашиот центар можете да најдете персонализиран план, програм и пристап за вашето дете, кој води до најбрзи и посакува...
23/02/2026

Во нашиот центар можете да најдете персонализиран план, програм и пристап за вашето дете, кој води до најбрзи и посакувани резултати 🗣️

📩 Закажете го вашиот термин на 075 350 374.

Ваш,
SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

🦻Во нашиот центар успешно вршиме рехабилитација кај лица со КОХЛЕАРЕН ИМПЛАНТ.☎️ Закажете го вашиот термин на 075 350 37...
17/02/2026

🦻Во нашиот центар успешно вршиме рехабилитација кај лица со КОХЛЕАРЕН ИМПЛАНТ.

☎️ Закажете го вашиот термин на 075 350 374.

Ваш,
SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

16/02/2026

🥼Проф. д-р Велибор Тасиќ говори за значењето на дијагностиката кај децата кај развојни нарушувања, како најважен дел за примена на соодветен третман кој ќе донесе резултати во подобрувањето на состојбата.

📩 Закажете го вашиот термин на 075 350 374.

Ваш,
SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

🎊 На ден 03 февруари 2026 година, нашиот центар ја прослави годишнината од своето постоење.По повод годишнината од нашет...
11/02/2026

🎊 На ден 03 февруари 2026 година, нашиот центар ја прослави годишнината од своето постоење.

По повод годишнината од нашето постоење, се решивме да направиме неколку мали нешта за кои веруваме дека некому ќе значат многу.

1️⃣ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЛОГОПЕДСКАТА НАУКА И ДЕЈНОСТ

Веќе години наназад работиме на унапредување на логопедската наука, дејност, како и работиме на создавање логопедска стручна литература на македонски јазик.

Како резултат на добрата соработка со колегите од Република Србија, се решивме да донираме стручна литература и да одржиме бесплатни работилници за колегите логопеди, дефектолози и студенти по логопедија, од здружението Vitezovi osmeha, кое покрај својата хумана дејност, се занимава и со промоција и унапредување на логопедијата како наука.

Веруваме дека овој наш гест ќе значи многу за колегите од здружението кои секојдневно помагаат на деца со говорно-јазични нарушувања, како и за децата со кои работат.

Ваш,
SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација
❤️

🎊 На ден 03 февруари 2026 година, нашиот центар ја прослави годишнината од своето постоење.По повод годишнината од нашет...
10/02/2026

🎊 На ден 03 февруари 2026 година, нашиот центар ја прослави годишнината од своето постоење.

По повод годишнината од нашето постоење, се решивме да направиме неколку мали нешта за кои веруваме дека некому ќе значат многу.

1️⃣ ХРАНА ЗА БЕЗДОМНИ ЖИВОТНИ

Секојдневно се среќаваме со бездомни животни кои гладуваат, смрзнуваат од ладното време и се повредувани од страна на човекот.

SLP.BOJAN - центарот, како голем љубител на животните, уште од самиот почеток на своето постоење, дел од своите финансии ги користи за набавување храна и хранење на уличните животни.

По повод годишнината од нашето постоење, набавивме 200 килограми храна за животни, која ќе биде разделена на уличните животни. Веруваме дека со овој мал гест ќе нахраниме некои празни стомачиња, кои се најдобриот пријател на човекот.

Ваш,
SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација
❤️

Address

бУлица Трета Македонска Бригада бр. 48
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 11:30 - 19:30
Tuesday 11:30 - 19:30
Wednesday 11:30 - 19:30
Thursday 11:30 - 19:30
Friday 11:30 - 19:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Slp.Bojan - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category