Центар за ментално здравје "Дора"/Center for Mental Health "Dora"

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Центар за ментално здравје "Дора"/Center for Mental Health "Dora"

Центар за ментално здравје "Дора"/Center for Mental Health "Dora" Психолог, м-р на советодавна и клиничка психологија, Европски сертифициран гешталт психотерапевт, кариерен советник

Добредојдовте на страната на Центарот за применета психологија "Дора".
Во нашиот центар нудиме услуги од психолошко советување, индивидуална психотерапија, групна психотерапија, психотерапија на парови, психотерапија за деца и родители, психодијагностика.
Услугите се достапни на македонски, албански и турски јазик.

Женската с**суална возбуда е покомплексна од машката. Зависи од атмосфера, контекст, чувство на безбедност и сигурност. ...
13/11/2025

Женската с**суална возбуда е покомплексна од машката. Зависи од атмосфера, контекст, чувство на безбедност и сигурност.

И затоа не треба да се чувствуваш "глупаво" кога си го креираш с**суалниот контекст. Тоа те прави сигурна во себе и моќна. Така остануваш возбудена, а него секако го возбудува кога ти си возбудена.

Програмот за Женска с**суалност започна. Но, бидејќи секој модул се снима, а снимките ќе бидат достапни до крај на Декември, можеш да се приклучиш се уште и да научиш возбудливи нешта за себе и своето тело.

Дезинтеграцијата на делови од нашата личност остава потисната енергија која се манифестира како агресија, депресија, нер...
09/11/2025

Дезинтеграцијата на делови од нашата личност остава потисната енергија која се манифестира како агресија, депресија, нервоза, стравови, тежини... и се останато што е негативно доживување.

Интеграцијата ја ослободува силата и те прави витална, стабилна и приземјена. На тој начин си го намалуваш прекумерното и непотребно размислување. Не анализираш по сто пати дали вака или така требаше. Едноставно дејствуваш така како што е исправно за тебе, без срамови и чувства на вина.

Затвори ги очите и замисли таква верзија од себе!

Програмот почнува за ТРИ ДЕНА. Пријави се денес и не ја пропуштај оваа прилика за лична трансформација.

Сексуалноста е местото кадешто сме најранливи и најсоголени. Негативните с**суални искуства често се доживуваат со разоч...
06/11/2025

Сексуалноста е местото кадешто сме најранливи и најсоголени. Негативните с**суални искуства често се доживуваат со разочарување и со негативни емоции за двете страни. Проследени се со мислата ,,Јас не сум доволно добра и не знам да го задоволам и обратно". Кога ќе се повторат неколку пати со различни луѓе стануваат образец и научено верување кое всушност воопшто не е вистина.

Еден од најважните фактори што придонесува за квалитетот на с**суалниот однос е всушност комуникацијата.
Недоразбирањата и не знаењето за тоа "што сакам и што ми е потребно и како да кажам и да побарам", најчесто доведува до негативно с**суално искуство.

Програмот за Женска с**суалност почнува за неколку дена. Ако до сега се мислеше, сега веќе немаш потреба да се мислиш.

Пријави се денес НА ЛИНКОТ ВО БИО и расчисти си ги сите погрешни верувања и дилеми што си ги стекнала во себе како последица на негативните искуства. Средината на програмот е супер безбедна и ти ветувам трансформирачко искуство.

Заведувањето е како коктел (го прави односот возбудлив).​Границите и комуникацијата се како основата на чашата (ја права...
02/11/2025

Заведувањето е како коктел (го прави односот возбудлив).

​Границите и комуникацијата се како основата на чашата (ја прават врската стабилна и безбедна).

Зрелоста е кога страста и почитта одат рака под рака. Можеш да бидеш исклучително заводлива и с**си, а истовремено јасно да комуницираш што сакаш и што не прифаќаш. Тоа е вистинската моќ.

Програмот за Женска с**суалност започнува за точно 10 дена.

Пријави се денес и научи ја уметноста на комуникацијата и јасните граници во врската!

Премногу обврзана, а премногу далеку од својата страст? Тоа не е твоја грешка – тоа е внатрешен архетипски конфликт што ...
31/10/2025

Премногу обврзана, а премногу далеку од својата страст?

Тоа не е твоја грешка – тоа е внатрешен архетипски конфликт што ја блокира твојата енергија!

​Во секоја жена живеат четири моќни, но често спротивставени улоги (деривати на архетиповите). Кога едната улога доминира, таа ја потиснува твојата суштинска енергија, што директно води до замор, вина и слаба интимност.

Програмот за женска с**суалност почнува наскоро. Се уште можеш да се пријавиш и да почнеш да работиш на својата интегрирана природа.

Практикувањето на врски кои се базираат само на с**суална привлечност без подлабока емоционална конекција, после извесно...
29/10/2025

Практикувањето на врски кои се базираат само на с**суална привлечност без подлабока емоционална конекција, после извесно време остава трага и отвара емоционална празнина. Неминовно станува прашањето: Што ми значи оваа релација и што правам во неа?

Од друга страна потребата да се идеализира некој, секогаш завршува со разочарување. Романтичната врска не е реална бидејќи се базира на поглед "низ розеви наочари". Затоа кратко трае, но знае да заврши со емоционална болка. Ако си жена која постојано влегува во релации со голем занес дека сега овој е човекот на твојот живот, а потоа "треснува од земја", тогаш вреди да го истражиш што е тоа внатре во тебе што создава таква потреба и да го созрееш тој дел од себе.

Единствено длабоката емоционална конекција создава вистинска интимност и е долготрајна. Обично започнува со романтична вљубеност, и со текот на времето се развива. Но проблем е кога внатре во неа почнува да недостасува недостасува с**суалната привлечност и желба. Тоа е последица на различни причини во личноста. Често умот ја одбива с**суалноста, кадешто е присутна ранливоста, отвореноста и справувањето со реалноста, бидејќи сме научени с**суалноста и романтичноата да ја поврзуваме со нешто "идеално", нешто што е wow.

Програмот за Женска с**суалност започнува на 12.11.2025, а вебинарот ни е на 03.11.2025. Пријави се денес и разбери како можеш да излезеш од шаблонот на релации кои не ти служат и повеќе да го поттикнеш здравото либидо таму кадешто има длабока емоционална конекција.

Потребата од контрола во секојдневието создава блокада на либидото и на природниот проток на с**суалната енергија за вре...
27/10/2025

Потребата од контрола во секојдневието создава блокада на либидото и на природниот проток на с**суалната енергија за време на односот кој спонтано доведува до оргазам.

Позади оваа потреба стои доживувањето на вредност кај многу жени, дека ако успеат се да "исхендлаат" како што треба, се успешни жени.

Но, се случува умор, фрустрација и незадоволство.

Па, дури и за време на односот, жените често мислат на грижите во секојдневието многу повеќе од мажите.

Научи да бидеш ОПТИМАЛНА во својот живот и во секојдневието. Оптималноста толерира по малку несредено и хаос.

На програмот за Женска с**суалност ќе научиш како полесно да ја пушташ контролата и како повеќе да живееш ОПТИМАЛНО со себе преку контактот со телото и своите потреби.

Пријави се денес и не си го губи времето.

Под влијание на патријархалните режими и начин на воспитување, повеќе генерации на родители, особени мајки воопшто не ра...
25/10/2025

Под влијание на патријархалните режими и начин на воспитување, повеќе генерации на родители, особени мајки воопшто не разговарале со своите ќерки за с**суалноста и молчењето на таа тема се сметало за сосема нормално.

Молчењето јасно укажувало на неодобрувачка порака или на нешто што воопшто нема потреба да се знае во рамки на семејството.

Во оваа позиција најчесто започнува дистанцирањето од мајките и барање безбедно место за поддршка и разговор кое младите жени го бараат надвор од домот.

Табуто и неодобрувањето доведува до застој во созревањето на с**суалноста и на љубовта.

За самите овие жени и мајки с**суалноста била табу и под голем знак прашалник бил нејзиниот квалитет во нивните животи.

На програмот за Женска с**суалност ќе слушнеш и научиш се што требаше МАМА да ти каже, а не ти кажа.

Пријавувањето за вебинарот/програмот се уште трае. За сите информации те чекам да ми пишеш порака или да се пријавиш на линкот во БИО.

Сексуалните проблеми кај жената се појавуваат на три нивоа:Недостаток на либидо, неможност да се одржи возбудата или нед...
22/10/2025

Сексуалните проблеми кај жената се појавуваат на три нивоа:

Недостаток на либидо, неможност да се одржи возбудата или недостаток на оргазам.

Сите три можни сценарија се симптоми кои доаѓаат од слична проблематика. Недостаток на комуникација со партнерот и емоционална конекција, погрешни верувања за с**суалноста, трауматични искуства или непознавање на своето тело.

Програмот за Женска с**суалност е наменет токму за запознавање на твоето тело, освестување на можните сценарија и постепено нивно решавање.

Затоа ајде, те чекам. Пиши ми во инбок за пријава или отвори го линкот во БИО за сите информации кои ти се потребни.

Зошто анксиозниот стил на врзување е потипичен за жените, а избегнувачкиот за мажите? Културолошки, жените се научени де...
18/10/2025

Зошто анксиозниот стил на врзување е потипичен за жените, а избегнувачкиот за мажите?

Културолошки, жените се научени дека треба повеќе за да докажат својата вредност за да бидат сакани, а мажите се научени дека треба да не ги покажуваат своите чувства.

Дополнително, нештата се отежнати за жените бидејќи кога жена ќе влезе во с**суална врска без обврска, таа е многу почесто оптеретена со неговото мислење за неа и с**суалноста. Тоа создава притисок да треба да го задржи партнерот па дури и во таква врска и тука започнува прекумерното давање и вложување.

Но, сите овие нешта не се љубов. Во вакви врски с**суалниот однос има сосема друга функција и цел, а тоа е да се задоволат бројни емоционални потреби.

Затоа дојди на програмот за Женска с**суалност и научи како да не влегуваш повеќе во вакви релации и да изградиш здрава врска, без да мора да се докажуваш постојано.

За пријава и информации пиши ми во инбокс.

Покрај големиот, персонализиран програм за ,,Женска с**суалност", стига уште една понуда во помала верзија. Повелете Веб...
16/10/2025

Покрај големиот, персонализиран програм за ,,Женска с**суалност", стига уште една понуда во помала верзија.

Повелете Вебинар на тема ,,Женска с**суалност" и прашајте се што сакате да знаете.

Вебинарот ги опфаќа темите на:

Контакт со телото;
Вагина, женска бозбуда и оргазам;
Срам и вина во с**суалноста;
Интимност и емоционална врзаност;
Комуникација и граници во с**суалноста.

Цената на вебинарот е 3000 денари и за пријавените на овој вебинар ќе се одземат тие 3000 денари, доколку одлучат да продолжат на главниот програм.

За сите останати информации, пишете ми порака во инбокс.

Кежуал с**с често знае да биде голема замка за жените и да даде лажна надеж за чекање дека нешто ќе се промени кај него....
16/10/2025

Кежуал с**с често знае да биде голема замка за жените и да даде лажна надеж за чекање дека нешто ќе се промени кај него. Но, тоа најчесто не се случува и завршува со разочарување.

Тоа е така бидејќи жените биолошки повеќе се врзуваат преку с**суалноста за разлика од мажите (за тоа повеќе во следниот пост).

Да, има жени кои тоа можат повеќе да го контролираат и не им пречи, ама баш ти не мораш да бидеш таа и да се мачиш во нешто што не е за тебе.

Секоја жена во животот може да се најде во ситуација да проба и да искуси такво нешто, но сосема е во ред да одлучиш дека тоа не е за тебе.

Затоа го создадов 8-неделниот програм за ЖЕНСКА СЕКСУАЛНОСТ, кадешто заедно ќе научиме како свесно и достоинствено без срам, вина и каење да ја живееш с**суалноста, достоинствено во склад со твоите потреби и емоции.

Дојди на програмот и пиши ми во инбокс за повеќе информации. Те чекам со срце и душа.

Address

Улица Разловечко востание бр. 4-7/6
Skopje
1000

Telephone

+38975310781

Website

https://mailchi.mp/ca665c6bbbdc/free-book?fbclid=PAY2xjawGtj3BleHRuA2FlbQIxMQABpvdt498xaUxOQeAzQDApW

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Центар за ментално здравје "Дора"/Center for Mental Health "Dora" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Центар за ментално здравје "Дора"/Center for Mental Health "Dora":

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram