Менмак Медика

Менмак Медика - Doctor
- Medical laboratory

⚠️ Прекумерна употреба на антибиотици – сериозна заканаНеправилната употреба на антибиотици доведува до создавање на отп...
10/03/2026

⚠️ Прекумерна употреба на антибиотици – сериозна закана

Неправилната употреба на антибиотици доведува до создавање на отпорни „супербактерии“ и ја намалува нивната ефикасност.

Светската здравствена организација предупредува дека без итни мерки, антибиотската резистентност може да предизвика до 10 милиони смртни случаи годишно до 2050 година.

🚫 Антибиотиците не делуваат против вируси (настинка, грип, кашлица).
🚫 Не земајте антибиотик без лекарски рецепт.
🚫 Не прекинувајте терапија предвреме.
🚫 Не споделувајте лекови со други.

Антибиотиците се драгоцени лекови – користете ги одговорно.

#антибиотици #здравје #превенција

Алергија на медМедот е одамна познат како природен лек и вкусен засладувач кој е во широка употреба во светот. Неговите ...
09/03/2026

Алергија на мед

Медот е одамна познат како природен лек и вкусен засладувач кој е во широка употреба во светот. Неговите здравствени предности се големи но кај некои луѓе, особено деца конзумирањето на мед може да предизвика сериозни алергиски реакции. Овие алергии се често поврзани со присуството на поленот во медот, бидејќи поленот може да предизвика реакција кај луѓе алергични на него. Медот е моќен но треба да се користи правилно.

🔸Причини:
- главна причина за алеријата на мед е присуството на полен кој често се наоѓа во медот
- многу луѓе не знаат дека медот и поленот одат рака под рака, па некои алергиски реакции се неочекувани
- исто во медот можат да се најдат трагови од пчелиног отров од восокот, кој може да делува како додатен алерген

🔸Симптоми:
- чешање на кожата
- отекување на устата,јазикот или грлото
- тешкотии во дишењето
- осип и црвенило

✅Совети за сигурно конзумирање на мед:
- секогаш проврете го потеклото на медот и изберете органски производи на познати брендови
- немојте да давате мед на деца помали од една година поради ризикот од алергија
- ако имате алергија на полен, бидете претпазливи со конзумацијата на мед ко може да содржи полен
- во случај на појава на симптоми на алергиска реакција престанете со конзумација и веднаш побарајте медицинска помош

За повеќе информации посетете нѐ или контактирајте нѐ:
📍Кеј 8ми ноември, Струга
📞 +389 46 782 900
📩menmakmedika@yahoo.com
⭕️fb: Пзу„Менмак Медика“-Струга
⭕️Instagram: pzu_menmak_medika

🕒📢 Работно време за периодот  09.03.2026-15.03.2026🔬 ПЗУ „МЕНМАК МЕДИКА“ – Струга📍 Биохемиска лабораторија:🗓️ Понеделник...
08/03/2026

🕒📢 Работно време за периодот 09.03.2026-15.03.2026

🔬 ПЗУ „МЕНМАК МЕДИКА“ – Струга
📍 Биохемиска лабораторија:
🗓️ Понеделник-Петок
🕘 08:00 – 16:00

📍 Ординација по општа медицина:
🗓️Понеделник - Петок
🕘 08:00 – 16:00
🗓️Сабота
🕘 неработен ден

ℹ️ За дополнителни информации и закажување:
📍 Адреса: Кеј 8ми Ноември, Струга
📞 Телефон: +389 46 782 900
📩 Е-пошта: menmakmedika@yahoo.com
🔵 Facebook: ПЗУ „Менмак Медика“ – Струга
🔵 Instagram:

#менмакмедика #работновреме #Струга #здравствениуслуги #лабораторија #општамедицина #здравје

Среќен 8ми март на сите припаднички на понежниот пол.Ви благодариме на укажаната доверба.Честит празник.
08/03/2026

Среќен 8ми март на сите припаднички на понежниот пол.

Ви благодариме на укажаната доверба.

Честит празник.

🩺 ЛИМФОМЛимфомите се група малигни заболувања кои го зафаќаат лимфниот систем – дел од имунолошкиот систем кој помага во...
07/03/2026

🩺 ЛИМФОМ

Лимфомите се група малигни заболувања кои го зафаќаат лимфниот систем – дел од имунолошкиот систем кој помага во борба против инфекции.

Најчесто започнуваат во лимфните јазли, но можат да се појават и во други органи како белите дробови, црниот дроб или гастроинтестиналниот тракт.

Постојат два главни типа:
🔹 Хочкин лимфом (ХЛ)
🔹 Не-Хочкин лимфом (НХЛ)

Не-Хочкин лимфомите се почести и може да се шират надвор од лимфните јазли.
Лимфомите потекнуваат од Б-клетки или Т-клетки. Кај возрасните почести се Б-клеточните лимфоми.

⚠️ Фактори на ризик:
▪️ Ослабен имунолошки систем
▪️ Автоимуни заболувања
▪️ Имуносупресивна терапија
▪️ Изложеност на пестициди и зрачење
▪️ Почеста појава кај мажи

Точната причина за појава најчесто е непозната.

❗ Симптоми:
▪️ Зголемени лимфни јазли (безболни отечени јазли)
▪️ Треска и ноќно потење
▪️ Необјаснет губиток на тежина
▪️ Постојана кашлица
▪️ Болка во коските
▪️ Замор
▪️ Абдоминална непријатност

Доколку симптомите траат подолго време, потребна е лекарска консултација.

🏥 Третман:
Третманот зависи од типот и стадиумот на болеста и може да вклучува:
✔️ Хемотерапија
✔️ Радиотерапија
✔️ Имунотерапија
✔️ Трансплантација на коскена срцевина (во одредени случаи)

🔎 Раната дијагностика значително ја подобрува прогнозата.

📍 ПЗУ „МЕНМАК МЕДИКА“ – Струга
📞 046 782 900

За повеќе информации посетете нѐ или контактирајте нѐ:
📍Кеј 8ми ноември, Струга
📞 +389 46 782 900
📩menmakmedika@yahoo.com
⭕️fb: Пзу„Менмак Медика“-Струга
⭕️Instagram: pzu_menmak_medika

Уринарни инфекции во бременостаУринарните инфекции во текот на бременоста можат зачестено да се јавуваат поради олабавув...
06/03/2026

Уринарни инфекции во бременоста

Уринарните инфекции во текот на бременоста можат зачестено да се јавуваат поради олабавување на мазната мускулатура кај жената, притисокот кој од растење на плодот во матката се пренесува на околните структури од уринарниот тракт и поради близината на уретрата до аналната и вагиналната регија.

Најчести предизвикувачи на уринарни инфекции во бременоста се: Esherichia coli, Enterokoki, Stafilococcus, Proteus, Ureaplasma, Chlamidia и др.
Инфекциите можат да бидат на мочниот меур (cistitis), но и со зафаќање на погорните партии на уринарниот тракт (pyelonephritis). Честопати одат заедно и со вагинална инфекција, па е потребно истовремено лекување и на двете инфекции.

🔸Симптоми:
- зачестено мокрење
- пецкање при мокрење
- промена на бојата и миризбата на урината
- крв во урината
- болка во долниот абдомен
- доколку се јави болка во слабините и покачена температура, треба да се помисли на пиелонефритис (инфекција на бубрезите) која мора сериозно и подолго да се третира со антибиотици за да не дојде до предвремено породување.

🔸Третман:
- лекувањето треба да биде со зголемен внес на течности и хигиено-диететски режим
- зголемен внес на витамин Ц и чаеви како на пример брусница
- најчесто се користат антибиотици од групата на пеницилини или цефалоспорини
- лекувањето обично трае од 7-10 дена, а по потреба може да се повтори или да се комбинира со лекување и на вагиналната инфекција

За повеќе информации посетете нѐ или контактирајте нѐ:
📍Кеј 8ми ноември, Струга
📞 +389 46 782 900
📩menmakmedika@yahoo.com
⭕️fb: Пзу„Менмак Медика“-Струга
⭕️Instagram: pzu_menmak_medika

ГЛОБАЛЕН ПОРАСТ НА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊАЗошто бројот на случаи расте?Во последните 30 години се бележи значителен пораст на...
05/03/2026

ГЛОБАЛЕН ПОРАСТ НА МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА
Зошто бројот на случаи расте?

Во последните 30 години се бележи значителен пораст на малигните заболувања ширум светот. Најновите анализи покажуваат дека бројот на заболени лица помлади од 50 години е зголемен за речиси 80%.

Во нашата земја, според десетгодишните податоци (2012–2021), се регистрираат околу 6.900 нови случаи годишно, односно 333 случаи на 100.000 жители.

Кои се можните причини за порастот?

🔹 Стареење на популацијата
🔹 Нездрава исхрана и дебелина
🔹 Намалена физичка активност
🔹 Пушење и алкохол
🔹 Загадување на животната средина
🔹 Хроничен стрес
🔹 Подобра и порано откривање благодарение на современа дијагностика

Иако генетиката игра улога, животниот стил има значајно влијание врз ризикот од развој на одредени типови карцином.

Што можеме да направиме?

✅ Редовни превентивни прегледи
✅ Контрола на крвни параметри
✅ Здрав начин на исхрана
✅ Физичка активност
✅ Прекин на пушење
✅ Рано реагирање при симптоми

Раното откривање значително ги зголемува шансите за успешно лекување.

Грижата за здравјето започнува со навремена проверка.

За повеќе информации посетете нѐ или контактирајте нѐ:
📍Кеј 8ми ноември, Струга
📞 +389 46 782 900
📩menmakmedika@yahoo.com
⭕️fb: Пзу„Менмак Медика“-Струга
⭕️Instagram: pzu_menmak_medika

🦴 Карцином на коскено ткивоКарциномите на коскеното ткиво се делат на:🔹 Примарни – потекнуваат директно од коската (можа...
04/03/2026

🦴 Карцином на коскено ткиво

Карциномите на коскеното ткиво се делат на:
🔹 Примарни – потекнуваат директно од коската (можат да бидат бенигни или малигни)
🔹 Секундарни (метастатски) – се јавуваат кога карцином од друг орган (најчесто бели дробови, дојка, бубрег или простата) се проширува во коските

⚠️ Фактори на ризик:
▪️ Генетска предиспозиција
▪️ Претходна радиотерапија
▪️ Одредени генетски нарушувања
▪️ Одредени типови се почести кај деца и млади

❗ Симптоми:
▪️ Постојана болка во коските (често поизразена ноќе)
▪️ Оток на зафатеното место
▪️ Ограничена подвижност
▪️ Некои бенигни тумори може да немаат симптоми и да се откријат случајно

🏥 Третман:

Третманот зависи од типот и стадиумот на туморот и може да вклучува:
✔️ Хемотерапија
✔️ Радиотерапија
✔️ Хируршко отстранување
✔️ Комбиниран пристап

🔎 Раното препознавање на симптомите и навремената консултација со лекар се од клучно значење.

а повеќе информации посетете нѐ или контактирајте нѐ:
📍Кеј 8ми ноември, Струга
📞 +389 46 782 900
📩menmakmedika@yahoo.com
⭕️fb: Пзу„Менмак Медика“-Струга
⭕️Instagram: pzu_menmak_medika

👶 Гасови кај бебињата – нормална појава или причина за грижа?Гасовите кај бебињата се многу честа и нормална појава. Сеп...
03/03/2026

👶 Гасови кај бебињата – нормална појава или причина за грижа?

Гасовите кај бебињата се многу честа и нормална појава. Сепак, важно е родителите да ги препознаат симптомите и да знаат кога е потребна консултација со лекар.

🔹 Зошто се појавуваат?
▪️ Бебињата голтаат воздух додека плачат или се хранат
▪️ Почесто се јавуваат кај бебиња кои се хранат со шише, но ги има и кај доените бебиња

🔹 Како да препознаете гасови?
▪️ Бебето ги крева нозете кон стомакот
▪️ Се грчи и покажува непријатност
▪️ Се смирува откако ќе испушти гасови

🔹 Како да му помогнете?
✔️ Редовно подригнување после хранење
✔️ Правилна положба при хранење
✔️ Нежна масажа на стомачето
✔️ Движење со нозете како „возење велосипед“
✔️ Топла бања

⚠️ Кога да се јавите кај лекар?
Ако бебето:
▪️ често плаче и не се смирува
▪️ има осип, дијареа, повраќање
▪️ има крв во столицата

Овие симптоми може да укажуваат на алергија или друга состојба што бара медицинска проценка.

📍 За дополнителни информации и совет, обратете се во ПЗУ „МЕНМАК МЕДИКА“ – Струга
📍Кеј 8ми ноември, Струга
📞 +389 46 782 900
📩menmakmedika@yahoo.com
⭕️fb: Пзу„Менмак Медика“-Струга
⭕️Instagram: pzu_menmak_medika

🥤 Пијалоци што можат да го зголемат холестеролот и да го оптоварат црниот дробКога зборуваме за здравјето на црниот дроб...
02/03/2026

🥤 Пијалоци што можат да го зголемат холестеролот и да го оптоварат црниот дроб

Кога зборуваме за здравјето на црниот дроб, најчесто мислиме на храната. Но, и пијалоците што ги консумираме секојдневно можат сериозно да влијаат врз нивото на холестерол и функцијата на црниот дроб.

Редовната и прекумерна употреба може со тек на време да доведе до:
▪️ покачени триглицериди
▪️ зголемен „лош“ холестерол (LDL)
▪️ замастен црн дроб
▪️ нарушен липиден статус

⚠️ Пијалоци на кои треба да внимавате:

🔸 Засладени газирани пијалоци
Содржат високи количини шеќер и немаат хранлива вредност. Го зголемуваат ризикот од дислипидемија и замастен црн дроб.

🔸 Алкохол
Прекумерната консумација директно ги оштетува клетките на црниот дроб и може да предизвика долгорочни последици – дури и без изразени симптоми.

🔸 Енергетски пијалоци
Комбинацијата од шеќер, кофеин и адитиви може да влијае врз ензимите на црниот дроб и да го наруши балансот на холестеролот.

🔬 Доколку сакате да го проверите вашиот липиден статус и функцијата на црниот дроб, направете навремена лабораториска контрола.

За повеќе информации посетете нѐ или контактирајте нѐ:
📍Кеј 8ми ноември, Струга
📞 +389 46 782 900
📩menmakmedika@yahoo.com
⭕️fb: Пзу„Менмак Медика“-Струга
⭕️Instagram: pzu_menmak_medika

🕒📢 Работно време за периодот  02.03.2026-08.03.2026🔬 ПЗУ „МЕНМАК МЕДИКА“ – Струга📍 Биохемиска лабораторија:🗓️ Понеделник...
01/03/2026

🕒📢 Работно време за периодот 02.03.2026-08.03.2026

🔬 ПЗУ „МЕНМАК МЕДИКА“ – Струга
📍 Биохемиска лабораторија:
🗓️ Понеделник-Петок
🕘 08:00 – 16:00

📍 Ординација по општа медицина:
🗓️Понеделник - Петок
🕘 08:00 – 16:00
🗓️Сабота
🕘 неработен ден

ℹ️ За дополнителни информации и закажување:
📍 Адреса: Кеј 8ми Ноември, Струга
📞 Телефон: +389 46 782 900
📩 Е-пошта: menmakmedika@yahoo.com
🔵 Facebook: ПЗУ „Менмак Медика“ – Струга
🔵 Instagram:

#менмакмедика #работновреме #Струга #здравствениуслуги #лабораторија #општамедицина #здравје

Address

KEJ 8 NOEMVRI
Struga
6330

Telephone

+38946782900

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Менмак Медика posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Менмак Медика:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram