03/09/2018
На овој убав ден на првачињата им посакувам многу успех а на просветните работници им посакувам многу лесна и успешна работа. Првиот училишен ден е денот кога нашите деца го прават најважниот чекор во нивните животи. Од овој ден нашите првачиња ќе се соочуваат со нови предизвици кои ќе им помогнат да се искачуваат на скалилата на знаењето.Воедно во оваа прилика сакам да ја потсетам Владата на нејзините предизборни ветувања за зголемување на платите на нашите просветни работници. Учителската работа е една од најскапоцените професии која мора да биде високо ценета. За нашите животни и професионални успеси најзаслужни се нашите учители. Без нивните насоки и нивниот труд, никој од нас нема да биде тоа што е денес. Среќна и успешна учебна година!