PZU Cardio Art

PZU Cardio Art Специјализирана кардиолошка ординација

Среќни новогодишни и божиќни празници!Да ја пречекаме со радост, да ја живееме со љубов и да ја испратиме со успеси.Нека...
31/12/2025

Среќни новогодишни и божиќни празници!

Да ја пречекаме со радост, да ја живееме со љубов и да ја испратиме со успеси.
Нека среќата и здравјето ве следат на секој чекор! ❤️

Ви посакува тимот на ПЗУ КАРДИО АРТ!

10/10/2025

Месец за подигање на свесноста за борбата против карциномот на дојка!

Октомври е меѓународно познат како месец за подигање на свесноста за борбата против карциномот на дојка.

Во овој период, вниманието е насочено кон важноста на раната детекција и превенцијата на болеста, што може да спаси безброј животи.

Жените се охрабруваат редовно да прават прегледи и самопрегледи, бидејќи раната дијагноза значително ги зголемува шансите за успешно лекување.

Месецот кога им ја даваме нашата поддршка на оние кои се борат со оваа болест.

Закажете редовен, превентивен преглед на ДОЈКА!
+389 70 670 670 и +389 32 397 888
www.cardioart.mk

Специјализирана кардиолошка ординација

Компресивните чорапи не се соодветни за пациенти со видливо проширени и воспалени површни вени, бидејќи може дополнителн...
19/06/2025

Компресивните чорапи не се соодветни за пациенти со видливо проширени и воспалени површни вени, бидејќи може дополнително да ја нагмечат вената и да ја влошат состојбата.
Кај овие случаи се применуваат различни третмани, како хируршки стрипинг или ласерска аблација, но најновата и најефикасна метода е комбинација од склерозација и фиброзација на вените. Оваа современа техника ја применуваме во Штип, на целиот екстремитет – од стапалото до препоната.

До сега имаме третирано над 1.200 пациенти!!

Стресот е еден од главните фактори за кардиоваскуларните заболувања. Тој предизвикува лачење на адреналин во високи коли...
16/06/2025

Стресот е еден од главните фактори за кардиоваскуларните заболувања. Тој предизвикува лачење на адреналин во високи количини, кој телото не успева да го разгради, па со време се таложи и доведува до оксидација и воспаление на крвните садови – процес што директно ја забрзува атеросклерозата. Кога на тоа ќе се додадат и штетните навики како пушење, неправилна исхрана со шеќери, масти и сол, недостаток на вода, овошје и зеленчук, физичка неактивност и прекумерно консумирање алкохол – сите овие фактори во комбинација, сериозно го нарушуваат кардиоваскуларниот систем, а статистиките покажуваат загрижувачки трендови.

ЗАКАЖЕТЕ ГО ВАШИОТ КАРДИОВАСКУЛАРЕН ПРЕГЛЕД НА ВРЕМЕ!

+389 70 670 670 & +389 32 397 888

Специјализирана кардиолошка ординација, каде вашето здравје и здравјето на вашето срце се наш приоритет.

Многу пациенти ќе речат дека „немаат некоја голема мака“ но потоа опишуваат тешки нозе при одење, чувство како да имаат ...
15/06/2025

Многу пациенти ќе речат дека „немаат некоја голема мака“ но потоа опишуваат тешки нозе при одење, чувство како да имаат песок во чевлите, грчеви навечер, отекување при стоење и чувство дека ногата „врие“ иако е ладна на допир. Овие симптоми често се занемаруваат, со поминато подолго време вените сѐ шират, болката станува се посилна, кожата потемнува и може да се појават длабоки улцерни рани ако пациентот не направи навреме доплер.

Со еден доплер на површните вени, може да се превенираат компликации на површните вени!

🩺💙 Денес, на 12 мај, оддаваме чест и благодарност на сите медицински сестри кои секојдневно се грижат за нашето здравје ...
12/05/2025

🩺💙 Денес, на 12 мај, оддаваме чест и благодарност на сите медицински сестри кои секојдневно се грижат за нашето здравје со посветеност, хуманост и срце полно љубов. Благодарни сме за секој ваш чекор исполнет со грижа, секој допир со надеж, секој ден посветен на пациентите!👩‍⚕️👨‍⚕️

Посебна благодарност упатуваме до нашите сестри – за нивната секојдневна грижа, професионалност и топол пристап кон секој пациент. Вашата работа е темел на КАРДИО АРТ и горди сме што ве имаме како дел од тимот. 💐💙

Градната болка која се јавува како последица на недоволно снабдување на срцевиот мускул со крв поради стеснување или зап...
08/04/2025

Градната болка која се јавува како последица на недоволно снабдување на срцевиот мускул со крв поради стеснување или запушување на коронарните артерии – може да се манифестира преку:

🛑 Болка позади градната коска

🛑 Болка во вратот или долната вилица

🛑 Болка во рамењата и грбот

🛑 Болка во надлактиците или подлактиците

🛑 Често може да почувствувате и болка во нозете

Закажете го Вашиот преглед на време!
+389 70 670 670 или +389 32 397 888
Можност да закажете и преку www.cardioart.mk

Специјализирана кардиолошка ординација, каде вашето здравје и здравјето на вашето срце се наш приоритет.

17/03/2025

ПОЧИТУВАНИ,
ПЗУ КАРДИОАРТ ЈА СТАВА НА РАСПОЛАГАЊЕ СВОЈАТА ХИПЕРБАРИЧНА КОМОРА ЗА СИТЕ ПАЦИЕНТИ КОИ СПОРЕД ТРИЈАЖА ОД ТЕРЦИЕРНО ЗДРАВСТВО ЌЕ ИМААТ ПОТРЕБА ОД ВАКОВ ВИД НА ТРЕТМАН.

СИТЕ ОВИЕ ТРЕТМАНИ И СЕ ШТО Е ПОТРЕБНО ВО ВРСКА СО ЛЕКУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТИТЕ ОД НЕМИЛИОТ НАСТАН ВО КОЧАНИ СЕ БЕСПЛАТНИ !!!

Нема поголемо задоволство за медицинскиот персонал, кога ќе се реши проблем со рани на нога кои перзистирале повеќе од 5...
22/02/2025

Нема поголемо задоволство за медицинскиот персонал, кога ќе се реши проблем со рани на нога кои перзистирале повеќе од 5 години.

➡️ Соодветна дијагностика со доплер на површен венски систем, со наод за нефункционални и проширени површни вени.

➡️ Индициран е соодветен амбулантски
третман - склерозација на површните вени.

✅ Раната зарасна комплетно за 2 месеци!!!

Се што е потребно е навремено дијагностицирање на проблемот за појава на раните и соодветен третман!!!

Д-р Сашко Николов

Пионери во трајно решавање на проблемите со проширени и нефункционални површни вени кој нуди:⮞ Иновативен и најсовремен ...
21/01/2025

Пионери во трајно решавање на проблемите со проширени и нефункционални површни вени кој нуди:

⮞ Иновативен и најсовремен амбулантски третман на проширени вени

⮞ Единствен од овој тип на третман, каде се третираат сите проширени површни вени на нозете и трајно се отстранува проблемот

⮞ Единствена институција каде во период од 18 месеци успешно се третирани околу 1000 пациенти со проширени површни вени

⮞ Повеќе од 300 пациенти со рани на нозете, кои перзистирале повеќе години, трајно е решен проблемот и се зараснати раните

Горди сме на успехот кој го постигнавме и што успеваме да поставиме највисоки и најсовремени стандарди за лекување на пациенти со проширени површни вени!

Специјализирана кардиолошка ординација, каде вашето здравје и здравјето на вашето срце се наш приоритет.

Воздухот е исполнет со радост, мирот и топлината царуваат во нашите срца. Да нè служи здравјето подолго за да уживаме се...
07/01/2025

Воздухот е исполнет со радост, мирот и топлината царуваат во нашите срца. Да нè служи здравјето подолго за да уживаме секоја година во божиќното чудо.
Христос се роди!
Среќен Божиќ!

Да ни е среќна Новата година! Да ја пречекаме со радост, да ја изживееме со љубов, да ја испратиме со успеси! Среќата и ...
01/01/2025

Да ни е среќна Новата година! Да ја пречекаме со радост, да ја изживееме со љубов, да ја испратиме со успеси! Среќата и здравјето да бидат наша сенка!

Ви посакува тимот на ПЗУ КАРДИО АРТ.

Address

Пиринска 11/8
Stip
2000

Opening Hours

Monday 07:30 - 20:30
Tuesday 07:30 - 20:30
Wednesday 07:30 - 20:30
Thursday 07:30 - 20:30
Friday 07:30 - 20:30
Saturday 09:00 - 14:00

Telephone

+38970670670

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when PZU Cardio Art posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to PZU Cardio Art:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category