PZU Kalina

PZU Kalina Интерна медицина, кардиологија, ултразвучна дијагностика. Specijalisticka ordinacija po interna medicina

Во чекор со најновите медицински сознанијаЧестит 8 Март
08/03/2025

Во чекор со најновите медицински сознанија
Честит 8 Март

31/12/2024
ПЗУ Калина Ви посакува Среќни Новогодишни и Божиќни празници со желба за многу здравје, љубов, бериќет во Новата 2024 го...
30/12/2023

ПЗУ Калина Ви посакува Среќни Новогодишни и Божиќни празници со желба за многу здравје, љубов, бериќет во Новата 2024 година!

19/06/2023

ТРАНСКРАНИЈАЛЕН ДОПЛЕР “ТЕСТ СО МЕУРЧИЊА“ ( BUBBLE TEST) или PFO ТЕСТ
PFO (patent foramen ovale) e отвор во срцето, помеѓу десната и левата преткомора кој се затвара после раѓањето . Сепак кај некои луѓе тој останува отворен и тогаш зборуваме за PFО. PFO е чест, некаде околу 25-30% од луѓето имаат PFO. Најчесто не предизвикува никакви поблеми, но сепак понекогаш може да биде причина за мозочен удар осбено кај млади лица кога микротромби од венската циркулација поминуваат преку PFO во артериската цикулација. PFO може да биде и провоцирачки фактор кај интензивни и чести мигренозни главоболки, особено кај мигрени со “aura”.
Транскранијален доплер PFO тест или “bubble test” е специјален тест за утврдување на PFO . Тестот се состои од венско инјектирање на физиолошки раствор кој содржи микромеурчиња од воздухот. За време на тестот се врши снимање на протокот низ главната мозочна артерија со помош на доплер. Доколку постои абнормална комуникација меѓу артериската и венската циркулација микромеурчињата се детектираат на доплерскиот запис.
Тестот е безбеден , краткотраен и не бара претходна подготовка.
Тестот се препорачува кај млади лица (под 60 години) кои доживееле мозочен удар а кај кои не се утврдени вообичаените причини за мозочен удар како што се стеснување на главните артерии на мозокот или срцева аритмија, и кај лица со тешки мигрени со ”aura”.
Доколку тестот е позитивен се прават дополнителни иследувања (трансезофагеална ехокардиографија) кои ја утврдуваат точната локација и големина на отворот и според тоа се планира понатамошното лекување (медикаментозно, интервентно или хируршки).
Тестот е достапен во ПЗУ Калина.

Активно...На Првиот Македонски Конгрес по Интерна Медицина
29/05/2022

Активно...
На Првиот Македонски Конгрес по Интерна Медицина

“Speckle- tracking “  ехокардиографијата е нова напредна неинвазивна метода за мерење на регионалата и глобална деформац...
29/05/2022

“Speckle- tracking “ ехокардиографијата е нова напредна неинвазивна метода за мерење на регионалата и глобална деформација на срцевиот мускул.
Овој метод е корисен за откривање на рани, суптилни промени вo срцевата функција ,односно промени кои укажуваат на слабеење на срцевата функција и покрај тоа што ежекционата фракција (ЕФ) е нормална. Ова е посебно значајно кај пациенти кои примаат кардиотоксични лекови, како хемотерапија за време на антиканцер третман, кај спортисти, за разликување на нормалната од патолошката хипертрофија на срцевиот мускул, за детална проценка на десната комора кај белодробната хипертензија и кардиомиопатиите, како и на левата предкомора , го одредува ризикот од развој на срцеви аритмии.
Ги открива суптилните фиброзни промени , нешто што може да се види само преку магнетната резонанца на срцето.
Користи напреден кардиолошки софтвер, а прегледот е идентичен како и при конвенционалната ехокардиографија.
Достапна во ПЗУ КАЛИНА.

Во Новата година Ви посакуваме многу среќа, љубов и пред се многу здравје!Среќни празници! 🍀🎄🎁🎇🎅Од тимот на ПЗУ Калина ❤...
31/12/2021

Во Новата година Ви посакуваме многу среќа, љубов и пред се многу здравје!
Среќни празници! 🍀🎄🎁🎇🎅
Од тимот на ПЗУ Калина ❤️

10 години 🎂 грижа за Вашето здравје!Во подновен амбиент со нов најсофистициран ехо апарат за уште попрецизна дијагностик...
20/09/2021

10 години 🎂 грижа за Вашето здравје!
Во подновен амбиент со нов најсофистициран ехо апарат за уште попрецизна дијагностика!
Се надеваме на уште многу јубилеи, во служба на Вашето здравје!
Ви благодариме на довербата ❤️

М У С К У Л О С К Е Л Е Т О Р Е Н   У Л Т Р А З В У К Мускулоскелеторниот ултразвук односно прегледот на мускули и зглоб...
19/02/2017

М У С К У Л О С К Е Л Е Т О Р Е Н У Л Т Р А З В У К

Мускулоскелеторниот ултразвук односно прегледот на мускули и зглобови со ултразвук е метода со која со помош на ултразвучни бранови, без никакво зрачење се гледаат мекоткивните структури кои не се видливи со обичната рентген метода која најчесто се користи и со која се гледаат само коскените структури и истата користи јонизирачко зрачење.
Се врши преглед на мускули, зглобни простори, лигаменти, тетиви, нерви, за утврдување на нивни повреди како истегнување, кинење, воспаленија, изливи во зглобот како резултат на повреди, воспаленија, промени во структурата на нервите, преглед на мекоткивни формации како тумори и цисти во мускулите и поткожниот слој, сето тоа е возможно со помош на ултразвук.
Мускулоскелеторниот ултразвук е нова метода која се повеќе се развива во светот, а истата ви е достапна во просториите на ПЗУ КАЛИНА.

Address

Ulica Dimitar Vlahov Br. 10 Strumica
Strumitsa
2400

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38934612342

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when PZU Kalina posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to PZU Kalina:

Share

Share on Facebook Share on Twitter Share on LinkedIn
Share on Pinterest Share on Reddit Share via Email
Share on WhatsApp Share on Instagram Share on Telegram

Category