01/29/2026
Дали страдате од мигрена? Не сте сами 💙
Ве покануваме на предавање со невролог, при кое ќе може да слушнеме повеќе за:
✨ типови на главоболки
✨ што е мигрената; симптоми и третман
✨ како да ги препознаеме тригерите
Воедно, краток осврт од психолошка перспектива за поврзаноста на мигрените со:
🌿 стресот и емоциите
🌿 практични алатки за секојдневно справување
Кога? 03.02.2026, Вторник, 19:00
Каде? Онлајн, со пријава во инбокс или на upliftmk@gmail.com
Предавач: д-р Лерка Пијанманова Каровска, невролог, специјалист со повеќе од 30 години искуство во полето
Психолошки аспект, модератор: м-р Јасмина Јонуз, психолог, докторанд по клиничка психологија
*Предавањето е наменето за општа популација