08/03/2026
Среќен 8 Март на жената која ја знам. 🤍
Онаа која наутро станува прва, а легнува последна. 🌙
Која некако секогаш стигнува за сите, за сè, само на себе малку заборава.
Која на прашањето „Ти како си?" одговара со „Добро", а добро е само третина од вистината.
Која се смее пред сите, а навечер ни сама не знае зошто е толку уморна. 🥀
Која е и мајка, и ќерка, и сопруга, и пријателка, и колешка, и сестра - а себеси се нема на листата.
Нејзе ѝ честитам денес! ✨
Не затоа што е силна, туку затоа што и покрај сè, сè уште бара одговори, се надева и верува дека може подобро.
Тоа не е малку. Тоа е всушност суштината.
И ако само еден ден во годината треба да биде твој, нека биде денес. Но знај, заслужуваш да биде секој ден ТВОЈ. 🌸
Твоето тело те знае. Твоите потреби се вистински. И ти, онаа зад сите улоги, сè уште си доволно важна за да се ставиш на прво место. 🤍
Со љубов,
Д-р Марија