ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија

ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, Medical and health, Мајка Тереза, Skopje.

Денес, во контекст на Светскиот ден на здравјето, со гордост објавуваме дека ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија успешн...
07/04/2026

Денес, во контекст на Светскиот ден на здравјето, со гордост објавуваме дека ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија успешно го спроведе првото лекување со техника на SRT. Оваа иновативна техника нуди нови можности во третманот на рак, овозможувајќи прецизно и ефективно зрачење на туморите со минимални последици за околните ткива.
Во свет на зголемени предизвици за здравјето, иновациите како SRT ги отвораат вратите за подобри исходи и квалитет на живот за пациенти со онколошки заболувања. Оваа техника претставува значаен чекор напред во нашата посветеност кон пружање на врвна медицинска нега и подобрување на здравјето на нашите пациенти.
Важноста на Светскиот ден на здравјето ја нагласува нашата одговорност да продолжиме со напорите за истражување, развој и имплементација на иновативни третмани.
Заедно, можеме да создадеме посветла иднина за нашето здравје.

Почитувани,На ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2026 година е обезбеден зголемен буџет од стра...
04/04/2026

Почитувани,

На ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија за 2026 година е обезбеден зголемен буџет од страна на Фондот за здравствено осигурување наменет за унапредување на здравствените услуги и подобрување на грижата за пациентите со онколошки заболувања.

Оваа поддршка претставува значаен чекор во јакнењето на капацитетите на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија и во обезбедувањето современ и континуиран онколошки третман.

Во рамки на активностите беше презентирана и стереотаксичната радиотерапија (SRT), современа и високопрецизна метода која овозможува прецизно насочување на зрачењето кон туморските лезии, со максимално поштедување на околните здрави ткива. Оваа техника е особено значајна за третман на лезии во критични анатомски локализации, вклучително и во мозокот.

Остануваме посветени на обезбедување поголема достапност до иновативни терапии и континуирано унапредување на квалитетот на грижата за пациентите со онколошки заболувања во Македонија.

29/03/2026

Почитувани,

Во прилог Ви го приложуваме распоредот за април месец на онколози кој ќе бидат во КБ Битола.

03.04.2026 Др.спец. Владимир Ристовски, специјалист на одделението за малигни тумори на РЕС системот, тироидеа и мекоткивни;
17.04.2026 Др.спец. Бојана Петреска Капсаров, специјалист на одделението за малигни тумори на гастроинтестинален тракт;
24.04.2026 Др.спец. Албина Чересловник Пупакоска, специјалист на одделението за малигни тумори на граден кош кај жена;
30.04.2026 Др.спец. Марина Иљовска, специјалист на одделението за малигни тумори на граден кош кај жена.

Со почит

Почитувани членови на здружението ХЕМАОНКО - HEMAONKO,Целиот тим на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, сакаме да ја и...
12/03/2026

Почитувани членови на здружението ХЕМАОНКО - HEMAONKO,

Целиот тим на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, сакаме да ја изразиме наша длабока и искрена благодарност за гест што го реализиравте по повод 8-ми март. Овој важен ден, посветен на почитување и признание на жените, особено на нашите медицински професионалци, беше дополнително обогатен со вашата гестовна иницијатива.
Вашата поддршка на медицинскиот персонал е од непроценливо значење, особено во сегментот на онкологија, каде што посветеноста, емпатијата и стручноста на нашите работници секојдневно се тестираат. Грижата за пациентите со малигни заболувања е многу предизвикувачка, а вашето признавање на напорите на здравствените работници не само што ни дава поттик и охрабрување, туку и ја нагласува важноста на тимската работа и солидарноста во здравствениот сектор.
Секојдневно, нашите медицински професионалци вложуваат огромен труд, знаење и емпатија за да им помогнат на пациентите во најтешките моменти. Вашата иницијатива е одраз на вашата подготвеност да ја поддржите нашата работа и да го зголемите јавниот интерес за проблемите со кои се соочуваат оние кои работат во здравството.
Срдечно ви благодариме за вашата континуирана поддршка и посветеност. Ние веруваме дека со вашата помош и соработка ќе продолжиме да ги подобруваме условите за работа на медицинскиот персонал и да обезбедиме највисок квалитет на грижа за нашите пациенти.

Со почит,

ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија

Почитувани,ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, со големо задоволство изразува искрена благодарност до Црвениот крст на...
11/03/2026

Почитувани,

ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија, со големо задоволство изразува искрена благодарност до Црвениот крст на Македонија и хотел Мериот за нивната значајна посета по повод 8-ми март.
Вашата хуманитарна иницијатива и ангажманот за поддршка на нашите пациенти се од непроценлива важност. Оваа посета не само што донесе радост и утеха, туку и потврди дека заедништвото и човечноста играат важна улога во процесот на лекување. Вашата способност да ги разберете потребите на пациентите и да им понудите охрабрување во тешките моменти е навистина инспиративна.
Искрените размени на топлина и поддршка што се случија за време на посетата, создадоа позитивна атмосфера, која е особено важна за пациентите во нивната борба. Вашата посветеност да се грижите за заедницата и вашата способност да слушате и да бидете присутни во најтешките моменти, значат многу за нашите пациенти и нивните семејства.
Сметаме дека со нашата заедничка работа можеме да продолжиме да правиме позитивни промени и да создадеме подобри услови за лекување и поддршка на пациентите. Досегашната соработка помеѓу нашите институции е доказ за тоа што може да се постигне со заеднички напори и посветеност.
Ви благодариме уште еднаш за вашата поддршка, ангажман и човечност. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме заедно за доброто на нашата заедница.

Со почит,

ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија

24/02/2026

Почитувани,

Во прилог Ви го доставуваме распоредот за март месец на онколози кој ќе бидат во Клиничка болница Битола.

06.03.2026 Д-р.спец. Албина Чресловник-Пупаковски, специјалист на одделението за малигни тумори на граден кош кај жена;
13.03.2026 Доц.д-р. Ненад Митрески, специјалист на одделението за малигни тумори на гастроинтестинален тракт;
19.03.2026 Д-р.спец. Марина Иљовска, специјалист на одделението за малигни тумори на граден кош кај жена;
27.03.2026 Д-р.спец. Јулијана Стефаноска, специјалист на одделението за малигни тумори на уринарен и генитален тракт кај мажи.

Со почит

Во светот на медицината, соработките меѓу различни здравствени институции играат клучна улога во подобрувањето на квалит...
18/02/2026

Во светот на медицината, соработките меѓу различни здравствени институции играат клучна улога во подобрувањето на квалитетот на здравствените услуги. Во таа насока, со задоволство објавуваме дека ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија предводена од Проф. д-р. Игор Стојковски и ЈЗУ Специјална болница за геријатриска и палијативна медицина предводена од Прим.д-р. Ленче Нелоска, иницираа воспоставање на формална соработка.
Оваа соработка не само што ќе го зајакне нашиот здравствен систем, туку исто така ќе се одрази на унапредувањето на квалитетот на животот на пациентите.

09/02/2026

Почитувани,

Во прилог Ви до доставуваме распоредот на онколози за февруари кој ќе одат во Клиничка болница Битола

13.02.2026 Д-р.спец. Јулијана Стефаноска, специјалист на одделението за малигни тумори на генитален и уринарен трак кај мажи;
20.02.2026 Проф.д-р. Симонида Црвенкова, раководител на одделението за малигни тумори на бели дробови, медијастинум и плевра;
27.02.2026 Д-р.спец. Марина Иљовска, специјалист на одделението за малигни тумори на граден кош кај жена.

Со почит

Почитувани,По повод Светскиот ден за борба против ракот, тимот на пациентската организација ХЕМА-ОНКО има чест да Ве пок...
05/02/2026

Почитувани,

По повод Светскиот ден за борба против ракот, тимот на пациентската организација ХЕМА-ОНКО има чест да Ве покани да ни се придружите на два настани кои имаат за цел да отворат важен дијалог, но и да ја одбележат силата, храброста и достоинството на пациентите.
🔹 Јавна трибина / панел дискусија
„Од заложби до реализација: Зајакнување на грижата за ракот во Македонија“
📅 6 февруари
🕐 13:00 часот
📍 Универзитет Скопје – Факултет за туризам (Амфитеатар)
Трибината ќе ги отвори клучните прашања поврзани со онколошката и хематолошката грижа, имплементацијата на Националниот план за борба против рак, пристапот до терапии, превенцијата, менталното здравје и приоритетите за 2026 година.
Настанот е отворен и интерактивен, со можност за прашања и директна размена со институциите и стручната јавност.

Целиот тим на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија Ви посакува среќни новогодишни и божиќни празници.Новата 2026 година ...
31/12/2025

Целиот тим на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија Ви посакува среќни новогодишни и божиќни празници.
Новата 2026 година да биде година исполнета со многу успеси и пред се добро здравје.
🎉Среќна и бериќетна 2026 🎉

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија упатува искрена благодарност до Турската агенција за соработка и ...
19/12/2025

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија упатува искрена благодарност до Турската агенција за соработка и координација – ТИКА за донацијата на медицинска опрема: апликатори за брахитерапија, опрема за имобилизација за радиотерапија и инфузиони пумпи за апликација на хемотерапија.
Оваа донација значително придонесува за унапредување на квалитетот и безбедноста на лекувањето на онколошките пациенти.

09/12/2025

“Како најчести ризик фактори кој придонесуваат за зголемување на малигните заболувања се:
👉 нездравиот начин на исхрана;
👉недоволната физичка активност;
👉алкохол;
👉цигари
Раната дијагностика и достапноста на здравствените услуги помага при навремена дијагноза и подобра прогноза кај онколошките пациенти”
Дел од интервјуто на директорот на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија Скопје Проф.д-р. Игор Стојковски
Целото интервју за Телевизија 24 може да го погледнете на следниот линк.
👇👇👇

Address

Мајка Тереза
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share