Психолошки центар ЛТЕА - Логотерапија и егзистенцијална анализа

  • Home
  • Macedonia
  • Strumica
  • Психолошки центар ЛТЕА - Логотерапија и егзистенцијална анализа

Психолошки центар ЛТЕА - Логотерапија и егзистенцијална анализа Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Психолошки центар ЛТЕА - Логотерапија и егзистенцијална анализа, Psychotherapist, Strumica.

- Логотерапија и Егзистенцијална анализа
- Индивидуална, партнерска и брачна психотерапија;
- Психолошко советување;
- Психодијагностика;
- Невропсиходијагностика; ВАШЕТО ментално здравје пред вас !!!

На оваа страница ќе имате можност да се запознаете со интересни теми од областа на психологијата, и секако да се охрабрите и закажете психолошко/невропсихолошко тестирање или пак индивидуално или партнерско советување.

Не споделувај сè. Не мора сите да знаат.Купуваш стан?Задржи за себе.Купуваш нов автомобил?Задржи за себе.Среќен си и сè ...
29/04/2026

Не споделувај сè. Не мора сите да знаат.

Купуваш стан?
Задржи за себе.

Купуваш нов автомобил?
Задржи за себе.

Среќен си и сè ти оди од рака?
Задржи за себе.

Ги остваруваш соништата?
Задржи за себе.

Имаш проблеми во бракот?
Задржи за себе.

Си дознал нешто „тајно“?
Задржи за себе.

Само сакаш да бидеш мирен и среќен?
Задржи за себе.

Вистината е едноставна: многу соништа пропаѓаат затоа што прерано ги откриваме на погрешни луѓе. Пребрзо веруваме. Пребрзо се отвораме. Ги даваме нашите радости, планови и слабости на луѓе што не знаат да ги носат.

Не е секоја насмевка искрена.
Не е секое „браво“ добронамерно.
И не е секој што е до тебе – навистина со тебе.
Времето ги открива вистинските. Најчесто – кога е најтешко.

Во животот ќе сретнеш луѓе со мед на усните и отров на јазикот. Ќе бидат тука кога им требаш, а ќе исчезнат кога тебе ти требаат.

Затоа, ако сакаш мир – бирај кому зборуваш.
Ако сакаш напредок – бирај кому веруваш.
Ако сакаш среќа – не споделувај сè.

Повеќето ќе ти посакаат добро.
Но ретко кој – подобро од себе.

И тоа е суштината:
не ти се сите пријатели што те слушаат.
Некои само чекаат да те видат како паѓаш.

(Непознат автор)

23/04/2026

Нашиот соработник, психолог и логотерапевт под супервизија Горан Гогов, ќе учествува на Првиот српски логотераписки конгрес, кој ќе се одржи на 25 април 2026 година во Белград, во организација на Српското здружение за логотерапија "Логосвизија".

Конгресот е посветен на современата примена на логотерапијата на Виктор Франкл, со посебен акцент на смислата како темел на менталното здравје. На настанот ќе учествуваат истакнати домашни и меѓународни експерти од областа на психологијата и психотерапијата.

Во рамките на програмата, Горан Гогов ќе земе активно учество преку организираните секции со тема:
„Активација на пркосот на духот како клуч на менталното здравје“, каде ќе се обработува значењето на внатрешната слобода, ставот кон страдањето и човековата способност да избере однос кон животните околности.
Ова учество претставува важен придонес во афирмацијата на логотерапијата и нејзината практична примена во регионот, како и поттик за понатамошна соработка и развој.

https://mojastrumica.com/psiholoski-kongres-srbija/

🌍 Дали знаевте дека денес е Ден на планетата Земја?​Често велиме „некој друг ќе го реши тоа“, но вистината е дека најдоб...
22/04/2026

🌍 Дали знаевте дека денес е Ден на планетата Земја?

​Често велиме „некој друг ќе го реши тоа“, но вистината е дека најдоброто време за акција е токму овој момент. 🛑

Односот кон природата е одраз на нашиот внатрешен свет. Колку повеќе ја негуваме свеста, одговорноста и почитта во себе, толку повеќе ќе ја штитиме и средината во која живееме. Грижата за планетата започнува од грижата за човекот и од малите одлуки што ги носиме секој ден.

Ајде денес да ветиме една мала промена! ✨️

Смислата не е нешто што се наоѓа еднаш и засекогаш, туку нешто што се открива во секој нов ден, во секоја одлука и во се...
20/04/2026

Смислата не е нешто што се наоѓа еднаш и засекогаш, туку нешто што се открива во секој нов ден, во секоја одлука и во секоја тешкотија. Човекот не е суштество кое само реагира на животот, туку суштество кое му дава значење.

Кога ќе се соочиме со страдање, неизвесност или губење, не се прашува само што ни се случува, туку што тоа значи за нас и како ние ќе одговориме на него. Токму во тој одговор се раѓа слободата.

Животот не бара од нас да бидеме совршени, туку да бидеме свесни и одговорни за смислата што ја избираме во секој момент.

Во длабочината на Христовото Воскресение не се открива само верата како религиозен чин, туку и најсуштинскиот психолошки...
12/04/2026

Во длабочината на Христовото Воскресение не се открива само верата како религиозен чин, туку и најсуштинскиот психолошки одговор на човековата болка, страв и кревкост. Овој празник ја осветлува внатрешната сила што Viktor Frankl ја нарече „пркосна моќ на духот“ – способноста на човекот да избере став, да пронајде смисла и да се издигне над сè што го ограничува.

Воскресението не ја негира реалноста на страдањето, туку ѝ дава ново значење. Тоа нè учи дека дури и кога се соочуваме со загуба, неизвесност или внатрешна празнина, постои можност за преобразба. Смислата не исчезнува во темнината – таа токму таму се раѓа, како тивка, но непоколеблива светлина.

Во современиот свет, каде чувството на егзистенцијален вакуум станува сè поприсутно, Воскресението нуди длабок одговор: човекот не е оставен на бесмисла. Тој е повикан да одговори – со избор, со одговорност и со љубов. Токму во тие избори се гради психолошката отпорност и внатрешната стабилност.

Верата не ја отстранува болката, туку ја преобразува во пат кон раст. Таа создава простор во кој човекот може да страда без да се распадне, да се соочи без да се изгуби и да љуби без да се плаши. Во таа длабочина се раѓа вистинската сила – тивка, но непобедлива.

Од перспектива на психологијата, Воскресението е потсетник дека секој крај може да биде почеток. Дека по секој внатрешен „пад“ постои можност за обновување. Дека човекот, и покрај сè, носи во себе потенцијал за повторно издигнување.

✨ Ова е нашата порака како психолошки центар:
Да не бегаме од болката, туку да ја разбереме.
Да не се плашиме од празнината, туку да ја исполнеме со смисла.
Да не се откажуваме од себе – дури ни тогаш кога е најтешко.

Нека овој ден биде потсетник дека светлината не доаѓа само по темнината – таа се раѓа во неа.

Христос Воскресе! Навистина воскресе!

Традициите се многу повеќе од востановени обичаи или формални ритуали; тие се моќен мост помеѓу нашето минато, сегашност...
09/04/2026

Традициите се многу повеќе од востановени обичаи или формални ритуали; тие се моќен мост помеѓу нашето минато, сегашност и иднина, дејствувајќи како суштински механизам кој му дава структура и кохерентност на човековото живеење. Во свет кој постојано се менува, тие нудат чувство на предвидливост и внатрешна сигурност, делувајќи како „невидливи правила“ кои ги обликуваат нашите морални норми и вредности.

Преку нив, ние не само што пренесуваме културно наследство, туку го градиме и својот најдлабок идентитет. Тие се просторот каде што поединецот ја открива својата припадност, трансцендирајќи го сопственото „јас“ за да стане дел од нешто поголемо – семејството, заедницата и заедничката човечка судбина.

Кога семејствата се собираат околу заедничка трпеза, тие не споделуваат само храна, туку создаваат свет простор на присутност. Во тие моменти на автентично споделување, осаменоста отстапува пред силата на поврзаноста. Традициите нè закотвуваат во сегашниот миг, потсетувајќи нè дека животот има свој ритам и дека секој ритуал е потврда на нашата волја за заедништво.

Тие се особено драгоцени во комплексните животни периоди, кога ни служат како емоционален штит и духовен потпирач. Нè враќаат кон топлината на детството, но и нè насочуваат кон одговорноста што ја имаме пред идните генерации.

Традицијата не е само чување на пепелта, туку пренесување на пламенот – таа е активен чин на создавање смисла во секојдневието, претворајќи ги обичните моменти во вечни сеќавања кои му даваат вредност на нашето постоење.

СВЕТСКИ ДЕН НА СВЕСНОСТ ЗА АУТИЗМОТСИТЕ НИЕ СМЕ ЕДНАКВИ И ЗАСЛУЖУВАМЕ МЕСТО ПОД ОВАА НЕБО И СОНЦЕ!  #аутизам  #свест  #е...
02/04/2026

СВЕТСКИ ДЕН НА СВЕСНОСТ ЗА АУТИЗМОТ

СИТЕ НИЕ СМЕ ЕДНАКВИ И ЗАСЛУЖУВАМЕ МЕСТО ПОД ОВАА НЕБО И СОНЦЕ!

#аутизам #свест #еднаквост #право #заштита #љубов #небо #сонце #радост #психолошкосоветувалиште #психологија

Во ред е ако куќата не е совршено средена.Во ред е ако играчките се расфрлани по подот и ако садовите во мијалникот поче...
27/03/2026

Во ред е ако куќата не е совршено средена.
Во ред е ако играчките се расфрлани по подот и ако садовите во мијалникот почекаат уште малку додека вие седите на тепихот и градите кули од коцки.
​Можеби домот нема да изгледа како од списание, но спомените што ги градите во тој „хаос“ се она што децата ќе го носат во срцето засекогаш.
​Тие не ги паметат чистите прозорци или испегланите алишта. Тие го паметат вашиот глас додека им читате приказна, вашата рака што ги држи додека се плашат и вашето „тука сум“ кога светот им изгледа преголем.
​Времето е единствената работа што не можеме да ја вратиме.
Работите можат да почекаат, работата ќе биде таму и утре, но детството нема да ве чека. Тоа се случува токму сега, во овој миг.
​Бидете присутни. Бидете таму за нивните мали победи и големи солзи. Затоа што еден ден, кога куќата конечно ќе биде тивка и сè ќе биде на свое место, најмногу ќе ви недостига токму тој „неред“ што го правеле нивните мали раце.

​(Непознат автор)

27/03/2026

👉25.04.2026. Beograd.
👉Pozivamo vas na Prvi srpski logoterapijski kongres.
Srbija dobija svoj prvi kongres posvećen ulozi logoterapije u očuvanju i poboljšanju mentalnog zdravlja. Kongres je otvoren za sve koji žele da upoznaju logoterapiju kao psihoterapijski modalitet i da unaprede mentalno zdravlje u našem društvu.
👉Organizator: Logosvizija- srpska asocijacija za logoterapiju.
👉Pod nazivom:"Logoterapija Viktora Frankla danas-Smisao kao temelj mentalnog zdravlja" kongres okuplja vodeće svetske i domaće logoterapeute i istsknute stručnjake.
👉Inostrani gosti i učesnici:
1. Alexnder Batthyany, logoterapeut, predsednik VFI.
2. Svetlana Štukareva, logoterapeut, počasni član VFI.
3. Alex Vesely, logoterapeut, unuk Viktora Frankla.
Uskoro ćemo plasirati više nformacija i program kongresa.
👉Mesto: Beograd. Institut za eksperimentalnu fonetiku i patologiju govora.





Роденденот на „Пророкот на смислата“ – Виктор Емил Франкл​На денешен ден е роден човекот кој докажа дека човечкиот дух е...
26/03/2026

Роденденот на „Пророкот на смислата“ – Виктор Емил Франкл

​На денешен ден е роден човекот кој докажа дека човечкиот дух е нескршлив. Австриски невролог, психијатар и филозоф, Виктор Франкл не само што ја преживеа голготата на четири нацистички концентрациони логори, туку од тоа незамисливо страдање ја извлече најубавата лекција за човештвото: Животот има смисла во секој миг, до последен здив.

Логотерапија - Третото виенско училиште по психотерапија

​Основач на логотерапијата (од грчкиот збор logos – смисла), Франкл веруваше дека основната движечка сила на човекот не е задоволството или моќта, туку волјата за смисла. Тој нè потсети дека не сме само биолошки суштества, туку поседуваме ноетичка (духовна) димензија која ни овозможува да се издигнеме над нашите околности.

​„Ако животот воопшто има смисла, тогаш и страдањето има смисла. Страдањето е дел од животот, исто како судбината и смртта. Страдањето и смртта му даваат целина на постоењето.“

Духот кој ги освојуваше врвовите

​Франкл не беше само теоретичар, тој ја живееше својата филозофија. Неговата љубов кон планинарењето, со која активно се занимаваше до својата 80 година, беше симбол за неговото верување дека техниката и духот можат да го компензираат стареењето на телото. Гордо ги носеше своите докторски титули, но подеднакво се гордееше и со трите алпинистички патеки на Алпите кои го носат неговото име.

​Во свет полн со неизвесност, зборовите на Франкл од неговото ремек-дело „Кажете му ДА на животот“ се поактуелни од кога било. Тој нè учи дека не е важно што очекуваме ние од животот, туку што очекува животот од нас.

​Денес, во чест на неговиот роденден, запрашајте се: Која е мојата смисла денес? Кому му е потребна мојата љубов, мојот труд или мојот пркос кон тешкотиите?

​Среќен роденден на вечниот учител по смисла! 🕯️🏛️

👌👇
20/03/2026

👌👇

👉25.04.2026. Beograd.
👉Pozivamo vas na Prvi srpski logoterapijski kongres.
Srbija dobija svoj prvi kongres posvećen ulozi logoterapije u očuvanju i poboljšanju mentalnog zdravlja. Kongres je otvoren za sve koji žele da upoznaju logoterapiju kao psihoterapijski modalitet i da unaprede mentalno zdravlje u našem društvu.
👉Organizator: Logosvizija- srpska asocijacija za logoterapiju.
👉Pod nazivom:"Logoterapija Viktora Frankla danas-Smisao kao temelj mentalnog zdravlja" kongres okuplja vodeće svetske i domaće logoterapeute i istsknute stručnjake.
👉Inostrani gosti i učesnici:
1. Alexander Batthyany, logoterapeut, predsednik VFI.
2. Svetlana Štukareva, logoterapeut, počasni član VFI.
3. Alex Vesely, logoterapeut, unuk Viktora Frankla.
Uskoro ćemo plasirati više nformacija i program kongresa.
👉Mesto: Beograd. Institut za eksperimentalnu fonetiku i patologiju govora.




Пролетта како одговор​Зимата во шумата беше долга и неподвижна. Стариот Даб стоеше соголен, а под неговите корени, во ла...
20/03/2026

Пролетта како одговор

​Зимата во шумата беше долга и неподвижна. Стариот Даб стоеше соголен, а под неговите корени, во ладната земја, спиеше едно мало Семе.

​„Кога ќе дојде светлината за да станам тоа што треба да бидам?“ – прашуваше Семето во темнината.

​Стариот Даб му шепна: „Светлината не доаѓа за да те спаси од темнината. Таа доаѓа за да го поздрави она што веќе пораснало во тебе додека беше темно. Зимата не е пауза од животот, туку време кога ја пронаоѓаш својата внатрешна сила.“

​„Но, јас само чекам!“ – воздивна Семето. „Сакам бои, сакам смисла.“

​„Чекањето не е празно,“ одговори Дабот. „Твојата смисла сега не е да цветаш, туку да веруваш во цветот што го носиш во себе.“

​Едно сиво утро, на гранката слета изморена птица. Таа молчеше. „Ќе запеам кога ќе видам зеленило,“ рече таа тажно. „Нема смисла да пеам во волку сивило.“

​Тогаш Семето, поттикнато од зборовите на Дабот, одлучи да даде свој одговор на тишината. Со последната сила, проби едно ситно, зелено никулче низ калта. Тоа не чекаше сонце — тоа стана сонце за себе.

​Птицата го виде тоа мало парче живот и нешто во неа се прекрши. Сфати дека пролетта не се чека, туку се создава. Таа ги рашири крилјата и ја отпеа најубавата песна, не затоа што беше топло, туку за да ја стопли шумата со својот глас.

​Лекцијата на шумата е едноставна: Пролетта не е отсуство на зима. Таа е храброста да бидеш жив и да создаваш смисла дури и кога сè околу тебе сè уште спие. 🌱✨

Address

Strumica
2400

Opening Hours

Monday 12:00 - 17:00
Tuesday 12:00 - 17:00
Wednesday 12:00 - 17:00
Thursday 12:00 - 17:00
Friday 12:00 - 17:00

Telephone

+38977610123

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Психолошки центар ЛТЕА - Логотерапија и егзистенцијална анализа posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Психолошки центар ЛТЕА - Логотерапија и егзистенцијална анализа:

Share