26/09/2025
🩸🅾️🅱️🅰️🆎️🩸
Не треба да си богат, ниту моќен за да бидеш херој. Доволно е да одвоиш малку време, да седнеш на столчето за дарување и да покажеш дека во твоето срце има место за добрина. Тоа е гест што не бара многу, а вреди бескрајно.
Дарувај крв – бидејќи секоја капка е надеж, секоја капка е живот.
🩸Повик за голема крводарителска акција🩸
🕊️Во чест и сеќавање на нашиот колега Глигор Новачевски-Гиго, кој својот живот го посвети на хуманоста и беше долгогодишен организатор на крводарителски акции во Црвен крст на Република Северна Македонија. Гиго три децении беше дел од Црвен крст на РСМ , тој ја живееше хуманоста. Крводарителството за него беше мисија, тој не броеше само дарители и крвни единици, туку броеше спасени животи. Да продолжиме по патот на Гиго.
➡️Да продолжиме таму каде што тој застана.
➡️Да даруваме крв и спасиме живот.
➡️Да ја зачуваме хуманоста како вредност што тој ја негувал
📍Локација: СОУУД.,, Димитар Влахов” - Спортска сала
📅Датум: 08.10.2025
⏰Време: 11:00 - 17:00 часот
✊🏻Секој дарувач е херој-а секоја дарувана единица крв може да спаси три животи.
📣Ве повикуваме во што поголем број да се приклучите на оваа наша граѓанска крводарителска акција и да ја оддадеме оваа голема почит кон човекот кој нѐ научи на хуманост.
🙏🏻Ви благодариме однапред за Вашата поддршка и хуманост.