HR Angels

HR Angels Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from HR Angels, Mental Health Service, Bul.Sv.Kliment Ohridski 21/2, Skopje.

Центар за психолошко советување, психотерапија, психодијагностика и организациска психологија

Center for Psychological Counseling, Psychotherapy, Psychodiagnostics and Organizational Psychology

Пронајдете ја магијата во Вашите срца и создадете радост, љубов, среќа и мир, а потоа споделете ги со Вашите најсакани! ...
06/01/2026

Пронајдете ја магијата во Вашите срца и создадете радост, љубов, среќа и мир, а потоа споделете ги со Вашите најсакани!
Честит Бадник и Божиќ Православни Христијани! 💖🌟🙏

На почетокот од годината да си ги провериме границите⁉️Поставувањето на лични граници ги учат другите како да се однесув...
05/01/2026

На почетокот од годината да си ги провериме границите⁉️

Поставувањето на лични граници ги учат другите како да се однесуваат со нас, но и ни помагаат во грижата за себе и своето психофизичко здравје. Поставувањето и оддржувањето на личните граници може да биде исклучително тешко, особено ако никој досега не неʼ научил на тоа. Недостатокот на поставување и оддржување на здравите граници може да е резултат од начинот на кој сме воспитани, од учење по модел од родителите, наставниците, врсниците и од некои лични карактеристики кои ни прават да се чувствуваме виновно ако на некого му кажеме НЕ!

Многумина мислат дека здрави граници се:

🛑Да бидеш себичен кон другите
🛑Да комуницираш надмено/ дрско/ безобѕирно и со потсмев
🛑Да кажеш агресивно НЕ
🛑Да покажеш сила и моќ
🛑Да не покажуваш емоции пред никого
🛑Да ги оттргнеш другите од себеси

Поставување на јасни и здрави граници всушност се:

✅Да се почитуваш и сакаш себеси
✅Да комуницираш јасно, отворено и со почит кон другите
✅Да поставиш јасна граница преку кажување на зборчето НЕ со смирен и сигурен тон
✅Да ја заштитиш својата енергија во оној момент кога ти е нештото/личноста/ ситуацијата непријатна
✅Да ги споделуваш своите емоции со оние на кои им веруваш и со кои се чувствуваш сигурно
✅Да одбереш мир наспроти одобрување од другите

Доколку сакате да создадете исполнет живот со здрави меѓучовечки односи поставувањето и оддржувањето на личните граници е неопходен секојдневен процес!
Грижете се за себе преку поставување на јасни и здрави граници‼️

Во Новата година зачекорете со јасна и конечна одлука да се ставите себеси, својата енергија и своите потреби на примарн...
31/12/2025

Во Новата година зачекорете со јасна и конечна одлука да се ставите себеси, својата енергија и своите потреби на примарно место без да имате чувство на вина! Тоа не е себичност, туку неопходност да си бидете себеси најдобар и најлојален пријател кој ќе поставува јасни граници и ќе каже НЕ на сеʼ она што му создава непријатни емоции, а ќе каже ДА на она кое му создава само пријатни. Создадете си личен мир и спокој и чувајте ги истите како ваше најголемо богатство кое всушност ќе прерасне во физичко и ментално здравје, љубов, радост и исполнетост и само тогаш кога ќе биде и повеќе од доволно за вас може да го споделувате и со другите. Не можете да им дадете нешто на другите ако вие истото го немате, затоа создадете го прво во себе за да можете да го делите и со другите!
Среќни новогодишни празници! 🎄🌟🎉💫🎅🏻✨💞

Денес е магичен датум 10.10 и светски ден на менталното здравје! Прославуваме и 10 годишнина од основањето на HR Angels ...
10/10/2025

Денес е магичен датум 10.10 и светски ден на менталното здравје!
Прославуваме и 10 годишнина од основањето на HR Angels и по тој повод подаруваме по една гратис сесија по семејна системска психотерапија на првите 10 клиенти кои ќе се пријават во инбох.
Да се грижиме не само на овој ден, туку секој ден во годината да посветиме внимание на нашето ментално здравје, заради нашата целосна благосостојба! 🎂🎉🎁🍀💞

🧡
14/03/2024

🧡

🎄🌟🎉✨🎅🏻
29/12/2023

🎄🌟🎉✨🎅🏻

Љубовта е најголемата и највозвишената магија во нашиот живот! Таа е сложена емоција во која ги има радоста, среќата, во...
07/02/2021

Љубовта е најголемата и највозвишената магија во нашиот живот! Таа е сложена емоција во која ги има радоста, среќата, возбудувањето, воодушевувањето, оптимизмот, психичката и физичката сила. Како и другите емоции и таа предизвикува телесни промени во нашиот организам, но за разлика од негативните емоции таа ги создава позитивните хормони кои го зголемуваат расположението, виталноста, оптимизмот и го зајакнува нашето психо-физичко здравје.
Љубовта е како учењето јазик, ако не го зборуваме редовно ќе го заборавиме, ако пак го применуваме секојдневно ќе станеме експерти по љубов! 💞

3 декември - Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, подадете рака! 🤝💞
03/12/2020

3 декември - Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, подадете рака! 🤝💞

Кои здрави граници ги имаш поставено во животот? 🧐Поставувањето на јасни и здрави граници е од исклучителна важност во г...
16/05/2020

Кои здрави граници ги имаш поставено во животот? 🧐
Поставувањето на јасни и здрави граници е од исклучителна важност во грижата за себе и како да се научиме да кажеме “НЕ”, кога е тоа потребно.
Границите можат да бидат физички и емоционални и може да се рангираат од пропустливи до ригидни. Здравите граници се некаде измеѓу пропустливите и ригидните и нивното соодветно поставување ни помага да одговориме и да се заштитиме кога некој ќе ја премине линијата без разлика дали е тоа во професионалниот или приватниот живот.
Од друга страна, доколку немаме поставено јасни и здрави граници и доколку тие постојано варираат, истото доведува до зголемување на стресот, финансиски оптеретувања, несоодветно менаџирање на времето и релациски проблеми. Влијае на целокупното наше ментално здравје и доведува до чувството на безвредност, истоштеност, изложеност, неприпадност, отфрленост и злоупотребеност.
Во кои сфери моите граници се јасно поставени, а во кои треба да ги преиспитам и да ги поставам? Која е мојата жолта линија? 🧐💪💛

Да се трудиме да бидеме позитивни не значи дека секогаш имаме само позитивни мисли, туку дека не им дозволуваме на негат...
03/05/2020

Да се трудиме да бидеме позитивни не значи дека секогаш имаме само позитивни мисли, туку дека не им дозволуваме на негативните мисли да ни го контролираат нашиот живот. Оние мисли кои ги одбираме за да ја насочиме нашата енергија и внимание, тие и ќе растат и ќе се развиваат во нас. 🌸🌼🌺🌻

Во време на неизвесност за нашата иднина, кога немаме контрола над надворешните влијанија, најдобро е да се фокусираме н...
30/04/2020

Во време на неизвесност за нашата иднина, кога немаме контрола над надворешните влијанија, најдобро е да се фокусираме на внатрешното јас и да се запрашаме: Кој сум јас? Што сум јас? Што сакам да бидам? Што сакам да работам? Кои мисли ги имам? Што чувствувам? Што треба да направам за да се чувствувам поубаво, посреќно? 🧐

Address

Bul.Sv.Kliment Ohridski 21/2
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when HR Angels posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to HR Angels:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram