Комора На Здравствени Работници На Република Северна Македонија

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Комора На Здравствени Работници На Република Северна Македонија

Комора На Здравствени Работници На Република Северна Македонија Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Комора На Здравствени Работници На Република Северна Македонија, Medical and health, Ulica Kiro Gligorov broj 3, Skopje.

Став на Комората на здравстевните работници на РСМВо време невреме, кога сме сите изложени на огромен притисок да си ја ...
30/06/2020

Став на Комората на здравстевните работници на РСМ
Во време невреме, кога сме сите изложени на огромен притисок да си ја оствариме нашата работна задача најпрофесионално, но со додатен притисок да не се заразиме: да не погрешиме при мерките, да не направиме пропуст при ставање и отсранување на опремата, да не си го ставиме здравјето во ризик како на нас, така и на нашите колеги, на останатите пациенти но и на нашите најблиски во семејството и фамилијата, како и при постојаниот психички притисок од секојдневните новости и развој на настаните поврзани со пандемијата, каде секојдневно се зголемуваат бројот на заболени, починати, бројот на здравствени работници кои се позитивни, бројот на кадар повлечен на ротација, бројот на кадар повлечен во изолација, бидејќи дирекно се ефектира на начинот на работата и кадарот во сите ЈЗУ, на таков притисок и на вакво време невреме да се здобиеш со дисциплинска мерка не поради неизвршување на професионална дејност, не поради пропусти во работата, не поради накршување на кодексот на установата, не поради отсуствување од работа, не поради избегнување на должности, не поради загрозување на туѓо или колективно здравје, туку поради УЧЕСТВО ВО ДОБРОВОЛНА СТУДИЈА за испитувања поврзана со здравствени работници кои се изложени на контакти со пациенти позитивни на Ковид 19, и проверка на нивниот имун одговор, а притоа во проектот се директно вклучени МЗ и ФЗО, е просто деградирачко и срамно, а потоа и далеку од хумано и колегијално.

Нема да навредувам никого, ниту да посочувам вина, самите нека се пронајдат, но она што сакам да го потенцирам, дека она што не го научивте многу од Вас, наши колеги, наши претпоставени, наши членови на Комисии, и се додека не го увидите ќе се мачиме сите долго, е тоа дека ЗА ПОБЕДА НАД ОВА ЧУДО ни е потребно заедништво секаде и секогаш 24/7, не само додека сме на работа, не само со пациенти, не само по состаноци, не само за себе, не само за своите титула-колеги, не само за пратеници или владини претставници, туку и за првиот и последниот човек кој што влегува во Вашата институција.

И ако во 4 месеци она што требаше да се прави секој месец на сите вработени, па колку и да чини, не е направено, поради став на Комисии, или Инспекторати, секој еден кој што си се грижи за своите вработени ќе најдеше начин и модус да го привери и истестира своето работно семејство, со истата грижа и страв како за сопственото семејство за кое се тресе кога ќе се прибере дома.

Ако веќе се вклучуваат дисциплински мерки поради контрола на здравјето на вработените, повторно кажувам, на доброволна основа(?) , зошто не вклучувате и наградни мерки кога истата таа сестра која има искуство и знаење и стручност да ја води клиниката подобро од многу млади, а и постари колеги и колешки, па и од доста млади доктори, која одржа обуки на над 450 сестри секојдневно со по 6,7 часа он лајн за желба за да се заштитат, исто доброволно трошејќи го своето слободно време, зошто не се внесоа награди за издвоено време и труд кога се бореше активно за зголемување на процентот на покачувањата на платата на здравствените работници, кога организираше семинари, предавања и работилници, кога ве претставуваше и надвор пд земјата носејќи го името на Вашата клиника?

Не сакам да помислам колку часови има поминато на таа клиника и колку луѓе има извадено, а колку вработени кои дошле по неа ги има упатено во работата...

Дали сето од ова го земате во предвид кога кажувате казнени мерки? Сите Вие, не само за неа, не само за Вас, за сите Клиники и за сите Раководители, Директори, Комисии и Инспекторати??
Не...

Не сакам да помислам за никаква политичка аконотација, бидејќи веќе секаде ни стои политиката како водилка, и ни го мати умот и акциите полошо од секој вирус..

Но колку и да се разликуваме во политичките ставови, во време невреме каде секој ден ни носи полошо и полошо, нели е редно да ги ставиме титулите, суетите , егата на страна и да бидеме прво луѓе, и да се сетиме како и зошто сме почнале , а и како и зошто треба сите заедно да завршиме..

Со огромна поддршка кон секоја колешка која го прежувува најпрофесионално овој грозоморен период во животот, а истовремено врши најодговорна работа од која зависат животи и здравје на многу луѓе, едно Ви порачувам на сите:

Коронава ќе заврши еден ден, но колку од Вас ќе останете луѓе достојни за почит?
Колку од Вас ќе кажете јас успеав да заштитам многу од луѓето кои се директно зависни од мене?
Колку од Вас ќе кажат, јас знам дека останав човек со сите...
Колку од Вас ќе кажат, не заборавив зошто сум овде, со кого сум овде и со кого ќе останам овде кога ќе заврши се...

И свестете се, сите сме заедно во ова, нема титули, колку побрзо го сфатиме толку побрзо ќе победиме...

Со почит,
Виолета Котевска
Претседател на КЗРСМ

Станува збор за меѓународен научен проект со кој се скенира состојбата на здравствените работници како најризична група и преку серолошко испитување да се утврди ...

———————————————— #ВиолетаКотевскаЧеститки за неделата на сестринството и за Меѓународниот Ден на медицинските сестри, на...
13/05/2020

————————————————

#ВиолетаКотевска
Честитки за неделата на сестринството и за Меѓународниот Ден на медицинските сестри, на сите медицински сестри во Република Северна Македонија

"Комората на Здравствени работници со средно, вишо и високо образование на Република Северна Македонија, како посредник меѓу членовите кои ги претставува и како партнер на Министерството за здравство кое после толку години ја препозна и призна како субјект, работи на давање на насоки за развој согласно препораките од Интернационалните здравствени институции и Невладиниот сектор, со стандардизација на дадената здравствена нега и грижа од здравствените работници кои ги претставува, а истовремено и работејќи на хармонизација на односите помеѓу нив.
Денес на овој ден, 12ти мај Меѓународниот Ден на сестринството, е неопходно медицинските сестри и акушерки да бидат препознаени од здравствените власти како рамноправен член во здравствениот тим, да се надмине ставот на
"помошници" или "помошен персонал" и од "пасивни изведувачи" да успееме заедно да ја изградиме и достигнеме перцепцијата на активни учесници кои се независни, професионални носители на здравствената нега, како една од компонентите на здравствената дејност.
Затоа, кај секој еден здравствен работник, Комората повикува на првенствено ИНДИВИДУАЛНО ГРАДЕЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ и на максимално мотивирање на членовите и лично ангажирање во сите сегменти од општествениот живот, со што ќе се влијае на подигнување на свесноста за значењето на нашата професија!"

ПРАВИЛНИКОТ од Лекарската Комора На Република Северна Македонијаго усвои и КЗРСМ бидејќи е според СЗО и истиот важи за с...
29/03/2020

ПРАВИЛНИКОТ од Лекарската Комора На Република Северна Македонија
го усвои и КЗРСМ бидејќи е според СЗО и истиот важи за секој Здравствен Работник во Република Северна Македонија во услови на пандемија - епидемија 😷

Да се обрне внимание на ЗАШТИТНИОТ ДЕЛ!

29/03/2020
Согласно некои известувања кои се објавени на портал на кој се изнесени повторно невистини за навидни манипулации од стр...
02/03/2020

Согласно некои известувања кои се објавени на портал на кој се изнесени повторно невистини за навидни манипулации од страна на КЗРСМ, во интерес на сите профили, Комората го дава следното соопштение:

Како и во неколкуте предходни наврати, Комората упорно укажува дека е Комора за СИТЕ здравствени работници со средно, више и високо стручно образование, без разлика на членство или не на било кое Здружение.

Во интерес на стопирање на ширењето на дезинформации кои се особено присутни на еден портал, ги повикуваме сите заинтересирани кои сакаат да работат во Комората, да земат учество со работни активности, како и да добијат точни информации за се околу Комората и процесот на регистрација, да дојдат во просторијата на КЗРСМ.

Ги повикуваме сите Здруженија, да го пренасочат, деструктивното однесување и напаѓање кон конструктивни начини на соработка од кои сите ќе имаме бенефит во погледот на унапредување на професијата која ја вршат.

За таа цел Комората стои цврсто на ставот:
Регистрацијата во Регистарот, согласно даденото Овластување од Министерот за Здравство на Комората е независен акт од членување или не во било кое Здружение, ниту бара предходно условено зачленување во било кое здружение.

Процесот на Регистрирање е потребен за понатамошно остварување на нашите цели околу Законите и учеството во креирањето на Здравствената политика и Образовните реформи.
Истовремено потенцираме дека во Комората не се плаќа месечна членарина, туку само еднократен ( еднаш) износ за адмиистративен трошок од 100 ден.

За било кое прашање, потреба за средба, нејаснотии, стоиме на располагање да организираме и средба со телата на Комората,.

До отворање на нашиот веб сајт, обратете се на нашиот мејл:
kzrm.office@gmail.com.

Со почит,
КЗРСМ

Во текот на седмицава членови на Претседатството на КЗРСМ остварија средба со Директорката на СМУГС "Др. Панче Караѓозов...
21/02/2020

Во текот на седмицава членови на Претседатството на КЗРСМ остварија средба со Директорката на СМУГС "Др. Панче Караѓозов", на која се остварија договори околу понатамошна сораборка поради потребите за измени и унапредување на средното стручно образование во здравствената струка.
Стана збор за проблемите и проекциите со кои се соочува ова училиште како лидер во создавањето на медицински кадри и во основа се стави акцент на потпишување на меморандум за соработка за понатамошно заедничко делување како во измените на законите за средното стручно образование, така и за процесот на функција на учениците за практичната настава.
Благодарност за приемот од страна на КЗРСМ и очекуваме успешна понатамошна соработка и борба.
Благодарност до Директорката Маја Салиу за приемот и отвореноста

Address

Ulica Kiro Gligorov Broj 3
Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Комора На Здравствени Работници На Република Северна Македонија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share