11/03/2026
Само мал дел од вчерашната пракса, снимено видео со телефон, најаматерски, без никакви претходни подготовки, без монтажа, "шминка" и слично, јас тотално неподготвена, а искрено во малку лоша здравствена состојба и болки во рацете од физички презамор. Но, кога го гледам видеово си велам " кога вака е добро, а баш тука не го нагласувам дишењето при секое движење и менување на положбата на телото, а камо ли кога многу убаво го нагласувам ( практикантките многу убаво тоа го знаат оти како гестапо сум кога е во прашање дишењето 😅😅),сега знам зошто практикантките на крајот од часот знаат да кажат "часот беше многу убав!". Но, тоа е и поради взаемната енергија, некако со времето успеавме да ги прилагодиме, да ги синхронизираме своите енергии едни со други и на крајот од часот сите излегуваме со крената енергија и висока вибрација!.
Намасте!🙏