31/10/2024
💛🧡💚Витамин Д-Чувар на Вашето здравје! 💪🛡️🔋
😍Вистинско време,за да ја земете Вашата потребна доза на најпотребниот витамин, за овој период од годината ✅⛅️🌧️🍂
➡️Витаминот Д придонесува:
за одржување на здрави коски
за одржување на нормална мускулна функција
за нормална функција на имуниот систем
Препорачаните дози за жени и мажи се 800-4000 IU/ден, во зависност од телесната тежина.
Витамин Д3 треба да се користи:
во есенските и зимските месеци помеѓу септември и април
во текот на целата година, ако во текот на летото нема соодветно изложување на сонце
во текот на целата година, за постари лица (над 65 години ), бидејќи ефикасноста на синтезата на витамин Д во кожата е намалена кај постари лица
Најдобри природни извори на витамин Д се рибино масло и риба. За жал, овие производи ги трошиме во премногу мали количини, а во исхраната на малите деца сè уште недоволно се користат. Кај млечните производи, количината на витамин Д е премала за да се задоволат потребите на организмот.