31/07/2025
15 години..
Не се многу, но не се ни малку.
15 години исполнети со надеж, извесност, неизвеснот, страв, грижа, сочувство, емпатија, радост, среќа, тага, средби, разделби…….
Од денешна гледна точка, сите овие емоции се спојуваат во едно обединето чувство-БЛАГОДАРНОСТ!
Благодарност затоа што токму тие искуства нѐ изградија.Благодарност бидејќи преку нив растеме и стануваме подобри, за себе, за вас, за сите околу нас!
Благодарност до нашиот тим- срцето на оваа приказна-кој е секогаш тука да ви каже убав збор , да ви подари, но и да украде ваша насмевка на која секогаш многу се радуваме!
Благодарност до вас- нашите клиенти- кои не нѐ одминувате и ни давате љубов секој ден!
Ние сме тука ЗА ВАС и ПОРАДИ ВАС!
Нека ни се множат годините во здравје, среќа и убавина!
Од срце - БЛАГОДАРИМЕ!
Ваша Велнес Аптека!