26/03/2026
СРЕДБА НА ИППГ СО ПРЕТСТАВНИЦИ ОД СОЈУЗОТ НА ГЛУВИ И НАГЛУВИ ЛИЦА И ЗДРУЖЕНИЕТО „ТИШИНА“ – КАРПОШ,
Интер-партиската парламентарна група за правата на лицата со попреченост (ИППГ) и ЗЕТА – организација за попреченост и правда, во соработка со Сојузот на глуви и наглуви лица и здружението „ТИШИНА“ – Карпош, одржаа работна средба на тема: „Унапредување на правата на глувите и наглуви лица“.
Средбата е дел од Акцискиот план и Стратешкиот план на ИППГ 2026–2028, со цел директно согледување на состојбите на терен и застапување за поинклузивни и поефективни политики, согласно обврските од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
На средбата се разговараше за состојбите, предизвиците и потребите на глувите и наглуви лица, како и за унапредување на дијалогот со носителите на одлуки. Беа отворени прашања поврзани со правото на образование, финансиската и дигиталната писменост, насилството врз глувите лица со попреченост, обезбедувањето преведувачи на знаковен јазик, како и координацијата меѓу институциите и организациите на лицата со попреченост.
Посебно внимание беше посветено и на прашањето за стандардизација на знаковниот јазик, како и на операционализацијата на Законот за употреба на знаковниот јазик.
Воедно, здружението пред пратениците презентираше дел од активностите што ги спроведува во областа на професионалната рехабилитација и чекорите што ги презема за своја самоодржливост.
Средбата се организира во рамките на проектот Застапување за дигитална инклузија која е поддржан од страна на Швјацарскатa амбасада, а се спроведува преку програмата ЦИВИКА МОБИЛИТАС. Институционалната поддршка на ЗЕТА е овозможена од Disability Partnership Finland (DPF) и Kynnys.
#
OPENTHEWINDOEWS
CRPD
The European Network on Independent Living (ENIL)
vammaiskumppanuus.fi · disability.fi
Kynnysry (The Threshold Association)