Ивадерм е маст изработена од природни состојки која помага при лечење на лесни и тешки воспаленија на кожата како и нега на истата по заздравуањето. Поради природниот состав нема штетни влијанија, како алергии, кои се јавуваат при примена на синтетички производи.
Ивадерм помага при лечење на изгореници добиени на било кој дел од телото, независно од тоа дали се само на површината на кожата, или пак се работи за изгореници од повисок степен. Доколку се употреби веднаш не останува никаква лузна.
Со долгогодишното производство и употреба на оваа маст, го постигнавме и докажавме нејзиното лековито дејство. Маста дејствува делотворно кај:
• Декубитуси
• Хемороиди
• Акни кај адолесценти
• Овозможува побрзо зараснување на постоперативни рани
• Успешно делува кај болни од карцином кои по зрачењето се соочуваат со воспаление на кожата
• Делува на рани што се појавуваат кај болни од дијабетес
Ивадерм го поттикнува и забрзува санирањето на кожата при проблеми со егземи, јадеж, црвенило, рапава и испукана кожа, габи и слично.
Корисна е за адолесценти кои имаат проблем со акни и мозолчиња. Ивадерм ги чисти лојните канали, спречува инфекција и осип, го намалува воспалителниот процес, ја подмладува и храни кожата, ја прави еластична и ја освежува.
Кај проблеми со хемороиди, маста успешно ги спречува воспалителните процеси, ја отстранува болката, јадежот и пецкањето, како и го запира крварењето.
Начин на употреба:
Маста се нанесува на и околу воспаленото место, 3 до 4 пати на ден. Доколку раната е поголема, за процесот да биде побезболен, маста најпрво се нанесува на стерилна газа, а потоа се става на раната.
Начин на чување:
Да се чува во оригиналното пакување, на студено место, заштитено од светлина.