06/04/2026
🧊 „Смрзнато рамо“ – кога едноставно не можеш да си ја кренеш раката како порано…
Ако некогаш си почувствувал/а болка во рамото што не поминува и со тек на време стануваш сè поограничен/а во движењата – можно е да се работи за синдром на „смрзнато рамо“ (frozen shoulder).
👉 Ова не е обична болка. Се развива постепено и може да трае со месеци, па дури и подолго. Најчесто почнува со болка (особено навечер 😣), а потоа рамото станува сè покруто – до степен да ти пречи во секојдневни работи како облекување, чешлање или подигање нешто.
🔹 Како оди процесот?
Болка – прво те „фаќа“ рамото
Вкочанување – движењата стануваат ограничени
Опоравување – полека се враќа функцијата
🔹 Зошто се случува? Може да се појави после повреда, операција, долг период без движење… а понекогаш и без јасна причина.
🔹 Што помага? ✔️ Лесни и контролирани вежби (не преку болка!)
✔️ Физикална терапија
✔️ Конзистентност и трпение – ова е клучно!
💡 Најважно: Не чекај да помине само од себе. Колку порано почнеш со правилен пристап, толку побрзо ќе се вратиш во нормално движење.